Седуммина превентивно уапсени поради протест пред Самитот Г7

Седум лица се уапсени откако беше откриено дека во две возила кои се движеле во близина на Самитот Г7 имало боја, чадни гранати и звучни бомби, соопшти полицијата.

Полициската служба во Девон и Корнвол потврди дека полицајците запиреле автомобил и комбе во близина на патот Логанс во Хејл, близу хотелот Карбис Беј.

Во пресрет на Самитот на седумте најразвиени економии во светот, како и во минатото, се одржуваат серија протести.

Активистите на „Оксфам" презентираа карикатури на „Големите глави" на американскиот претседател Џо Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон, како и на британскиот премиер Борис Џонсон додека се преправаат дека се борат за вакцината против Ковид-19 со други лидери на Г7, за време на протест на плажа близу Фалмут.

Стотици демонстранти облечени во детски костуми од Покемон се собраа на југозападот од Англија за да побараат од водечките светски лидери, вклучително и американскиот претседател Бајден и британскиот премиер Борис Џонсон, поангажирано да се занимаваат со решавање на климатските промени, гладот ​​и Ковид-19.

„Ние сакаме светските лидери да му дадат надеж на светот, што значи дека тие треба да престанат да се расправаат и да почнат да делат пари, вакцини и технологија за да го вакцинираат светот и да преговараат за историски договор за климата", рече Џејми Драмонд од групата „Крек оф д крајзис".

Полицијата ги затвори патиштата и крајбрежните патеки кон заливот Карбис, малото приморско одморалиште што е домаќин на настанот, поставувајќи челични огради и воспоставувајќи други ограничувања. Дополнителни 5.000 полицајци се подготвени за помош на околу 6.500 офицери и персонал, соопшти полицијата на Девон и Корнвол.

„Дан“: Црна Гора го отповика почесниот конзул Азески бидејќи работел против владата

Црна Гора го отповика почесниот конзул Бранко Азески. 

Според пишувањата на тамошните медиуми, Азески се обидел да ги омаловажи и да ги компромитира највисоките власти во Подгорица, презентирајќи свои лични забелешки и предвидувања во врска со работата на владата. Одлуката е донесена на предлог на министерот за надворешни Ѓорѓе Радуловиќ, а по последната седница на црногорската Влада решението е потпишано од премиерот Здравко Кривокапиќ. Во образложението на одлуката, како што наведува весникот Дан, Министерството за внатрешни работи дошло до сознанија дека Азески во контакти со угледни бизнисмени, при извршувањето на должноста почесен конзул, ја користел секоја можност да изрази сомнеж за угледот на Црна Гора и за кредибилитетот на нејзините тела.

Имајќи го тоа предвид, Министерството за надворешни работи смета дека наведените активности можат сериозно да го нарушат угледот на државата, и затоа нема основа за продолжување на неговата функција, по што предложи Бранко Азески да се отповика од должноста почесен конзул на Црна Гора во Штип,– Министерство за надворешни работи на Црна Гора.

Азески кој е актуелен претседател на Стопанската Комора на Македонија во писмена изјава до медиумите не ја коментира одлуката на Подгорица но се заблагодари на сите со кои соработувал а на Црна Гора и посака брз развој и просперитет.

-Голема благодарност до сите оние со кои соработував на оваа важна мисија за бизнисите на нашите две држави. На Црна гора ѝ посакувам брз развој и просперитет, а на компаниите поголем профит,- Бранко Азески – Претседател на Стопанска Комора.

Во земјава има околу 40 почесни конзули на странски држави. Освен сега отповиканиот Азески кој беше задолжен за штипскиот регион, почесен конзул на Црна Гора во земјава е и Милорад Андријашевиќ задолжен за регионот Битола.

