Седумдесет години од пренесувањето на останките на Никола Карев во Крушево

Денес, при секоја посета на споменичниот комплекс Илинден на Гумење, посебно при секој влез во Македониумот, првиот поглед е на гробот на претседателот на Републиката.

Со бавен и одмерен чекор, под ехото на тажните одѕвонувања на камбаните од крушевските цркви, меѓу долгиот и густ шпалир од повеќеилјаден народ, малиот саркофаг од големиот човек, на своите раце, наизменично го пренесувале, старите прекалени негови илинденски борци: Тоду Борјар, Крсте Гермов-Шакир, Петруш Карев... “

Таква била атмосферата во Крушево точно напладне на 1 август 1953 година кога се пренесувале посмртните останки на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев. На свечен и достоинствен начин биле пречекани во илинденско Крушево. Соборците на Карев го поставиле саркофагот на постамент во долното училиште (денес основното училиште во Крушево) каде времено и импровизиран се основал Историскиот музеј на Крушево. Посмртните останки стигнале ден пред прославата на 50-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република.

Ова се сеќавањата на постарите крушевчани и на, тогаш сѐ уште живи, илинденци, за навек забележани од крушевскиот истражувач и писател Кочо Топузовски.

Денес, при секоја посета на споменичниот комплекс Илинден на Гумење, посебно при секој влез во Македониумот, првиот поглед е на гробот на претседателот на Републиката.

Но, каде и како се пронајдени посмртните останки на Илинденецот и Претседателот на Крушевската Република и како стигнале до последното негово почивалиште?

Како и животот на Карев, така и одисејата на неговите посмртни останки имаат свое патешествие.

Никола Карев, родениот крушевчанец, првиот човек на Крушевската Република е убиен во борба со турскиот аскер во месноста Свиланово кај селото Рајчани, Кочанско, на 27 април 1905 година, кога се враќал со Илинденците во својата родна земја. Загинал, бил закопан и на тоа останало. Само се знаело дека бил закопан кај некоја колиба.

Пред одбележувањето на 50-годишнината од Илинденското востание е донесена одлука да се пронајдат посмртните останки на Карев и да се донесат во Крушево. Но, морало прво да се најде точно каде е закопан. Организираната група Илинденци во јули 1953-тата тргнала на пат во месноста Свиланово да ги најде и да ги пренесе останките. Со група студенти прво се копало и барало на Рајчанскиот рид, но безуспешно. Вториот ден потрагата завршила успешно, само поради дедо Мите, Илинденец од селото Бели, кој бил сведок на убиството на Никола Карев.

За ова е забележно од крушевчанецот Топузовски: „Помртните останки на Никола Карев биле сместени во херметички затворена лимена кутија, сместена во мал саркофаг изработен од ореово дрво со трапезоидна форма со плиток релјеф на мотиви од афион и тутун, со втиснат грб на НР Македонија и натпис: Никола Карев 1877-1905“.

Но, причината за ексхумацијата на посмртните останки на Никола Карев и нивното пренесување во Крушево, не била тие да се изложат во импровизиран музеј во простории на основно училиште.

Патешествието на останките на претседателот на Крушевската Република, пак, било, благо речено, чудно и долго 37 години.

Првичната одлука била да се изгради мавзолеј и таму трајно да се положат. Мавзолејот бил предвиден да се гради на „Црн Врв“’, во близина на Мечкин Камен. Дотогаш, саркофагот да биде во музејот на Илинденското востание кој бил во основање.

Но, од, официјално непознати причини, мавзолејот не се изградил иако веќе била направена и макета. Така, по сила на приликите, саркофагот со посмртните останки на Никола Карев со години останал музејски експонат.

Но тоа не била последната дестинација.

Во 1977 година почнала реконструкцијата на зградата на Музјеот во Крушево за да се подготви за одбележувањето на 75-годишнината од Илинденското востание. Иако се наложило саркофагот да не биде повеќе музејски експонат, туку останките на Карев да се положат и да им се најде соодветно место, сепак, ништо не се променило.

Вработените во Историски музеј Крушево се загрижиле за бебедноста и можното оштетување на саркофагот. Затоа, тие, далеку од очите на љубопитните граѓани, нечујо го пренесле саркофагот во помошната просторија под пристапниот мост на споменикот „Илинден“. Тоа била единствената најбезбедна просторија со која располагале. Просторијата, воедно била на чуварите на комплексот „Илинден“ на Гумење кои обезбедувале 24 часа. Останале заедно - чуварите и посмртните останки на претседателот на Крушевската Република. И така, повеќе од 10 години.

Вработените во Музејот во Крушево неколкупати го потегнувале прашањето за достоинствено, соодветно место за останките на Карев, но проблемот останал нерешен.

