Се реконструира втората фаза од улицата „Индира Ганди" во Шуто Оризари

Екипите на Град Скопје денеска ја почнаа втората фаза од реконструкцијата на улицата „Индира Ганди" во Општината Шуто Оризари. 

Обновата на вториот дел од оваа фреквентна сообраќајница е предвидено да заврши во рок од 50 дена.

– Како што ветивме минатата есен кога ја почнавме реконструкцијата на првата фаза од улицата „Индира Ганди", оваа пролет ја почнуваме реконструкцијата на втората фаза од оваа улица, и тоа во должина од 800 метри, од улицата „Бутелски венец" до улицата „Нов живот". Ќе биде заменет стариот асфалт кој е целосно уништен, ќе се заменат оштетените рабници, а ќе бидат реконструирани и тротоарите. Инвестицијата на Градот Скопје во овој проект изнесува околу 13,5 милиони денари со ДДВ, рече градоначалникот Петре Шилегов, на почетокот на градежните работи на улицата „Индира Ганди".

Тој нагласи дека во текот на реконструкцијата на оваа делница, во овој дел од градот ќе биде воведен привремен сообраќаен режим.

– Ги замолувам граѓаните за разбирање и за почитување на тој привремен сообраќаен режим, се со цел што е можно побрзо да завршиме со реконструкцијата на оваа улица која повеќе од 30 години не е реконструирана. Градот Скопје вложува во сите делови од градот зашто за нас сите граѓани се исти и имаат исти потреби од добра инфраструктура. На почетокот на оваа пролет, кога ќе почне сезоната за садење, овде ќе подигнеме и нов парк – прв парк кој што ќе го уреди Градот Скопје во Шуто Оризари за потребите на граѓаните, најави Шилегов.

Вработените во културните институции почнаа со протести

На денешниот протест беа присутни и вработени во културата од други градови, а поддршка добија и од други синдикални организации.

Како што најавија, вработените во културните институции и денеска повторно излегоа на протест пред Министерството за култура поради неисплата на мартовските плати на над 3000 вработени, а обвинуваат дека нема да го добијат и зголемувањето од 12% кое им следи согласно колективниот договор. Од Синдикатот на култура велат дека иако вчера имале средба со претставници од Министерството за финансии, таму не бил постигнат никаков договор, а најавија секојдневни протести пред Минстерството за култура до исполнување на нивните барања.

-Не убедуваа дека нас во овој момент не ни следува покачување согласно колективниот договор, бидејки ние во септември минатата година сме добиле 10% покачување од општиот колективен договор. Порачуваме на Министерството за финансии и на Министерството за култура ако ја направило грешката и не предвидело пари во буџетот согласно Колективниот договор за култура тоа да го стори и на овие луѓе овде да им исплати плата и здравствено осигурување во најбрз можен рок.- Вера Атанасовска – претседателка на синдикатот на култура

На денешниот протест беа присутни и вработени во културата од други градови, а поддршка добија и од други синдикални организации.

Вчера и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на вонредна седница најави и отпочнување на процедура за генерален штрајк во сите установи во дејноста култура, доколку не се реши нивниот проблем.

Пред две недели од Министерството за култура кажаа дека нема промени во општиот колективен договор, ниту во колективниот договор на Синдикатот за култура. Единствена промена била внесувањето на минималната плата во диспозитивот на договорот.

„Водостопанство“ бара пари од владата за плати и одржување на каналите

Без плата, одиме на штрајк. Менаџментот толерира четири општини да не плаќаат снабдување со вода, а ние едвај крпиме месец со месец.

Ова го порачаа вработените од АД Водостопанство на Македонија, кои излегоа на мирен протест, бидејќи се уште не ја добиле мартовската плата.

Разочарани се што, и покрај тоа што вработените во ова препријатие, како што велат, си ја извршуваат својата работа, но за тоа веќе не добиваат ништо. Тие се пожалија дека, иако побарале средба во Владата, досега не добиле никакво известување.

Од Синдикатот додадоа дека целата оваа ситуација може да предизвика поголеми проблеми за 30 илјади земјоделски семејства, кои можат да останат без водоснабдување.

Како што додадоа синдикаците од Водостопанство, граѓани од Куманово, Струмица, Тетово и Кавадарци повеќе години не плаќале снабдување со вода со што, како што додадоа од синдикатот, направиле штета врз претпријатието до 240 милиони денари.

Синдикатот на Водостопанство порача дека доколку не се решат нивните финансиски проблеми, ќе излезат на генерален штрајк во блиска иднина.

Уставниот суд на Хрватска пресече: Милановиќ не може да биде мандатар, ниту премиер

Уставниот суд на Хрватска одржа вонредна седница за изборот и ангажманот на претседателот Зоран Милановиќ во предизборната кампања.

„На 18 март, Уставниот суд го предупреди Милановиќ дека неговата кандидатура на листата на која било партија или листи и неговата номинација за кандидат за премиер е некомпатибилна со неговите овластувања како претседател. Тој беше предупреден дека мора да поднесе оставка доколку одлучи да се кандидира. Уставниот суд ги покани претседателот и СДП да престанат со активностите што се спротивни на Уставот“, рече на почетокот претседателот на Уставниот суд Мирослав Шепаровиќ.

Уставниот суд утврдува дека СДП постапила според предупредувањето на Уставниот суд, рече Шепаровиќ.

„Милановиќ го прекрши Уставот, не само што не ја почитуваше одлуката на Уставниот суд, туку се стави во позиција на учесник на изборите“, додава тој.

„Во текот на целата кампања постапуваше спротивно на Уставот“, велат оттаму, пренесува Индекс.

„Уставниот суд утврдува дека претседателот на републиката со своите изјави, без претходно да поднесе оставка, се стави во ситуација да не може да биде мандатар или премиер“, рече Шепаровиќ.

Тој додаде дека секој е должен да го почитува Уставот и законот.

„Уставот е пред сѐ. Претседателот навреме беше предупреден дека може да учествува во кампањата, но дека мора да поднесе оставка. Сега е готово. Тој повеќе не може да биде мандатар“, рече Шепаровиќ.

притисни ентер