Бројот на загинати во големата експлозија во Бејрут, либанската престолнина, изнесува повеќе од 200 лица , според официјалните власти.
Гувернерот на Бејрут, Марван Абуд, рече дека десетици луѓе, меѓу кои и неколку странски работници, биле наведени како исчезнати.
Полицијата во градот се судри во неделата со демонстрантите лути на владата за реагирање на катастрофата.Оставката на еден министер и неколку заменици не го намали гневот на населението.
Стотици илјади луѓе по експлозијата во Бејрут живеат во оштетените домови, без прозорци или врати.Премиерот на Либан, Хасан Диаб, побара предвремени парламентарни избори и најави разговори за тоа во кабинетот на 10 август.
Експлозијата на 4 август уништи делови од градот и предизвика лутина кон, како што опишуваат многу жители, непрофесионалната и корумпираната политичка елита.
Судирите меѓу полицијата и демонстрантите вчеравечер избувнаа втора вечер по ред .
Во саботата, група демонстранти, извикувајќи антивладини пароли и палејќи ја сликата на претседателот Мишел Аун, влегле во зградата на Министерството за надворешни работи и ги повикаа другите да заземаат и други министерства.
Конфликтот со полицијата започна уште порано. Некои фрлале камења и дрвја, а полицијата одговорила со солзавец и гумени куршуми. Неколку барикади се поставени на улиците за да се спречат демонстрантите да стигнат до зградата на парламентот.
Полицијата за Ројтерс исто така потврди дека била користена вистинска муниција, иако не се знае кој пукал за време на конфликтот.
Либанските медиуми го цитираа Црвениот крст дека околу 110 луѓе се повредени за време на демонстрациите.