Се повеќе Шпанци сакаат да се вакцинираат против корона

Шпанија на почетокот на пандемијата беше меѓу земјите со најмногу заразени.

Сега податоците велат дека Шпанците се меѓу највакцинираните народи.

Персоналот во мадридската болница Изабел Зендал вели дека им доаѓаат млади лица со желба за враќање на нормалниот живот. Шефот на медицинските сестри Фернандо Прадо објаснува дека младите знаат дека нормалниот живот со тоа им е поблизок.

Шпанија е четврта во ЕУ по процентот на вакцинирани.

Само пет проценти од жителите во Шпанија не сакаат да примат вакцина, многу помалку од 13 отсто во Франција или 19 отсто во САД, според анкетата на „Morning Consult“.

Главно поттикнување за вакцинирање е сеќавањето на првиот бран од пандемијата во Шпанија во март 2020 кога секојдневно умираа по 800 луѓе. Од тогаш Шпанија постојано бележи раст на вакцинираните иако на почетокот имало проблем со снабдувањето. По процентот на жители кои примиле барем една доза Шпанија е на 11 место во светот а на 4 место во Европа, според податоците на Ројтерс.

„Во својата стратегија против пандемијата, Шпанија фокусот го стави на вакцинирањети и луѓето поверуваа“, вели Квике Басат, научник од Глобалниот здравствен институт во Барселона. Но во послендите недели во некои региони е забележан раст на нови случаи и таму повторно е воведен полициски час.

Басат вели дека се пребрзо укинати рестрикциите во земјата и предупредува дека имунитет на стадо нема да биде достигнат додека не се вакцинираат 90 отсто од населението затоа што се шири позаразната делта варијанта. Но бројот на вакцинирани ресте и сите постари од 80 се во целост вакцинирани како и 84.4 отсто од постарите од 60, според податоците на владата. На подрачјето на Мадрид од 12 јули и помладите од 16 годиди че можат да си закажат термин за вакцинација, пишува Индекс.хр.

Сообраќајни казни за 152 возачи во Скопје

Во контролите во областа на сообраќајот во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, соопштија денеска од МВР.

Од изречените казни, за возење без возачка дозвола се 18, 25 мерки за некористење сигурносен појас, осум санкции за непрописно престројување на возила...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

На територија на цела Македонија 156 санкции за брзо возење

Во спроведената акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден се санкционирани 156 возачи, соопшти МВР.

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 73 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 83 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Реал поднесе жалба против судијата кој не ги регистрира навредите кон Винисиус

 Реал Мадрид поднесе жалба до Шпанската фудбалска федерација против главниот судија на натпреварот со Осасуна Хуан Мартинез Мунуера од 29. коло на Ла Лига.

Клубот од Мадрид излезе со официјално соопштение во кое велат дека побарале преглед на постапките на Мунуера. Според „Кралскиот клуб“, судијата намерно не ги забележал навредите упатени кон напаѓачот Винисиус и покрај тоа што тоа му го пријавиле други играчи на Реал Мадрид.

Реал поднесе жалба и до Државната комисија за борба против насилство, расизам, ксенофобија и нетолеранција во спортот.

За време на натпреварот кој го доби Реал со 4:2, навивачите на Осасуна скандираа „Винисиус, умри!“.

Бразилецот во победата на Реал учествуваше со два гола.

притисни ентер