Серафимовска: Владата на Заев нема стратегија за заштита на здравјето на младите

Добивме ученици кои со право протестираат и збунети родители.

Почитувани родители и ученици,

Денес, 1 септември наместо со традиционалниот почеток на учебната година Македонија се соочува со хаотична и неизвесна состојба во образованието. Освен одложениот почеток од 1 октомври, ситуацијата бележи и средношколци на улиците, наместо во училишните клупи од една страна, и неинформирани родители и ученици од друга страна.

Владата на Заев нема стратегија за заштита на здравјето на младите и безбеден старт на учебната година, наместо старт на учебна година, добивме ученици кои со право протестираат и збунети родители

Се претворивме во држава на жолт печат каде информации за образованиот процес се добиваат од портали и социјални мрежи наместо по службен пат од училиштата.

Владата предводена од СДСМ веќе имаше неколку месечно искуство со настава во услови на криза, од која за жал ништо не научи и не извлече можни решенија.

Одложен е почетокот на школската година, само заради неорганизираност на старата Влада и училиштата раководени од нивни кадри. За скратена наставна програма веќе 6 месеци неуспешно се говори, а протоколите за учениците наместо навреме беа изработени со закаснување непосредно пред 1 септември.

Учениците од стручните училишта, сместувањето во училишните домови и превозот на учениците се исто така прашања кои сеуште висат во воздух...

ВМРО ДПМНЕ неколкупати до сега излезе во јавност со конструктивни предлози и решенија за предизвиците во образовниот процес. Овие предлози вклучуваа неколку модели на настава меѓу кои и комбинирана настава, како и можност различни општини да имаат различни опции согласно состојбите. Ваквите предлози во целост се поклопуваат со она што сега го бараат средношколците од улица!

Оваа Влада е должна да одговори зошто ги отфрли конструктивните предлози кои доаѓаа од опозицијата? Зошто во време на здравствена криза креира дополнителни кризи и во образованието?

Зошто нема план?

Владата да објави список кои чекори ќе ги преземе за подобрување на условите за учење.

Очигледно е.

Ова е Влада без јасна цел, недостаток на визија и со многу прашалници како понатаму, а цената за сите нејзини недостатоци за жал ќе ја плаќаат денешниве ученици и општеството во целина.

Христина Серафимовска, ВМРО-ДПМНЕ

„Волстрит Џурнал“: Кинески хакери упаднале во мрежи на американски интернет провајдери

Кинески хакери упаднале во супербрзите мрежи на американски интернет провајдери и собрале информации од системите што американската федерална влада ги користи за прислушување со судски одобренија, пренесе денеска „Волстрит Џурнал“.

Компаниите „Verizon Communications“, „AT&T“ и „Lumen Technologies“ се меѓу телекомуникациските фирми чии мрежи биле пробиени при неодамна откриениот хакерски напад, соопшти њујоршкиот весник, повикувајќи се на неименувани извори запознаени со ситуацијата.

Кинеското министерство за надворешни работи денеска се огласи по повод оваа вест, соопштувајќи дека не е запознаено со хакерскиот упад кој е опишан во извештајот.

Во соопштението се истакнува дека САД и во минатото „измислувале лажни наративи за да ја обвинат Кина“.

„Во време кога кибер безбедноста стана заеднички предизвик за сите земји во светот, ваквиот погрешен пристап на САД само ќе ги попречи напорите на меѓународната заедница да најде заедничко решение преку дијалог и соработка“, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.

Пекинг претходно ги негираше обвинувањата на американската влада и други субјекти дека користи хакери за упади во странски компјутерски системи. /МИА

Германски суд поднесе обвиненија против трoјца тинејџери поради планирање терористички напад

Суд во германската провинција Северна Рајна-Вестфалија поднесе обвиненија против тројца тинејџери за планирање на терористички напад, пренесува ДПА.

Осомничените, на возраст од 15 и 16 години, беа уапсени во април за време на велигденските празници. Тие планирале напад во согласност со целите на терористичката група „Исламска држава“.

Обвинителството тврди дека тинејџерите ги разменувале плановите преку апликацијата „Телеграм“ и разговарале за напади во цркви и полициски станици./МИА

Рекорден број мигранти го преминаа Ламанш за време на викендот

Рекорден број од 973 мигранти го преминаа Ламанш вчера за да стигнат нелегално до Велика Британија на импровизирани гумени чамци, додека истовремено четири лица загинаа на море, соопшти денеска британското Министерство за внатрешни работи.

Претходниот рекорд датира од јуни минатата година, кога беа регистрирани 882 премини. Со овие 973 мигранти, вкупната бројка за оваа година изнесува 26.612 лица кои пристигнале на британските брегови, најчесто од Франција.

Серијата бродоломи ја направија 2024 година најсмртоносна од 2018 година, кога започна овој феномен на прекуокеански преминувања.

Владата на Велика Британија под водство на лабуристичкиот лидер Киер Стармер вети дека ќе се справи со илегалната имиграција преку зголемување на депортациите и зајакнување на борбата против шверцерите.

Според британските власти, импровизираните чамци сега носат во просек по 52 патници, што е значителен пораст во споредба со 2020 година, кога просекот бил 13 лица.

Во периодот од јуни 2023 до јуни 2024 година, 18 отсто од пристигнатите мигранти биле од Авганистан, 13 отсто од Иран, а 10 отсто од Виетнам. /МИА

притисни ентер