Седница за избор на нова влада

Во Собранието денеска во 11 часот треба да почне 60-та седница, со единствена точка на дневен ред Избор на Влада на Република Македонија.

Новата Влада што треба да ја предводи Димитар Ковачевски ќе брои 21 член. СДСМ и коалицијатата ќе имаат 12, ДУИ шест, а Алтернатива тројца министри.

Новиот владин кабинет ќе има еден член повеќе од претходниот – министер без ресор за дијаспора, место што и припадна на Алтернатива.

Од Владата си заминуваат осум досегашни членови, вклучувајќи го и премиерот Зоран Заев. Никола Димитров веќе нема да биде вицепремиер за европски прашања, Радмила Шекеринска заминува од Министерството за одбрана, а членови на Владата нема да бидат ни досегашниот министер за здравство Венко Филипче, министерката за образование и наука Мила Царовска, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерката за култура Ирена Стефоска.

На нивните места треба да дојдат досегашниот министер за правда Бојан Маричиќ (СДСМ) како вицепремиер за европски прашања, Славјанка Петровска (СДСМ) во Министерството за одбрана, Беким Сали од Алтернатива ќе раководи со Министерството за здравство, досегашниот министер за информатичко општество и администарција Јетон Шаќири (ДУИ) ќе го преземе Министерството за образование и наука, Јована Тренчевска (СДСМ) ќе раководи со Министерството за труд и социјална политика, а Бисера Костадиновска Стојчевска (СДСМ) го презема ресорот култура.

Адмирим Алити од Алтернатива ќе биде прв човек на МИОА, а Џемаил Чупи од оваа партија е предложен за министер без ресор задолжен за дијаспората.

Во новата влада на Ковачевски останува вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи (СДСМ), а ново име е Славица Грковска (СДСМ) која треба да биде вицепремиер за борба против коруција и криминал.

Со ресорот правда треба да раководи универзитетскиот професор Никола Тупанчевски (СДСМ). Во Министерството за внатрешни работи останува досегашниот министер Оливер Спасовски (СДСМ), а функциите ги задржуваат и министрите за надворешни работи, за транспорт и врски, за финансии и за економија, Бујар Османи (ДУИ), Благој Бочварски (СДСМ), Фатмир Бесими (ДУИ) и Крешник Бектеши (ДУИ). Во Министерството за локална самоуправа останува и понатаму Горан Милевски (ЛДП/коалиција на СДСМ), а нема промени и во Министерството за животна средина и просторно планирање каде останува досегашниот министер Насер Нуредини (ДУИ).

Со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и понатаму ќе раководи Артан Груби (ДУИ). Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се враќа Љупчо Николовски (СДСМ).

Собраниската расправа за избор на нова влада трае најмногу два дена, а за изборот на владиниот состав се гласа по нејзиното завршување, односно најдоцна до 24 часот вториот ден или во случајов во недела до полноќ. Владата е избрана ако за неа гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници во Собранието.

Согласно собранискиот Деловник, мандаторот ја образложува програмата и предлогот за состав на владата на седницата на Собранието, на која се врши нејзиниот избор. По програмата на мандаторот и предлогот за состав на владата, Собранието води единствен претрес. Во Деловникот е предвидено дека редоследот на пратениците кои ќе учествуваат во претресот го утврдува претседателот на Собранието на начин кој обезбедува учество на пратеници од различни политички партии застапени во Собранието. Гласањето за избор на Владата се врши по предлогот за состав на Владата во целина, со јавно гласање.

Ковачевски вели дека владината Програма е континуитет на изборниот легитимитет којшто е добиен на изборите во 2020 година, со тоа што во неа се вградени и економски определби на новиот коалициски партнер Алтернатива, како и новите програмски цели произлезени од новите предизвици. Тој најави дека главни приоритети на неговата влада ќе бидат справување со енергетската криза, задржување на животниот стандард на граѓаните и на компаниите во светло на економската криза, имплементирање на големите инфраструктурни проекти предвидени со Буџетот за 2022 година и на законските решенија одобрени во Собранието, како и евроинтеграцијата на земјава.

