Седница на Централниот одбор на СДСМ во Охрид

Кој ќе биде дел од новото партиско раководство. Реконструкција на владата или враќање на мандатот. СДСМ во Охрид носи одлуки. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Британка ископала компир,ист како нејзиното куче(ФОТО)

Британка ископала компир што личи на нејзиното куче, а фотографиите воодушевија многумина на социјалните мрежи.

Џоан Гејџер (47) од Атерстоун вели дека му ја испратила фотографијата на нејзиниот партнер, кој коментирал дека компирот изгледа како нивното куче Дејв.

Гејџер вели дека тие не сакале да го јадат тој компир затоа што „такво ремек-дело е тешко да се најде“.

„Сè уште се смеам затоа што никогаш повеќе нема да одгледувам компири што личат на моето куче.

Џоана откри дека нивното куче страда од неизлечива болест, па овој пронајдок ги развеселил.

Таа решила да ја сподели фотографијата од компирот во неколку групи на Фејсбук , каде што станала хит. „Сите се шегуваа во коментарите дека би биле претпазливи кога копаат компири случајно да не ископаат кученце“, рече таа.

Во САД од корона до денеска починале над 200.000 луѓе

Шест недели пред претседателските избори, над 200.000 луѓе починале од ефектите на ковид-19 во САД до денес, објави универзитетот Џон Хопкинс.

Според истиот извор, од 6,9 милиони пациенти, до утрово починале 200.005, а САД се меѓу земјите најпогодени од коронавирусот САРС-КоВ-2.

"Ковид-19 ќе биде трета водечка причина за смртност во САД оваа година и ќе ги надмине несреќите, мозочните удари и Алцхајмеровата болест. Ние го потценуваме овој вирус на наша штета и на штета на оние кои се погодени од нашите одлуки", рече Том Фриден, поранешен директор на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Пред ковид-19, само карциномите и кардиоваскуларните заболувања биле причини за голема смртност.

Во последната недела, 5.300 луѓе починале од вирусот во САД, додека 2.000 луѓе починале во ЕУ во истиот период. Во однос на популацијата, новиот коронавирус убива четири пати повеќе луѓе во Америка секој ден, отколку во Европа.

Најмалку 6.000 луѓе се хоспитализирани, а 1.500 се на апарати за дишење.

Претседателот Доналд Трамп вели дека Соединетите држави „ќе го поразат вирусот, ќе ја споделат вакцината и ќе ја прекинат пандемијата и дека земјата ќе влезе во нов, невиден период на просперитет, соработка и мир“.

Џонсон во обраќање до нацијата ги претстави строгите мерки

Премиерот на Британија, Борис Џонсон, во телевизиско обраќање до нацијата објави низа нови мерки за борба против коронавирусот.

Ова се нови мерки што може да траат со месеци.

Претходно денес, тој најави, на пример, дека вработените во пабовите или продавниците, како и патниците во такси, ќе мора да носат маски. Бројот на гостите на свадба е исто така ограничен, а забранети се спортските сали во кои се вклучени повеќе од шест лица.

Борис Џонсон денеска наведе кои се новите мерки за Британците, кои би можеле да траат околу шест месеци.

• Забранети се спортови во затворен простор.

• Бројот на гости на свадби во Англија е ограничен на 15 лица.

• Продавачите, како и патниците во такси, ќе мора да носат маски.

• Планот за враќање на гледачите на спортските стадиони е одложен.

• Пабовите, баровите и рестораните ќе бидат отворени до 22:00 часот.

• Луѓето треба да работат од дома секогаш кога тоа е можно.

• Првиот прекршок за неносење маска ќе биде казнет со 200 фунти.

Во своето телевизиско обраќање, Џонсон најави дека доколку луѓето не ги почитуваат овие мерки, ќе мора да воведат уште построги мерки.

Тој рече дека Британците се соочуваат со несомнено тешки месеци, како што расте бројот на заболени од коронавирус.

„Да бидеме дисциплинирани и да го надминеме во духот на заедништвото она што не чека“, рече тој. Џонсон потоа додаде дека никогаш во историјата, колективната судбина на една нација не зависела од однесувањето на поединците.

„Ако ги следиме овие правила, заедно ќе ја поминеме оваа зима. Несомнено тешки месеци се пред нас. Борбата против коронавирусот не е ни близу завршена “, рече тој, додавајќи дека не се сомнева дека одлични денови доаѓаат за Британците, но дека пред тоа е потребна дисциплина.

Тој рече дека новите мерки ќе бидат спроведени доколку е потребно и со нови казни, до 10 000 фунти, но рече дека, доколку е потребно, ќе ги испрати и полицијата и армијата на улиците.

Тој додаде дека лекарите се едногласни дека сè ќе биде подобро на пролет.

„Се надевам дека тогаш ќе можеме масовно и толку ефикасно да се тестираме што луѓето ќе можат да бидат тестирани за неколку минути“, заклучи британскиот премиер.

притисни ентер