Парк, кој беше пронајден мртов во шумски дел на Сеул во петокот, беше либерален и реформски, но и борец за правата на жените, а во еден момент и потенцијален кандидат за учество на претседателските избори закажани за 2022 година.
Без да се открие точната причина за смртта на Парк, полицијата соопшти дека нема причина да се сомнева во убиство, а градските власти соопштија дека градоначалникот оставил проштална порака во која изразил жалење и побарал неговото тело да биде кремирано.
Правниот застапник на поранешната секретарка на Парк, која наводно била сексуално малтретирана, изјавил дека извештајот против градоначалникот е доставен во полицијата на 8 јули, ден пред неговата ќерка да го пријави исчезнувањето.
Адвокатот рече дека Парк испратил пораки и фотографии до поранешната секретарка, вклучувајќи ги и оние чие испраќање се сметало за сексуално вознемирување, како и дека градоначалникот го изложил својот клиент на несакан физички контакт, пренесува АП.