Седници на Законодавно-правната и на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за прашања на изборите и именувањата и Законодавно-правната комисија. 

Oдлуката за распишување јавен оглас за назначување претседател и членови на Советот за граѓански надзор („Службен весник на Република Македонија“ број 34/2023) е на дневниот ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Пратениците - членови на оваа комисија ќе расправаат и по Предлог-одлука за изменување на Одлуката за именување претседател и членови на Oдборот за доделување на државната награда „23 Октомври” и за Предлог-одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Oдборот за доделување на државната награда „11 Oктомври".

Во Собранието денеска Законодавно -правната комисија, како што е најавено, ќе одржи две седници.

На Судан му се заканува најголемата глад во светот во последните 40 години

Хуманитарниот апел на Обединетите нации за земјата доби само 16 отсто од средствата кои и се потребни.

Судан се соочува со глад којa би можелa да биде најголема по таа која светот ја видел во Етиопија пред 40 години, предупредуваат американски официјални претставници, додека испораките на помош и натаму ги блокираат завојуваните армии, но снабдувањето со оружје за двете страни продолжува да се одвива.

Хуманитарниот апел на Обединетите нации за земјата доби само 16 отсто од средствата кои и се потребни.

„Потребно ни е светот да се разбуди за катастрофата што се случува пред нашите очи“, изјави за новинарите Линда Томас-Гринфилд, амбасадор на САД во ОН, пишува „Гардијан“.

Орбан разговараше со Мелони и Моравјецки во пресрет на состанокот на лидерите на ЕУ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска се сретна со италијанската премиерка Џорџа Мелони, со која разговараше за резултатите од изборите за Европскиот парламент, соопшти портпаролот на Орбан, Берталан Хаваши.

Хаваши рече дека Орбан и Мелони разговарале и за прашањата кои се однесуваат на европската десница и за задачите кои се пред Европскиот совет, кој ги собира лидерите на ЕУ, како и за претстојното претседавање на Унгарија со Советот на ЕУ, пренесува МТИ.

„Орбан во Брисел разговараше и со поранешниот премиер на Полска, Матеуш Моравјецки за обединување на европската десница“, додаде Хаваши.

Заев: Со Алексис му ја предадовме првата Награда за мир Преспа, на амбасадорот Метју Нимиц

Заедно со Алексис му ја предадовме првата Награда за мир Преспа, на амбасадорот Метју Нимиц кој имаше трпение повеќе од две децении од својот живот да им посвети на барање решение за спорот за името, објави на својот профил на фејсбук Зоран Заев. 

Со неговата поддршка и посветеност изградивме меѓусебна соработка и дојдовме до решение не само за името, туку отворивме порта за соработка за двете земји за подобра иднина на нашите народи, но и за иднината на регионот.

Му благодарам на амбасадорот Метју Нимиц кој ни помогна да стигнеме до решение кое денес е модел за решавање многу спорови.

Нимиц ни порача да го чуваме и негуваме Преспанскиот договор и целосно да го имплементираме, стои во објавата на екс премиерто Зоран заев на фејсбук.

притисни ентер