Се судрија два воза во германски забавен парк, најмалку 34 лица се повредени (ВИДЕО)

При денешниот судар на два воза на смртта во Леголенд во Германија повредени се 34 лица, од кои двајца се здобиле со тешки телесни повреди.

Несреќата се случила кога возот на смртта во Леголенд во Генсбург ненадејно закочил и друг удрил во него. Посетителите кои биле во возовите се здобиле со модринки и расекотини, а две лица се тешко повредени, пишува Дејли мејл.

На местото на несреќата пристигнале три спасувачки хеликоптери и противпожарна и спасувачка служба. Се уште не е познато како дошло до судирот.

Портпаролката на Леголенд попладнево изјавила дека сите луѓе од едниот воз се извлечени, додека од другиот се уште се евакуираат. Таа додаде дека паркот засега ќе остане отворен.

„Им се извинуваме на гостите за непријатностите и би сакале да им се заблагодариме за трпението“, објави Леголенд.

Последниот ваков инцидент во Германија се случи минатата сабота откако 57-годишна жена паднала од друго возило во забавен парк во Клотен, во државата Рајнска област-Пфалц и починала.

Факултетот за безбедност одбележа 45. години од формирањето

Факултетот за безбедност во Скопје дел од Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола денеска одбележа 45. години од формирањето и првиот академски час за оваа учебна година.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски честитајќи го јубилејот истакна дека безбедноста е наука што динамично се развива и дека треба да ги следни модерните предизвици.

-После 45 години Факултет за безбедност продолжува со несмален интензитет и стремеж да го потврдува она што со години наназад успешно го фундираше и го надградуваше своето научно-стручно реноме односно своето место во образовниот систем, рече Спасовски.

Почетокот на академската година е подеднакво важен и за новите студенти и за оние кои продолжуваат, додаде Спасовски.

Од основањето во 1977 досега на Факултетот за безбедност дипломирале 3.500 студенти прв циклус, магистрирале 140 студенти, а со звање доктор на науки од областа на безбедност се стекнале 47 студенти.

-Безбедноста со нејзината широка интердисциплинарност е наука што динамично се развива, разгранувајќи ја и етаблирајќи ја сопствената применливост во огромната низа општествени сегменти, така што модерните општества се повеќе ја препознаваат нужноста од безбедносно инволвирање, рече Спасовски.

Во годините наназад, истакна тој, Министерството за внатрешни работи демонстрираше крајно отворен и партнерски пристап кон безбедносните науки притоа на прво место ставајќи ги образовно – стручните критериуми и стандарди.

Проф. д-р Игор Неделковски, ректор на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ Битола го честиташе јубилејот на Факултетот за безбедност во Скопје и им посака успешни студии на новите студенти.

-Искористете ги овие години за студии, за магистратура…но и за дружење. Ве повикувам да ги искористите сите потенцијали што ги нуди Факултетот, и можноста за грантови, студиски престои. Новиот менаџмент на Универзитетот ќе ве стимулира вас студентите за учество во сите процеси, рече проф. д-р Неделковски.

Новиот ректор на битолскиот Универзитет рече дека неговите заложби се за понагласено место на студентите во рамки на оваа високообразовна институција.

-Ќе направиме се што е во наша моќ Универзитетот да биде ваш втор дом, да напредувате лично и персонално, а нас да не направите горди на вашите успеси, рече проф. д-р Неделковски.

Деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски рече дека овој факултет има историја и минато, но најмногу од се има сегашност и иднина.

Проф. д-р Дујовски истакна дека ова е единствениот Факултет за безбедност во земјата и дека во изминатите години во соработка со Министерството за внатрешни работи и другите безбедносни институции е еден од најголемите факултети во општествените науки, на што е особено горд.

-Оваа година го задржавме трендот на интерес кај матурантите и се запишаа вкупно 208 студенти, редовни и вонредни на сите активни студиски програми, посочи деканот на Факултетот за безбедност честитајќи им го првиот академски час, и посакувајќи им успешни студии како ним така и на останатите студенти.

На настанот зборуваа и повеќе професори од овој Факултет, а беа доделени и свечени плакети, меѓу другото и на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

Промовирано ново интервентно возило на Територијалната противпожарна единица во Кочани

Во кругот на Територијалната противпожарна единица во Кочани денеска беше промовирано новото интервентно возило што пожарникарите го добија као донација од Дирекцијата за заштита и спасување.

