Се расчистува голема дива депонија во Драчево

Градот Скопје во соработка со Општина Кисела Вода денеска почна акција за расчистување голема дива депонија во Драчево. 

На почетокот на активностите за расчистување на ова сметиште присуствуваа градоначалниците на Град Скопје и на општина Кисела Вода, Петре Шилегов и Филип Темелковски, како и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани.

Во општината Кисела Вода, во населеното место Драчево, преку јавните претпријатија на Град Скопје денеска започнуваме со расчистување на една огромна дива депонија создавана во изминатиот период, а која негативно влијае врз животната средина. Спроведуваме континуирана акција во Скопје, во изминатиов период расчистивме повеќедецениски депонии, како депонијата во Мичурин и депонијата во Визбегово, и секаде каде што просторните услови ни дозволуваа, наместо депонии сега на тие места имаме паркови во кои уживаат граѓаните. За десетина дена овде ќе бидеме целосно готови, овој простор ќе биде израмнет и ќе настапи системот кој што го воведовме во соработка со општините, а тоа е системот на засилен инспекциски надзор со цел радикално да ги казниме создавачите на вакви депонии и да не дозволиме животната средина да биде загрозена – рече денеска градоначалникот Шилегов.

Тој упати апел до граѓаните да ја чуваат животната средина и да не создаваат диви депонии, зашто, како што рече, кон Скопје треба да се однесуваме како да е наш дом.

Грижата за животната средина треба да е повеќестрана - од нас како институции од една страна преку чистење и засилен инспекциски надзор, но и од страна на граѓаните кои можат да придонесат за зачувување на животната средина – нагласи Шилегов.

Бочварски: На семејството на Верица ќе му биде доделен стан во Струмица

Министерот за транспорт и врски ,Благоја Бочаварски анјави на ФБ дека на семејството на трагично загинатата Верица , чии органи беа дадени за транпалнтација , ќе му биде доделен стан.

„Имајќи ја во предвид бескрајната хуманост на семејството Белчовски чија ќерка Верица трагично загина во сообраќајна несреќа, а нејзините органи беа донирани, како скромно оддолжување кон ова семејство, денеска на седница на Комисијата за станбени прашања при Владата со која претседавам, едногласно одлучивме да им биде доделен на користење стан во општина Струмица.

Семејството Белчовски ги поместија вредностите во општеството, а граѓаните на Македонија бескрајно им се благодарни за највисокиот чин на хуманост.“, напиша Бочварски на ФБ

ЦУК со едукативно бојно гаѓање по повод 7 Мај

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК),  Стојанче Ангелов денеска упати честитка по повод празникот на безбедноста во државата,  а истовремено учествуваше и на првото бојно едукативно гаѓање со пиштол за вработени во ЦУК.

Од ЦУК соопштуваат дека по повод Празникот на безбедноста 7 – Мај, е организирано и едукативно бојно гаѓање со пиштол за дел вработените во ЦУК на стрелиштето Камник.

Ова, додаваат, е прво вакво гаѓање во историјата на ЦУК и се предвидува да стане традиција и редовна активност, како едукативна, а и како активност за градење и подобрување на меѓучовечките односи во дирекцијата – ЦУК, како што е тоа вообичаено во современото демократско општество во светот.

Омразената водителка и стана цимерка на Моника од „Пријатели“ (ВИДЕО)

Кортни Кокс, најпозната по улогата на Моника во Пријатели, има нова цимерка.

Имено, познатата водителка Елен Деџенерис открила дека неодамна го продала својот дом во Беверли Хилс и се преселила кај Кортни, тврдејќи дека причина за тоа не биле проблемите со нејзината партнерка Портија де Роси.

"Немам брачни проблеми. Не живеам со Кортни Кокс затоа што ме избркаа од дома", изјавила водителката во својата емисија.

Кортни се пошегува дека не е најсреќна со својата нова цимерка.

"Бев нервозен затоа што ќе останеш таму, па ги префрлив сите работи на десната страна од бањата за да имам простор во фиоките. Навистина се подготвував за тебе", рече Кокс.

"И одеднаш гледам дека мојата четка не е на мојата страна и дека немам шминка. Ја презеде мојата страна. Лоша цимерка си", рече на шега Кортни.

„Портија ја презеде твојата страна“, одговорила Деџенерис, прифаќајќи ја шегата.


притисни ентер