Пред неколку дена тие упатија слично барање до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
За време на денешната прес-конференција во центарот на Киев, семејствата, кои имаат ограничен контакт со своите најблиски, велат дека времето им истекува на војниците кои имаат сè помалку медицински материјали и речиси немаат храна.
Тања Вичник, која последен пат го видела својот 21-годишен син Артем во февруари, вели дека се моли за чудо. „Таму е пекол, тие се во вистински пекол“, изјави Вичник за Си-Ен-Ен, со очи полни со солзи.
„Тие заслужуваат да излезат на површина на земјата и да видат сонце“, рече таа.
Павло Кириленко, шеф на воената управа на регионот Доњецк, претходно изјави дека продолжуваат тешките преговори за ослободување на војниците, од кои неколкумина се повредени, објави Си-Ен-Ен.