Сервер за Канал 5 : Легитимна е загриженоста на владата за уставни измени, без гаранции за евен

Легитимна е загриженоста на владата за уставни измени, без гаранции за евентуални бугарски блокади. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

МОН: Средното училиште „Коле Нехтенин“ во Штип ќе се трансформира во Регионален центар

Средното училиште „Коле Нехтенин“ во Штип ќе се трансформира во Регионален центар за стручно образование и обука.

Општинското средно училиште „Коле Нехтенин“ во Штип ќе се трансформира во Регионален центар за стручно образование и обука, кој ќе биде под надлежност на државата. Ова ќе биде процес кој согласно Планот за раст, ќе треба да се заокружи во временска рамка од три години.

За ова информираше министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска при денешната посета на општина Штип, додавајќи дека станува збор за важна одлука во рамки на заложбите на Владата за унапредување на квалитетот на националниот образовен систем и негова синхронизација со пазарот на трудот.

„Следува дефинирање на струките што тука ќе се нудат за кадар кој е недоволен во моментов за потребите на индустријата во регионот. Ќе работиме на поврзување на ова училиште со бизнис заедницата и ќе направиме крупни инфраструктурни инвестиции за модернизација на условите за настава, за што се надевам дека ќе добиеме финансиска поддршка од Европската Унија, како што добивме и за претходно формираните регионални центри“, рече Јаневска.

Министерката посочи дека „Коле Нехтенин“ ќе биде шестиот регионален центар за стручно образование и обука кој се отвора во државата. Три се веќе интегрирани во образовниот систем и добро функционираат, додека два се во процес на трансформација. Предвидено е во секој од осумте плански региони да има ваква образовна установа која ќе овозможува и промовира стручно образование.

МОН.

Мицкоски и Муцунски на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта

Денеска заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски учествуваме на самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ) што се оддржува во Будимпешта, Унгарија, објави на фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. 

Европската политичка заедница е меѓувладин форум за политичка и стратешка дискусија за иднината на Европа. Основан е во 2022 година. Групата прв пат се состанува во октомври 2022 година во Прага со учесници од 44 држави, како и претставници од Европскиот совет и Европската комисија.

На самитот ќе имам и свое излагање на сесијата посветена на темата економска сигурност и меѓусебно поврзување, стои во објавата на Мицкоски.

Абутовиќ ја заврши репрезентативната кариера

Српскиот ракометар Илија Абутовиќ ја заврши репрезентативната кариера, соопшти Рaкометната федерација на Србија.

Во соопштението се наведува дека актуелниот член на Пелистер и поранешен ракометар на скопски Врадар, во кој помина 7 години, се простил од репрезентацијата на Србија пред почетокот на натпреварот од првото коло од квалификациите за ЕП 2026 против Летонија (38:25).

Абутовиќ има 36 години, а за српската репрезентација одигра 55 натпревари и постигна 22 гола.

притисни ентер