– ЕУ е наша стратешка цел и ние заслужуваме отворање на преговори со ЕУ, што е резултат и на четирите последователни позитивни извештаи од страна на ЕК. „Отворен Балкан", исто така, е адресиран во Програмата, бидејќи сметам дека регионалната соработка која што се базира на европски вредности и која што заснова на четирите слободи на ЕУ исто така е застапена и ќе продолжиме кон таа регионална соработка, потенцира Ковачевски.

Во контекст на евроинтеграцијата, тој ги нагласи и заложбите за дијалог со Бугарија, кој ќе биде насочен кон иднината, кон проекти коишто значат подобро поврзување на граѓаните, на економиите, на културата помеѓу државите и на градење на една таква соработка и враќање на довербата за може да се дојде до заеднички прифатливо решение.

– Тоа решение мора да се базира на европски вредности, кое што ќе го задржи достоинството на граѓаните на двете држави и ќе овозможи Македонија конечно да го добие датумот за првата меѓувладина конференција, нагласи Ковачевски.

Мандатарот вели дека при изборот на членовите на неговиот владин кабинет се водел од принципите на „исполнување на обврските, капацитетот на личностите коишто го имаат и на перформансите што ги имале во изминатиот период на водење на одредени ресори".

– Предлогот беше таков што имаме нови министри што ќе преземат одредени ресори, имаме ротации на министри коишто од еден одат во друг ресор. Прво, заради тоа што дел од нив се покажале како ефикасни и ефективни во извршувањето на своите задачи кога го извршувале тој ресор во една од изминатите влади. Во друг случај кога одреден министер сметам дека според неговите професионални перформанси, според неговите академски остварувања и според минатото искуство одговара повеќе на друг ресор. Во однос на одредени решенија коишто остануваат во истите ресори, тоа е затоа што врз основа на направена анализа се гледа зголемување на перформансите во министерствата каде што управувале, се гледа дека ги имаат подигнато стандардите на работење и ги имаат реализирано делот на оперативните и делот на капиталните инвестиции на високо ниво во однос на планот којшто го имале во текот на 2020 и 2021 година, рече Ковачевски.

Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда преговори за примирје во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда разговори во Катар и Египет, чија цел е да се постигне примирје во Газа, соопшти денеска израелската Влада.

„Бенјамин Нетанјаху се сретна со директорот на Мосад (надворешното разузнавање на Израел) и директорот на Шин Бет (внатрешно разузнавање) и одобри продолжување на новата рунда разговори во наредните денови во Доха и Каиро“, се вели во владиното соопштение.

Уапсен е полицаец кој споделувал информации од истрагата за исчезнатата Данка (2)

Полицаец од полициската управа во Бор е уапсен поради давање информации за исчезнатата Данка Илиќ (2), соопштија за „Телеграф.рс“.

Не се знае кому дал информации од истрагата.

Тој не го поминал полиграфот.

На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа.

Данка Илиќ исчезнала на 26 март годинава, а нејзината мајка го пријавила исчезнувањето во 13 часот и 45 минути.

Данка се уште не е пронајдена, а МУП бара да не се шират лажни информации.

Ивана Илиќ, мајката на исчезнатото девојче, се уште е во полиција во Бор, објави Телеграф.

Средба Ковачевски – Азески за приоритетите во економијата

Азески со порака до сите политички партии – позициите на комората се јасни.

Продолжуваат партиските консултации со бизнис заедницата во земјава за нивните предизборни програми, по ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ, и лидерот на Социјал демократите, Димитар Ковечвски оствари средбaсо првиот човек на Стопанската комора, Бранко Азески.

Нови мерки и политики, повисока минимална и просечна плата, економски раст, повеќе инвестиции, отворање нови работни места, унапредување на севкупните економски односи во државата – се само дел од мерките зацртани во програмата на СДСМ кои денеска беа презентирани и пред бизнисот.

Азески со порака до сите политички партии – позициите на комората се јасни.

Дополнително Азески се осврна и на законот за забрана на нефертрговски практики и листата на производи кои треба од есен да поевтинат. Според претседателот на Комората листа не треба да има, но вели нема да ја кочат примената на новото законско решение.

Изминативе денови претставници на политичките партии остварија повеќе работни средби со коморите во земјава, а очекувањата на бизнисот се дека тие ќе продолжат и во иднина, со цел да се чуе и нивниот став.

притисни ентер