Таквата „статус-кво“ ситуација останала сѐ до 1989 година. Тогаш јавноста била фрапирана од своевиден скандал. Осамнале наднаслови и наслови во весникот „Нова Македонија: „Претседателот на Крушевската Република уште не е погребан“ и „Има ли парче земја во Македонија за Никола Карев?“ Авторот е Блаже Миневски кој почнал да истражува каде се погребани Илинденците.

Од ексхумацијата на останките до насловите во печатот поминале 36 години, во кои, останките на Никола Карев биле само експонат, а потоа и чувана тајна со нерешен статус.

Тоа ги покренало работите. Се формирала комисија, се барало решение.

-Но и покрај прокламираната итност во решавањето на овој проблем и засиленото полициско обезбедување, наредните месеци саркофагот сепак остана во помошната просторија при пристаниот мост на споменикот „Илинден“, се присетува истражувачот и писател, крушевќанецот Кочо Топузоски.

Во март 1990 година се формира Државна комисија. првата задача е да обезбеди увид во преземањето на посмртните останки на Никола Карев и нивно сместување во службен објект, до обезбедувањето технички подготовки во споменикот „Илинден“ на Гумење.

И, конечно работите се придвижиле на 7 март 1990 година. Тивко, далеку од очите на јавноста, Државната комисија го пренесува саркофагот во новата зграда на Музејот на НОВ на Гумење, во близина на споменикот „Илинден“. По неколку дена, на 11 април, со документирање на целиот настан, се отворени саркофагот и лимената кутија во која долги години, поточно од 1953 година, беа сместени посмртните останки на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев.

По документирањето, саркофагот, покриен со знамето на Крушевската Република, од музејот на НОБ, до куполата на споменикот „Илинден“, на 11 април 1990 година, ја поминал последната етапа од своето патешествие. Придружуван од чета младинци, облечени во комитска облека, саркофагот на свои раце го понесле членовите на посебната Државна комисија (комисијата била во состав: д-р Тито Беличанец, д-р Саво Климовски, Јован Трпеновски, Михајло Маневски и Васил Павлоски).

- 11 април 1990 година беше снежен пролетен ден. Постојано паѓаше на гумењските височини. Голем број граѓани, роднини на Никола Карев, државни претставници го исполнија просторот во куполата на споменикот „Илинден“ ( „Македониумот“). Тројца свештеници извршија помен. Роднините на Карев и младинците во комитска облека, според обичајот, го целивааа ковчегот, простувајќи се од својот предок и од водачот на крушевскиот слободарски Илинден од 1903 година, се присеќава крушевчаноцот Топузоски.

На крајот, посмртните останки на Никола Карев биле преместени во посебен бакарен сад кој бил положен во специјално направениот отвор во дебелиот бетонски под на споменикот „Илинден“ (Македониумот). Директоно, наспроти влезот во куполата каде и денес се наоѓа.

Веруваме, за трајно. Конечно, претседателот на Крушевската Република по децении посмртно патешествие, сепак, го најде „своето парче македонска земја“ каде треба достоинствено да почива. На Гумење. Таму, каде за време на Илинденското востание, заседавало Горското начелство. И се донесувале најбитните одлуки за Востанието и Републиката кои ги поставија темелите на современата македонска државност.

Може да се рече дека конечно е затворено прашањето со достоинственото почивање на претседателот на Крушевската Република. Тој и Илинденците не добија мавзолеј, но пресудни се односот кон нивното дело и значење. Можеби Мавзолејот ќе стигне во некоја наредна годишнина. А што се однесува на континуираното барање на потомците на Карев, неговото име да се внесе во химната, тоа прашање засега е без екот и одглас. Како и последните 80-тина години.

Во предочувањето на фактите за Никола Карев, уште еден битен детаљ се наметнува од фактите предочени во книгата „Никола Карев -патешествија низ документи“ на крушевчанецот Кочо Топузоски. По задушувањето на Илинденското востание, Отоманската империја амнестирала Илинденци. Кога Никола Карев и неговиот близок пријател и соборец, Томе Никлев, преку бугарските дипломатски власти, оттаму до Цариградските, побарале и прашале каков е нивниот статус, „дали можеме непречено да се вратиме во својата татковина“, наиделе на молк. Очигледно, не добиле амнестија, ама претседателот на Републиката, во секој случај, сакал да се врати во својата татковина. Македонија. И загинал./МИА.

Продажбата на електрични автомобили и натаму опаѓа- дали иднината им припаѓа на хибридите?

Според последните податоци, продажбата на електрични автомобили на европскиот пазар продолжи да опаѓа и во август.

Европскиот пазар на автомобили стагнира уште еден месец. Забележани се мешани резултати, па Италија и Шпанија забележале плус од 4,7 односно 3,4 отсто, додека во исто време Франција и Германија забележаа минус од 2,3 и 2,1 отсто.

Преведено, европскиот раст е само 0,2 отсто, а продажбата на ниво од милион возила, покажуваат податоците на ACEA. Во првите седум месеци, со продадени 6,5 милиони автомобили, Европа забележа раст од 3,9 отсто во однос на и онака лошата претходната година. Тековните трендови покажуваат дека овој плус лесно може да се стопи до крајот на годината.

