Сервер за Канал 5 : Не верувам дека ДУИ ќе наиде големо разбирање за своите барања кај ЕУ и САД - Канал 5

Сервер за Канал 5 : Не верувам дека ДУИ ќе наиде големо разбирање за своите барања кај ЕУ и САД

Легитимна е загриженоста на владата за уставни измени, без гаранции за евентуални бугарски блокади.

Сервер за Канал 5 : Не верувам дека ДУИ ќе наиде големо разбирање за своите барања кај ЕУ и САД

Сосема е легитимна загриженоста на владата за уставни измени, без гаранции дека Софија нема да блокира и во иднина, вели за Канал 5, угледниот американски професор Даниел Сервер од универзитетот Џонс Хопкинс и одичен познавач на состојбите на Балканот.

Во продолжение погледнете го разговорот на Јован Ѓорговски, американски професор Даниел Сервер .

YouTube video

Војната на Блискиот исток влезе во седмиот ден

Војната на Блискиот исток влезе во седмиот ден, без назнаки за мировно решение на повидок. Најмалку 90 луѓе се повредени во веројатно најжестоките ирански ракетни напади врз Израел.

Војната на Блискиот исток влезе во седмиот ден

Балистичка ракета ја погоди болницата „Сорока“ во градот Бершева, кој според израелскте власти нуди услуги за милион жители од југот на земјата. Повредени се 40-ина луѓе во и надвор од објектот, кој со часови беше во пламен. Техеран соопшти дека мета не била болницата, туку израелска воена база.

-Овој проектил, односно оние кои го лансираа не се грижат, тие би убиле секого се додека е во Израел. Тоа се оние кои што одлучија да го лансираат и кои се насочени кон нуклеарна програма за да го уништат ова место и кои шират хаос и терор во целиот свет. , изјави Исак Херцог, претседател на Израел.

Освен Бершева, ирански проектили погодија и цели во Тел Авив, северниот град Холон и градот Рамат Ган, каде беше погоден облакодер, а повредени беа десетици луѓе.

-Беше како цунами. Вратата од засолништето се отвори, кучето истрча надвор. Целото соседство и влезот од зградата беа полни со стакла. , жителка на Рамат Ган.

-Утрината ја чувме бомбата, сето го видов од прозорецот. Состојбата беше мрачна и тешка. Сите прозорци се скршија. , жител на Рамат Ган.

Израелската војска објави дека извршила напади врз Иранските нуклеарни постројки во Бушер, Исфахан и Натанц, а цел бил и нуклеарниот реактор во местото Арак.

Сега очите на светот се насочени кон Трамп, кој и натаму калкулира со изјавите за евентуала директна воена интервенција на САД во Иран, по се погласните шпекулации дека нападите веќе ги одобрил, но се чека финална одлука.

-20 години зборував, можеби и подолго дека Иран не смее да има нуклеарно оружје, долго го зборував тоа, а мислам дека тие беа на неколку недели да произведат едно. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Според организацијата „Активисти за човекови права“ во седумдневниот конфликт досега загинале над 500 Иранци и 25 мина Израелци.

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). 

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 отсто во споредба со претходната одлука.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 70 денари за литар исто како и на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1), ЕУРОСУПЕР БС - 95 и понатаму ќе се продава за 76, а ЕУРОСУПЕР БС - 98 за 78 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,149 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе чини 40,928 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек: за 3,305 отсто, кај дизелот за 8,111, кај екстра лесното масло за 7,554 и кај мазутот за 5,146 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,8039 отсто.

Беживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро

Беживотно тело попладнево околу 14 часот е пронајдено во водите на Охридското Езеро, пред плажа на Градскиот кеј во Охрид.

Беживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро

Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, кој истакна дека врз телото немало траги на насилство.

Местото е обезбедено и во тек е истрага која треба да ги утврди причините за трагичниот настан и околностите што довеле до него.

На лице место била повикана екипа на Службата за итна медицинска помош, која само констатирала смрт.

притисни ентер