Седум кандидати за претседател сигурни на гласачкото ливче – собирањето потписи продолжува

Над 20 илјади потписи, имаат Гордана Силјановска Давкова од ВМРО ДПМНЕ и Стево Пендаровски од СДСМ. 

Според последните ажурирани податоци на ДИК за Силјановска-Давкова се потпишале 28 029 граѓани, а за кандидатурата на Пендаровски својот потпис го дале 21 852 лица.

Рокот за собирање на потписи за кандидат за Претседател истекува на 8 март на полноќ. Но денеска ги нема гужвите кои ги имаше за време на викендот.

Според информациите од ДИК, Силјановска Давкова, Пендаровски, Димитриевски и Османи ги повлекле списоците за потписи во дел од подрачните канцеларии.

Изминатите два дена ВМРО ДПНЕ на Конвенција и СДСМ на Конгрес ги потврдија кандидатурите на Силјановска Давкова и Пендаровски. И двајцата пред партиските делегати ветија напредок на државата.

-На странските амбасадори им велат во втората половина од нашиот мандат ќе се обидеме со Бугарите да се договориме. На кој начин? На тој начин што ќе ги натераме Бугарите да го прменат нивниот Устав. Ако успеат да ги стават Македонците во Уставот на Бугарија, да ги натераат Бугарите да го променат нивниот Устав, ако успеат Македонците кои таму се во огромен број да бидат признаени како национално малцинство, јас ќе бидам првиот кој ќе се зачлени во ВМРО ДПМНЕ,- изјави – Стево Пендаровски – Кандидат за Претседател.

-Ве уверувам дека ќе градам сојузи и сојузништва, дека ќе интегрирам а нема да дезинтегрирам. Видовме до што не доведоа поделбите. Поделбите ја доведоа оваа држава да личи на гладијаторска арена. Не е другиот наш непријател туку е партнер, по било која основа,- изјави – Гордана Силјановска Давкова – Кандидат за Претседател.

Иако и од двете партии вчера тврдеа дека во рекордно време и број ги собрале потписите за претседателските кандидари, двојно повеќе од потребниот минимум, дел од аналитичарите не гледаат директна поврзаност на бројот на потписи со рејтингот на кандидатот.

-Не треба да се земе како индикатор брзината на собирање на потписи во рејтингот на кандидатите. Сите поголеми партии, па и помали сериозни партии во Македонија немаат проблем да соберат 10 илјади потписи, сепак е тоа бројка која е доволна за само еден пратеник. Значи секоја партија која теоретски би можела да освои еден или два пратеника би можела да собере потписи за кандидат за Претседател. Знам дека се случи една ситуација во која партиите од тоа почнаа да прават кампања, колку бргу собраа потписи итн. Можеби е тоа некаква индикација за квалитетот на организацијата на партијата на терен, но не е за рејтингот на кандидатите. Повеќе се користи како предизборен маркетинг во моментов,- изјави – Петар Арсовски – Аналитичар.

Рокот за собирање на потписи истекува во петок, но веќе е извесно дека на оистата за гласање ќе има седум од кандидатите за Претседател... Потребниот број на потписи го обезбедија и кандидатот на ДУИ, Бујар Османи, па Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“, кандидатот на движењето За наша Македонија - ЗНАМ, Максим Димитриевски, Стевчо Јакимовски од ГРОМ и кандидатката на Левица, Билјана Ванковска.

На листата има уште петмина кандидати за Претседател кои досега собрале помеѓу 100 и 1500 потписи.

Катами: Хезболах е подготвен за израелско копнено напредување

 Заменик-лидерот на политичкиот совет на либанската милитантна група Хезболах, Махмуд Катами, изјави дека групата е подготвена за израелско копнено напредување.

-Хезболах ги спречи израелските сили да се инфилтрираат на либанска територија, изјави Катами за Ал Џезира.

Според него, ракетите на Хезболах достигнале дострел од 150 километри со задржување на брзината на лансирање.

-Секоја територија што Израел ќе се обиде да ја преземе ќе се претвори во гробишта за неговите војници и тенкови, посочи тој.

Катами додаде дека шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, вчера се сретнал со раководството на Хезболах и изјавил дека Техеран стои со Либан.

-Хезболах делува на бојното поле и нема да влегува во преговори додека е под оган, нагласи тој.

