Се оженил со својот автомобил Буба

Да се сакаат автомобилите е дна работа, но да се има сексуален однос со нив, тоа е нешто друго.

Едвард Смит од местото Јелм во Вашингтон е човек кого сексуално го привлекуваат автомобилите, а сега конечно си ја пронашол и својата животна сопатничка. Овој механофил одлучил да се ожени со својата Фолксваген Буба Ванила, стара 30 години.

Механофили се личности кои сексуално се возбудуваат на машини како што се автомобили, авиони и возови.

Едвард во изминатите 45 години во кревет однел речиси илјада љубовници, но само една од нив била вистинска жена. Сите останати биле лимени убавици на четири тркала. Открил дека невиноста ја изгубил со Бубата на соседот, а имал незаборавен однос и со Астон Мартин.

„Додека другите мажи ги загледуваат женските задници и гради, јас гледам хауби и багажници“, рекол Едвард.

Како што истакнува тој, неговата врска со Ванила е пред се отворена. Сепак стариот лисец не може да им одолее ниту на другите автомобили што ги поседува, Опел ГТ од 1973 кого го вика Цимет и Форд Ренџер со име Сплеш.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче наместо да се крие зад штури соопштенија, да се извини за случајот Геријатрија

Венко Филипче и СДСМ немаат ниту минимум доблест да признаат грешка и да понесат одговорност, како што тоа се прави во остатокот земјите во светот, но и во регионот.

Венко Филипче и СДСМ се директно виновни за сите заболени во Геријатрија, но и за потенцијалните жртви во иднина.

Појавата на Ковид 19 во Геријатриска установа, каде што се сместени стари и изнемоштени лица, со хронични заболувања е темпирана бомба за сите стари лица кои се згрижени во истата. И причинителот на опасноста е Венко Филипче, кој не презел чекори во насока да се спречи појавување, а тоа требало да го направи со засилени контроли и протоколи при влез, мерки за заштита и тестирања.

Во здрава држава Филипче ќе си поднесе оставка, ќе имаше истрага за пропустите за корона кластерот во геријатрискиот центар и владата ќе се извинеше за пропустите. Народот вели ем крив ем боде.

Наместо воспоставување на систем за заштита во здравствените установи, Венко Филипче изминатиот период беше насочен на кампањата на Заев и СДСМ, а граѓаните и пациентите, паднаа во втор план.

Наместо да се крие зад штури соопштенија, Филипче да излезе и да се извини за пропустите кои се негова вина, но и да преземе одговорност за истите.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Берлин и Париз напуштија преговори за СЗО поради САД

Германија и Франција ги напуштија преговорите за реформата на Светската здравствена организација , фрустрирани од обидите на САД да ги водат преговорите, иако Вашингтон одлучи да ја напушти таа организација.

Нивниот потег е удар за американскиот претседател Доналд Трамп затоа што вашингтон, кој моментно е претседател на Г 7, се надеваше дека ќе објави план за сеопфатна реформа на СЗО во јуни, два месеца пред претседателските избори во САД.

Никој не сака да биде вклучен во реформскиот процес и да добие нацрт од земја што штотуку ја напушти СЗО“, вели висок европски функционер што учествува во преговорите.на прашањето за потврда на одлуката на Париз и Берлин, портпаролите на Германија, Франција, Велика Британија и Италија немаа коментари.

Сепак, француското министерство за здравство објави дека САД не треба да бидат лидер во реформата на СЗО, бидејќи тие имаат намера да ја напуштат таа организација.

УХМР: Попладне, како и во вечерните и ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Управата за хидрометеоролошки работи и за денеска попладне најавува можност за невреме во Скопје и низ Македонија со пороен дожд и услови за појава на град.

притисни ентер