Седум починати, меѓу нив и 23 годишно момче од Свети Николе

Бројката на починати од Ковид 19 и натаму е голема, нови седум пациенти ја загубија битката со корона вирусот меѓу нив и 23 годишно момче од Свети Николе.Иако во  изминатото деноноќие регистрирани се нови 45 случаи.

Повеќе детали има Сања Трајковска Ставров, целосниот извештај погледнете го во видеото.

Амди Бајрам ќе биде погребан денеска

Денеска ќе биде погребан лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам, кој почина вчера на 64-годишна возраст.

Погребот, како што соопшти Сојузот на Ромите, е закажан за денеска, во 14 часот во Али Пашината џамија и во 15 часот на гробиштата во Бутел во Алеата на Великаните.

-Од канцеларијата на Сојузот на Ромите на Република Македонија ве информираме со голема тага и болка дека вчера, на 24 октомври 2020 година почина нашиот сакан и почитуван претседател на партијата и долгогодишен пратеник во Собранието, се наведува во соопштението на партијата, со која раководеше Бајрам.

Министерството за здравство вчера соопшти дека кај Амди Бајрам постмортем е утврдено дека бил позитивен на Ковид-19.

МЗ изрази сочувтсво до семејството и апелира, во интерес на заштита на нивното здравје, во целост да соработуваат со надлежните служби. Дополнително, да се избегнат сите погребни ритуали, а погребот да се спроведе согласно протоколите, како превенција од натамошно ширење на инфекцијата од Ковид-19.

ВМРО-ДПМНЕ: Есенскиот бран на Ковид не е снег во мај па да се изненади Филипче

Нема вакцини за грип, нема проширени болнички капацитети, ниту план и стратегија.

Реакциите и активностите на Комисијата за заштита од заразни болести и Венко Филипче се задоцнети и непромислени. Власта предлага мерки кои што ВМРО-ДПМНЕ посочи дека треба да бидат направени уште во март, кога почна пандемијата. Тогаш власта немаше слух и сега ги гледаме последиците од тој нивен игнорантски однос.

Филипче тврдеше дека во текот на целата пандемија ќе заболат 2000 луѓе, сега тој број на луѓе заболува за само една недела. И кога виде дека се што презема не вродува со плод, почна да спроведува тоа што ВМРО-ДПМНЕ кажа, но со задоцнување од 7 месеци.

Ротацијата на кадар на инфективните одделенија од сите здравствени установи е мерка која што требаше да биде направена уште во март, дополнително на располагање на јавното здравство треба да се стават сите млади лекари и пензионери, исто така власта требаше да го искористи летниот период за зголемување на болничките капацитети. Но ништо од тоа не е направено.

Есенскиот бран на Ковид не е снег во мај па да се изненади Филипче. Иако сме длабоко навлезени во есента нема вакцини против сезонски грип, не се проширени болничките капацитети, ниту пак има план и стратегија како да се бори против вирусот од кој секој ден се заразуваат неколку стотици наши сограѓани.

Целиот хаос по болниците и стравот кај граѓаните е предизвикан од неспособноста и надмениот однос на Комисијата за заштита од заразни болести и Венко Филипче. Токму затоа Филипче треба да си даде оставка, и да се формира нова специјална комисија, се друго е манипулација со граѓаните и работење на нивна штета.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ денеска ќе го одржи 25. Конгрес, прв дигитален

Владејачката партија СДСМ денеска ќе го одржи 25. Конгрес, кој ќе биде прв дигитален во земјава, а за таа цел, како што нагласува партијата, ќе се користат современи дигитални платформи и алатки.

Првиот дигитален Конгрес на СДСМ ќе се одржи преку електронска платформа Зум, а партијата на овој чекор се решила заради заштита на здравјето на граѓаните, делегатите, медиумските работници.

Конгресот ќе го отвори ќе го води претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Ќе има отворен и работен дел со соодветен пренос во живо и можности за медиумите да преземат видео материјал со висока резолуција.

По завршување на Конгресот, претседателот на партијата, Зоран Заев, ќе одржи прес-конференција, на која ќе ги презентира донесените одлуки. Прес конференцијата ќе се реализа преку дигиталната платформата Зум.

притисни ентер