Се зголеми бројот на жртвите во пожарите во Турција,се евакуираат туристи од Мармарис (ВИДЕО)

Бројот на загинати во пожарите на јужниот брег на Турција денеска се искачи на осум, додека пожарникарите петти ден се борат да го локализираат пожарот, кој и понатаму се заканува по туристичките места.

Уште две лица денеска загинаа во пожар во јужниот град Манавгат, рече министерот за здравство Фахретин Коча, додавајќи дека уште десет се хоспитализирани во болницата во таа област.

Повеќето од над 100 пожари што избувнаа во Турција во последните пет дена се ставени под контрола, соопштија властите.

Турција од средата се бори со најлошите шумски пожари во последните години.

Сепак, пожарите сеуште горат во Манавгат и Мармарис, како и во градот Милас, рече министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли, што доведе до евакуација на некои станбени населби и хотели.

Во популарното одморалиште Бодрум, група туристи и хотелски персонал биле евакуирани со брод. Пакдемирли рече дека пожарот во областа утрово бил ставен под контрола.

Пет лица загинаа во пожарите во Манавгат и едно во Мармарис во последните денови.

Од среда, илјадници луѓе се евакуирани од своите домови.Локалните тимови, како и помошта од Русија, Украина, Иран и Азербејџан се распоредени за да им помогнат на пожарникарите.

Турската влада вети дека ќе ги обнови оштетените куќи и ќе обезбеди надомест за загубите во областите погодени од пожарите.Пакдемирли рече дека 13 авиони, 45 хеликоптери, беспилотни летала и 828 противпожарни возила биле ангажирани во гаснењето на пожарите.

Во соседна Грција, пожарникарите се обидуваат да го контролираат пожарот што гори на западот од земјата. Температурите низ земјата се екстремно високи и се очекува да достигнат 44 степени Целзиусови во понеделник и вторник.

Средба на министерот Бесими со Матуела и Худолин од ЕУ

Дизајнирањето на макроекономските политики и мерките за поддршка на стопанството клучни за остварување забрзан раст.

Дизајнирањето на макроекономските политики, јавните финансии, структурните реформи, како и поддршката што ја дава Владата на стопанството за справување со пандемијата, како и зелената и дигиталната трансформација, беше тема на дискусија помеѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и Мишела Матуела, директор на Директоратот за проширување и соседска политика и Штефан Худолин, раководител за соработка во Делегацијата на ЕУ.

„Македонија е посветена на остварување економски раст и опоравување од пандемијата, со фокус на остварување подобар раст што би значело – зелен, дигитален, паметен, забрзан, инклузивен и одржлив раст. Планот за финансирање забрзан раст на којшто работиме има за цел да овозможи забрзан одржлив раст притоа одржувајќи финансиска стабилност преку мобилизирање капитал од приватниот сектор како дополнување на средствата од Буџетот", потенцира министерот.

На состанокот се дискутираше и за Законот за буџети, за реформата за унапредување на фискалната децентрализација којшто се подготвува во рамки на Министерството за финансии, како и за реализацијата на проектите што се финансирани од инструментот ИПА.

Во однос на преземените мерки за справување со пандемијата, Бесими истакна дека се имплементирани 6 пакети во вкупен износ од 1 милијарда и 180 милиони евра.

„Македонија се водеше од пристапот „сѐ што е потребно" – првично, финансирањето беше предизвик, но подоцна ни беа доделени меѓународни средства. Во 2021 година, беа имплементирани 2 дополнителни пакета во вкупен износ од околу 180 милиони евра, во кои беа вклучени не само интервентни мерки, туку и мерки за поддршка на закрепнувањето и растот, со потаргетиран пристап, воедно фокусирајќи се и на компаниите со добри перформанси со цел поддршка на инвестициите. Во моментов, сите показатели (раст на БДП, буџетски приходи, трговска размена, итн.) укажуваат на заздравување на економијата", потенцира Бесими.

Притоа тој нагласи дека и понатаму внимателно се следат случувањата.

„Свесни за предизвиците, продолжуваме со поддршка преку потаргетирани мерки, што се поориентирани кон пазарот, притоа фокусирајќи се на фискалната консолидација на среден рок. Политиките на Македонија ги следат овие насоки", рече Бесими.

Во пожар кај Струмица гореа стари гуми

Пожар денеска околу 14:15 часот избувна во атарот на село Костурино, каде биле запалени стари гуми и стрниште.

Според информациите од ТППЕ Струмица во гаснењето на пожарот учествувале 20 пожарникари и шест против пожарни возила, како и помош од Валандово.

Пожарот е локализиран, а црниот чад кој се издигнуваше над местото на пожарот е предизвикан од запалени стари гуми.

Радост во домот на пејачот Тони Цетински

Балканската музичка ѕвезда Тони Цетински пред бога го изговори судбинското „ДА“ на својата сопруга Дубравка.

Популарниот пејач убавата вест ја објави на социјалните мрежи. Тони на Инстаграм објави фотографија со сопругата со која ја сподели убавата вест. Веднаш по објавата Цетински доби бројни чечстики и коментари од своите фанови.

Тони инаку неодамна стана дедо на внуката Елена.

притисни ентер