29 годишната медицинска сестра од клиниката за Онкологија Амела Османовиќ е осудена на казна затвор од две години, затоа што од клиниката во три наврати, во три различни денови, изнела ампули меѓу кои и цитостатици наменети за пациентите со карцином, објави „Слободен печат“..
Османовиќ е осудена во отсуство. Како сопатничка таа излегла од земјава на граничниот премин Табановце уште пред да почнат судењата, па од тогаш, не им е достапна на органите на прогонот и нема почнато да ја издржува затворската казна.
На казната се жалело Обвинителството, но Апелација ја потврдила.
Случајот кој се водеше против 29-годишната медицинска сестра не е поврзан со големата истрага за злоупотреба на биолошката терапија на клиниката, а каде што Јавното обвинителство сомничи 5 лица меѓу кои и четворица доктори.