Сервер: Цел Балкан во НАТО до 2020 година

Американскиот аналитичар Даниел Сервер оцени дека до 2020 година сите земји од Балканот ќе станат членки на НАТО.

Сервер, кој силно ја поддржува независноста на Косово, истакна дека Србија во следните неколку години би можела да го смени ставот во врска со Алијансата, посебно ако Косово направи исчекор на овој пат.

- Србија сега не е подготвена за таков чекор, но сметам дека нема да поминат повеќе од неколку години пред да се урне ова табу, додаде Сервер.

Според него, Црна Гора и Македонија веќе ги исполниле условите за членство во НАТО, додека Косово штом ги формира своите безбедносни сили ќе сака што побрзо да влезе во Алијансата.

Сервер, кој предава на Универзитетот „Џон Хопкинс“, има слично мислење и за БиХ.

- Тоа ќе биде добар крај на приказната за војните, кои започнаа пред речиси 30 години, заклучи Сервер, предвидувајќи влез на регионот во НАТО на почетокот на следната деценија./МИА


притисни ентер