Се работи за теренско возило од марката санг јонг, со целосна опрема за гасење шумски и полски пожари, како и за интервенци на тешко пристапен терен. Има погон на сите четири тркала и дизел мотор, кабина за пет лица и простор за опрема за интервенции.

– Новото возило веднаш се става во функција со оглед што веќе е комплетно опремено со пумпа од 13,5 коњски сили, резервоар од 400 литри вода, како и резервоар за 20 литри пенило. Исто така, има и две млазници со црево – витло со должина од 50 метри. Возилото ќе биде од корист за полесно справување при интервенции на пожари на отворен простор, истакна Драган Апостолов, командир на ТППЕ – Кочани.

На претставувањето на возилото присуствуваше и градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов кој истакна дека противпожарната единица значително го комплетира неопходниот возен парк.

– Со новото возило значително се подобруваат можностите за квалитетна и брза интервенција на кочанските пожарникари. Се надевам дека пред сè ќе им служи за превентивни цели, а помалку за интервенции при пожари и елементарни непогоди. Ја користам приликата да се заблагодарам на Дирекцијата за заштита и спасување за донацијата, истакна градоначалникот Папазов.

Со оглед што за неколку дена и официјално ќе почне жетвата на оризот во регионот, од Територијалната противпожарна единица од Кочани упатија апел до земјоделците по завршување на жетвените активности да не ја палат сламата и стрништата, за да се избегнат пожари од поголеми размери и да се спречи загадувањето на воздухот.

Пиксел Груп и КМГ Квазар ги демантираат обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за поврзаност со Ковачевски

Компаниите Пиксел Груп и КМГ ЕОЛ Квазар ПИКСЕЛ ГРУП по вчерашните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ за нивна поврзаност со премиерот Димитар Ковачевски, денеска излегоа со реакција во јавноста. 

Пиксел Груп е компанија која на македонскиот пазар постои од 2018 година и постојано работи по највисоки корпоративно технолошки и етички стандарди, велат тие.

„Во време на светска енергетска криза, кога на нашата Македонија но и на целиот свет му е насушно потребен секој произведен мегават електрична енергија, сметаме дека е под секое ниво името на нашата компанија како и компанијата мајка на ПИКСЕЛ ГРУП, КМГ ЕОЛ КВАЗАР, да се злоупотребува во дневни политички препукувања и безначајни прес конференции, кажувајки единствено лаги и класични манипулации за да се замајува јавноста. Затоа, најостро го осудуваме секој обид за дискредитација, нашата групација да се доведе во корелација со било каква политичка структура“, велат од двете компании.

Тие тврдат дека работат на слободен пазар како приватни компании по сите законски прописи и по највисоки етички стандарди и не користат никакви посебни услови, надвор од оние кои на сите компании од оваа дејност им се даваат на располагање и им следуваат по закон.

„Уште пред назначувањето на Димитар Ковачевски за заменик министер за финансии, објавивме дека Димитар Ковачевски, како косопстевник во ПИКСЕЛ ГРУП истапува од сопственичката структура на компанијата бидејќи тоа е неспоиво со неговиот политички ангажман“, се наведува во соопштението на двете компании.

Тие потенцираат дека нивните компании се жртва на нечии потреби за дневен политички рејтинг и бараат да не се користи името и на ПИКСЕЛ ГРУП и на КМГ ЕОЛ КВАЗАР за политички маркетинг.

Од КМГ ЕОЛ КВАЗАР велат дека се основани во 2007 година, во моментов вработуваат повеќе од 70 вработени и неколку фирми подизведувачи и имаат вкупна реализација за период 2010-2021 година во износ од 1.291.668.742 денари или околу 21.002.744 евра. За тој период, компанијата има исплатено придонеси и даноци за плати кон државата во износ од 23.284.533 денари.

„Како резултат на доброто работење и визијата на оваа компанија се роди идејата за основање на ПИКСЕЛ ГРУП, прва фабрика во Македонија за производство на фотоволтаични панели по сите светки стандарди и за 4,5 години успеавме со натчовечки напори и заслуги на сите наши вработени од двете компании да произведеме преку 80MW“, додавајќи дека нивните производи се продаваат и во регионот и во ЕУ.

„Затоа, бараме извинување од оние кои пласираат вакви неточни тврдења, во спротивно ќе ги преземеме сите правни средства кои ни стојат на располагање за заштита на угледот на двете компании. Како и досега, стоиме транспарентно во објавување на секој податок и информација што е во интерес на јавноста и на нашата држава“, наведуваат двете компании.

притисни ентер