Во јули, електричните автомобили учествуваа со 12,1% од пазарот, што е намалување од 13,5% удел во претходната година. Заедничкото учество на автомобилите со бензин и дизел падна од 50 на 46%, при што дизелите паднаа за 10,1%, а автомобилите на бензин паднаа за 7%. Очекувано, хибридните возила го зголемија својот удел на пазарот, од 25,5% на 32%.

Во јули, регистрациите на електрични возила (BEV) паднаа за 10,8% на 102.705 единици, при што нивниот вкупен пазарен удел падна на гореспоменатите 12,1%. И покрај порастот во Белгија (+44,2%), Холандија (+8,9%) и Франција (+1%), германскиот пад од дури 36,8% не можеше да се компензира.Во пад се и приклучните хибриди, за 14,1 отсто. Затоа, хибридите остануваат како единствена светла точка во продажбата на електрифицирани возила.

Продажбата на хибриди со регистрации на автомобили е зголемена за 25,7% до 273.003 единици, доаѓа како резултат на значителниот раст на клучните пазари: Франција (+47,4%), Шпанија (+31,5%), Германија (+22,4%) и Италија (+17,4%). Сосема очекувано, имајќи предвид дека понудата на хибриди е сѐ побогата, а цените помалку се разликуваат во однос на класичните возила на фосилни горива.

Новиот украински шеф на дипломатијата, Сибих, разговараше со Блинкен за воената помош

Новиот министер за надворешни работи на Украина, Андриј Сибих го одржа првиот телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, а во фокусот на разговорот беше забрзувањето на испораката на воена помош за Киев.

„Разговаравме за начините за забрзување на воената помош, промовирање на Формулата за мир и зајакнување на санкциите против Русија. Се надевам на блиска соработка во заштитата на заедничките демократски вредности“, објави Сибих на мрежата Х.

Стејт департментот извести дека Блинкен му честитал на Сибих за назначувањето и ја нагласил силата на партнерството меѓу САД и Украина, вклучувајќи континуирана воена, економска и хуманитарна поддршка за Киев и забрзување на закрепнувањето на економијата на Украина.

Според информациите, страните разговарале и за „идниот дипломатски календар“ за блиска иднина, пренесува Укринформ.

Во објава на социјалната мрежа X, Блинкен го нарече Сибих „долгорочен партнер“ и изрази уверување во „продолжување на добрата работа и блиска соработка“.

„Со нетрпение очекувам лична средба во наредните недели“, додаде американскиот државен секретар.

Врховната лабуристичка партија во четвртокот ја поддржа оставката на министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба и гласаше за назначување на Андриј Сибих на оваа позиција.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин вчера во воздухопловната база Рамштајн во Германија објави дека САД одобриле пакет воена помош за Украина во вредност од 250 милиони долари.

Португалец се облекол како женско во смешно видео на ТикТок- му пропаѓа трансферот (ВИДЕО)

Спартак од Москва беше на прагот да потпише договор со португалскиот лев бек Рикардо Мангас (26), кој моментално настапува за Виторија Гимараеш.

Договорот веќе бил постигнат, а играчот бил подготвен да отпатува за Москва викендов, но се појавил бизарен проблем поради кој најверојатно трансферот ќе пропадне. Инаку, договорот на Мангаса со португалскиот прволигаш е до летото 2026 година, а Трансфермаркт неговата вредност ја проценува на четири милиони евра.

"Трансферот е завршен, сѐ е договорено. Останува само да добиеме виза, а веќе имаме термин во Лисабон. Рикардо треба да отпатува за Русија во сабота или недела", изјави претходно неговиот агент Серхио Тиаго Рибеиро. Сепак, зделката може да се поништи во последен момент поради видеото што се појави на TikTok. Имено, Мангас учествувал во хумористичниот спот на неговата девојка, во кој бил нашминкан и носел фустан, високи потпетици и чанта.

„Кога ти и твоето момче ќе се случи да носите иста облека“, гласи описот на видеото. Иако видеото е очигледна шега и е многу чудно што може да предизвика некаков проблем, тоа предизвика жестоки дискусии во Русија. Шефот на организацијата „Татковци на Русија“ Андреј Згоников изјави дека на Мангас не треба да му се дозволи влез во Русија и дека властите се заинтересирани за оваа објава.

Доколку трансферот се реализира, Мангас би можел да се соочи со истрага за можна пропаганда на нетрадиционална сексуална ориентација и би можел да биде обвинет според рускиот кривичен законик. Агентот на играчот веднаш го коментираше спорното видео: "Рикардо сака девојки. Ако ја видите неговата девојка, сѐ ќе биде јасно. Тоа е само смешно видео на TikTok. Неговата девојка е популарна инфлуенсерка со многу следбеници на социјалните мрежи".

притисни ентер