Заев: Програмата за соработка со Швајцарија е израз на нејзината силна пријателска посветеност

„Програмата за соработка на Швајцарија со Македонија 2021–2024, и понатаму е израз на силната посветеност на оваа наша пријателска земја да ја продолжи поддршката на решавањето на преостанатите предизвици на нашата политичка определба.“

Ова го изјави премиерот Заев на денешната промоција на Програмата каде беа присутни и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Премиерот Заев изрази благодарност, во свое и во име на Владата, за грижата и приоритетите утврдени во Програма за соработка на Швајцарија со Македонија 2021–2024 година, кои како што рече „се особено релевантни за натамошниот развој на нашата земја и за благосостојбата на сите граѓани" и додаде дека посебна нагласка од главните области на Програмата имаат темите кои и Владата ги утврдила како приоритет за просперитетот на земјата со фокус на: борбата против корупција, понуди за миграција на сивата економија кон легалните економски текови, дигитализација и климатски промени.

„Финансиската поддршка од 65 милиони швајцарски франци за Програмата за соработка со Македонија 2021-2024 е креирана во тесна соработка на Швајцарската агенција за развој и соработка и Државниот секретаријат за економски прашања, со институциите од централната и локалната власт, со партнерите од граѓанското општество и приватниот сектор. Швајцарија има релевантно искуство и експертиза во сите овие области", подвлече премиерот Заев издвојувајќи неколку од придобивките од Швајцарската програма за соработка со Македонија, особено во областа на демократското управување како најдолготрајна.

„Благодарение на поддршката на Швајцарија, Собранието на Македонија ги зајакна капацитетите за работа, огромен број членови на општинските совети речиси во сите општини во земјата стекнаа знаења и вештини за подобро креирање на општинските буџети и за надгледување на буџетските трошења и, како особено важно, значително се зголеми довербата во граѓанските организации преку проектите за приближување на работата на овие организации до граѓаните. Благодарение на проектите поддржани со оваа програма ние денеска имаме поголема транспарентност и отчетност на институциите на централната и на локалната власт, неколку илјади работни места, како и пристап до квалитетна вода за над 100 илјади граѓани во неколку општини", заклучи премиерот со уверувањето за ефективен придонес во прифаќањето и имплементацијата на најдобрите практики за натамошен развој.

На промоцијата на Програмата за соработка на Швајцарија со Македонија 2021–2024, организирана од страна на Швајцарската амбасада во земјата, амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер Техада и заменик-амбасадорот, Лусиен Егетер, присуствуваа и заменик-претседателот на Собранието Горан Мисовски, директорката на Центарот за истражување и креирање на политики Марија Ристеска, претседателката на деловниот клуб Македонија - Швајцарија, Јасминка Талеска и претставници на важни партнерски институции и организации.

Владата утре со одлука за воведување еколошка такса и помало ДДВ за струјата

Владата утре на седница ќе носи одлука за еколошката такса, но и намалувањето на ДДВ-то на струјата од 18 на 5%. 

Новините предвидено е да стартуваат од 1 јули, но претходно ќе треба да го поминат и собранискиот филтер. Министерот за финансии Фатмир Бесими очекува се да оди според планот..

Во ниеден момент не реков дека се откажува, туку носи одлука утре. Не можам да зборувам во име на цела Влада,истакна Фатмир Бесими, министер за финансии

Иако стопанството и транспортерите бурно реагираа дека на овој начин ќе следат бран поскапувања и дополнително се оптоварува бизнисот во услови на тешка економска криза, тоа не да ја премисли Владата. Бесими уверува дека новата давачка нема да предизвика инфлација и ценовни шокови, а се надева деказа тоа ќе помогне и намалувањето на ДДВ то за струјата

-Ова е со цел да се помогне транзицијата, односно да се помогне на домаќинствата кога се прави либерализација на пазарот на електрична енергија. Домаќинствата ќе добијат олеснување во однос на цената на електричаната енергија преку намалување на делот на ДДВ, која е конректна мерка која директно влијае врз буџетот на домаќинствата.изјави Фатмир Бесими, министер за финансии.

Новата цена на струјата се очекува да се знае во наредните неколку дена, ДДВ-то на струјата предвидено е од 1 јули да се намали на 5%, но наредната година да се зголеми на 10, за од средината на 2023та да се врати на 18%. Со еколошката такса пак, која за 3,5 денари ќе ги поскапи сите горива веќе од јули, Владата планира да собера по околу 54 милиони евра годишно, пари кои, како што објаснуваат, ќе се користат за инвестиции во обвновливи извори на енергија.

притисни ентер