Катами рече дека Израел е тој што го отфрла прекинот на огнот и дека Израел и изралскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не сакаат да ја прекинат војната.

По неколкудневни тешки воздушни напади врз Бејрут и низ јужен Либан, Израел на 1 октомври објави дека неговата војска започнала „ограничени, локализирани и насочени копнени напади“ против Хезболах.

Целта на израелската Влада е обезбедување услови за безбедно враќање на жителите од пограничните области, што беа раселени по нападите на Хезболах./МИА

Тошковски: Да се фокусираме на професионалноста, а не на етничкиот предзнак

Никогаш во животот не му значело дали е некој Македонец, Ром, Бошњак, Турчин или Србин, туку колку си ја знае работата и колку е професионален.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска порача дека кога станува збор за вработувањата и назначувањата во институциите, но и генерално, во сите општествени сфери, приоритет мора да бидат знаењето, капацитетот и професионалноста, а не етничкиот предзнак.

Како што нагласи на прес-конференција, одговорајќи на новинарско прашање колкав е бројот на Албанци на управувачите позиции во МВР, никогаш во животот не му значело дали е некој Македонец, Ром, Бошњак, Турчин или Србин, туку колку си ја знае работата и колку е професионален.

-Пред вас господинот што седи е Албанец и од мене е назначен за помошник министер, но не поради неговиот етнички предзнак, туку зашто има огромно искуство во МВР и огромен професионален капацитет. Од него очекувам да даде многу во она што ќе следи во насока на професионализација на полициските службеници. Кога зборуваме на тема МВР, професионални стандарди и потреба на граѓаните, не треба да зборуваме од аспект на етнички предзнак. Никогаш не ми значело кога одам на лекар дали докторот е Албанец, Ром, Бошњак. Макеодонец, Србин, Турчин, Англичанец,... Никогаш не ми значело кога одам на судење, дали судијата е Ром, Влав, Турчин, а секогаш ми значаело дали е професионален, колку знаење и капацитет има. Така треба да ги гледаме работите, рече Тошковски откако претходно се осврна на сработеното во изминатите 100 дена.

Потоа соопшти и конкретни бројки за етничката застапеност во Министерството.

-Во рамки на управните служби во Скопје 51,96 отсто се Македонци, 39,37 се Албанци, а 8,67 проценти се од друга националност. Во ОУР Тетово има 23,6 отсто Македонци, 66,29 проценти Албанци, а во ОУР Куманово 52,83 отсто Македонци, 45,28 отсто Албанци и 1,89 други националности. Мора да се фокусираме на професионалноста за добото на народот, подвлече министерот.

ВМРО-ДПМНЕ: 7 години СДС и Филипче беа фабрика за скандали и афери

СДС е во целосен хаос и без компас, наместо да манипулираат со јавноста да си ја консолидираат партијата.

7 години СДС и Филипче беа фабрика за скандали и афери.

7 години СДС не купи ниту едно противпожарно возило, во време на СДС пожари се гасеа со децениски стари возила. Бесмислени се соопштенијата на СДС кои направија историски грабеж и ја оставија празна државната каса.

СДС ја остави државата без пилоти, па мораше да се носат пензионирани пилоти и да се потпишуваат договори со нив за да можат авионите да летаат и да се гасат пожарите.

Апсурдно е СДС да зборува за одговорност и безбедност а во редови на СДС се уште седат бандити и криминалци.

СДС е демолирана партија во чии структури владее хаос и немаат расчистено со криминалот во сопствените структури.

СДС најмалку има право да зборува за безбедноста бидејќи во нивно време криминалци и бандите владееа со улиците.

Денес за разлика од претходно постои одговорност. За прв пат се фатени сторители на убиство во центарот на Скопје. Со СДС имаше пукања и убиства а сторителите никогаш не беа фатени и се шетаа слободни.

Сега за разлика од претходно се делува веднаш, а криминалците не гледаат повеќе соработник со МВР како што беше во времето на Спасовски.

Сега пред се има одговорност за секого а во време на СДС полицајци беа тепани од функционери на ДУИ па мораа да даваат изјави дека се удриле од пајак службата на ЈП Паркинзи.

СДС наместо да ја манипулираат јавноста, да си ја консолидираат партијата на која што рејтингот и е во слободен пад.

Неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина!

ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер