Се санираат штетите од синоќешното невреме во Гостивар

Денеска Гостивар и Велес се исчистени, градовите кои синоќа беа под вода, се враќаат во нормала информираат од ЦУК.

Дали има некакви штети на имотот на граѓаните и во каква состојба се одводните канализации и канали информација нема, бидејќи ниту гостиварскиот Таравари, ниту велешкиот градоначалник Колев не се досптапни за изјава. Но, гостиварци, кои во раце ги носеа дечињата штитејќи ги од водата, се полажија на инфраструктурата и несоодветната општинска реакција.

Зошто се фрла многу ѓубре од горе и дека не е средено, треба ова да се среди, не е една долина или мост како проблем, не е ова прв пат, три дена, три дена по ред е истата ситуација. Цел пат беше со кофи, со куфери, тенџериња, немаше што нема. Ова е болест, за сите деца болест /. Состојбата е зошто општината не прави еден канал „асален“, треба да се направи, до тука направија канал, надоле не го направија, треба да има канал, тоа е математиката, друго нема.

Реките и подвозниците се критични точки при „водени бомби“, но од ЦУК уверуваат дека за Вардар има системско решение, а и канализациите и каналите се во добра состојба, но проблем се терцијалните канали.

-Информирани сме дека сите главни канали за одводнување кои ја прифаќаат водата при врнежи се детално исчистени, а и секундарните канали се во добра кондиција. Проблем претставуваат терцијалните канали односно малите канали кои што се под надлежност на локалната самоуправа, тоа се оние канали кои што минуваат покрај улиците, кои што минуваат пред домовите пред куќите на луѓето, понекогаш граѓаните знаат да ги затрупаат, да изградат дури и објекти на местото каде што минува каналот. Овие канали можат да имаат голема улога да спречат поплави на домовите на луѓето, -- Стојанче Ангелов – директор на ЦУК.

Поради климатските промени претстојното летото ќе има зачестени, екстремни временски настани, според очекувањата на УХМР. Од таму за Канал 5 посочија дека се можно подолги топлотни бранови, а дождовите поради загревањето на пареата да бидат краткотрајни и интензивни, односно оние кои создаваат поплави.

Ќерката на Мадона, Лурд, тврди дека е проколната во љубовта

Ќерката на Мадона, Лурд Леон, иако има само 26 години, е во центарот на вниманието на светската јавност како наследничка на кралицата на попот.

Таа исто така многу рано влезе во светот на музиката, а кариерата ја гради под уметничкото име Лолахол, иако е многу поуспешна во светот на манекенството.

Зад себе веќе има неколку неуспешни љубовни врски кои го привлекоа вниманието на јавноста, а Лурд вели дека за неа љубовта е проклетство.

Ќерката на Мадона, Лурд Леон, иако има само 26 години, е во центарот на вниманието на светската јавност како наследничка на кралицата на попот.

Со години се шпекулира дали и се допаѓаат мажи или жени, а сега таа одлучи да стави крај на таа приказна.

- Би рекла дека мојот најголем грев е што сакам момчиња. Тоа е такво проклетство. Јас сум болно стрејт, тоа е ужасно. Посакувам да не беше така, но за жал, ова се картите што ги добив – изјави таа во интервју за „The Face“.

Летонија има нов претседател, тој е деклариран геј

Министерот за надворешни работи на Латвија, Едгарс Ринкевичс, беше избран во парламентот за нов претседател на земјата.

Шефот на латвиската дипломатија од 2011 година, 49-годишниот деклариран хомосексуалец ќе го замени Егилс Левитс, кој одлучи да не се кандидира за втор мандат.

„Ќе направам се за да ја направиме нашата земја просперитетна и безбедна“, рече Ринкевичс по гласањето во парламентот. Ринкевичс јавно се изјасни како геј во 2014 година. Тој беше првиот политичар во Латвија што го стори тоа. Летонскиот претседател има главно церемонијална улога.

Летонија е членка на ЕУ и НАТО и силно ја поддржува Украина во војната против руската агресија и нејзиниот пристап во ЕУ и НАТО. Украинскиот претседател Володимир Зеленски му честиташе на Ринкевичс за неговиот избор, велејќи дека тој е „вистински пријател на Украина“.

Летонија ќе биде во добри раце во следните четири години“, рече Левитс по изборот на неговиот наследник. Пред да стане министер за надворешни работи, Ринкевичс работеше како надворешнополитички аналитичар за јавното радио Латвијас Радио, а потоа работеше во Министерството за одбрана и Кабинетот на претседателот, пренесе Индекс.хр.

Огромен интерес за најскапиот телефон од „Google“

„Google Pixel Fold“ сега е подготвен за претпродажба, но изгледа дека топ моделот со 512 GB простор официјално го нема на залиха во САД.

Моделот со 512 GB е достапен само во обсидијан црна боја и покрај цената од 1.919 долари (1.899 евра), се чини дека е моделот што предизвикува најголем интерес кај купувачите.

Официјалната продавница на „Google“ сè уште го има на залиха „Pixel Fold“ од 256 GB во обсидијан и порцелан.

„512 GB Pixel Fold“ сè уште е достапен за нарачка однапред во ОК, Германија и Јапонија. Телефонот ќе биде пуштен во продажба на 27 јуни.

За потсетување, првиот телефон на „Google“ на преклопување – „Pixel Fold“ - се напојува со чипот „Tensor G2“, истиот процесор кој ја напојува серијата „Pixel 7“ и има импресивен систем со три камери на задната страна.

притисни ентер