Се заканува ли бетонизација на општина Карпош?

Ќе се бетонизира ли Карпош и покрај најавите на градоначалникот Стевче Јакимовски дека за време на мандатот ќе се залага за зеленило во општината?

Откако на вчерашниот совет беше гласано против иницијативата на советниците на Левица да се направи ревизија на два ДУП-ови и да се стави забрана за градба, тие алармираат дека заканата да продолжи градежната офанзива останува. Според нив булеварот на „Илинденска“ ќе никнат станбено-деловни објекти во должина од Зоолошка, па се до Карпош 4.

-Се предвидува изградба на нови станбени и деловни згради, тоа значи дека на целата зелена површина која се наоѓа долж „Илинденска“ за многу скоро, доколку не се спречи ќе има нови станбени згради, некои ќе бидат со висина и до 14 ката, а во исто време тие ќе бидат изградени врз двете спортски игралишта, фудбалските терени на Алумина и Локомотива.-Мартин Димоски – Советник на Левица во О. Карпош.

Советникот на Левица предупредува на можно слично сценарио и на местото на фабриката Алумина.

По децениската руинирана состојба и сивилото од лимената ограда, на местото на бивша Алумина се отовора ли можност за изградба на висококатница од 104 метри? Советниците од левица алармираат дека процесот е во завршна фаза и дека набргу може да почне процесот на бетонизација на просторот.

Екс-градоначалникот Стефан Богоев во однос на обвинувањата кон него вели дека за време на неговиот мандат не се донесени ваков тип на детални планови ниту пак нешто потпишал. Се споменуваат планови во почетна-работна верзија кои според процесот се километри одалечени од носење, додава Богоев, потенцирајќи дека станува збор за лага.

- Деталните планови во мојот мандат може да се најдат на сајтот и можат да се избројат на прсти колку градби се предвидени, а сите тие градби кои ги предвидовме во мојот мандат се преку Вардар. Плановите за кои што зборуваат ниту се усвоени од комисија за урбанизам ниту е потпишано нешто од мене како градоначалник и се километри оддалечени од спроведување.- Стефан Богоев.

Одговор на обвинувањата од Левица се обидовме да добиеме и од градоначалникот Стефчо Јакимовски и од неговиот кабинет, но до емитување на прилогот не беа достапни.

Хјундаи во наредните три години ќе инвестира 47 милијарди евра, пред сѐ за електрични возила

Компанијата Хјундаи денеска објави дека ќе инвестира 68 трилиони вони (околу 47 милијарди евра) во текот на три години во Јужна Кореја, главно за да го зголеми производството на електрични возила (ЕВ) и да вработи 80.000 нови работници во секторот.

Јужнокорејската компанија наведува дека повеќе од половина од таа инвестиција ќе биде наменета за електрични возила, односно за нова истражувачка и развојна инфраструктура, како и производствени линии, пренесе Ројтерс.

Агенцијата забележува дека зголемувањето на инвестициите се случува во време кога другите етаблирани производители на автомобили го намалуваат производството.

Главниот оперативен директор на Hyundai, Хозе Муњоз, на саемот за автомобили во Њујорк најави дека бројот на електрични возила ќе се удвои.

„Многу сме посветени на пазарот на Соединетите Американски Држави“, истакна тој.

Hyundai во ноември објави дека инвестира 11,6 милијарди евра во нови посебни капацитети за производство на електрични возила и батерии во Грузија, што е најголема инвестиција надвор од Јужна Кореја.

Додека јужнокорејската компанија ги зголемува инвестициите во електрични возила, конкурентските производители на автомобили планираат да го намалат производството на ЕВ и да го префрлат капиталот главно на хибридни модели.

Руски воен авион се урна во близина на Крим

Руски воен авион денеска се урна во морето во близина на кримското пристаниште Севастопол, изјави гувернерот на регионот назначен од Русија.

„Пилотот безбедно се катапултирал и бил спасен. Цивилни објекти не се оштетени“, изјави гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев, пренесува Ројтерс.

Претходно руските канали Телеграм објавија дека руски борбен авион Су-35 се урнал во близина на Севастопол.

Не е јасно како дошло до инцидентот.

Таравари на панел дискусијата за интеграција на лицата со попреченост

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, заедно со претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, учествуваа на важна панел дискусија .

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, заедно со претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, учествуваа на важна панел дискусија за интеграцијата на лицата со попреченост во општеството.

На панел дискусијата се разговараше за потребите и барањата на оваа значајна категорија.

Темата за интеграција на лицата со попреченост во општеството е многу важно прашање за кое е важно да се има широка свест и соработка на општествено и политичко ниво, а учеството на Таравари на овој панел ја покажува неговата посветеност да се справи со проблемите со кои се соочуваат оваа категорија лица и да се промовира поинклузивно и еднакво општество за сите.

Покрај дискусијата за потребите и барањата на лицата со попреченост, важно е оваа дискусија да води кон конкретни акции и политики ориентирани кон нивна поддршка, се наведува во соопштението.

притисни ентер