Се одложува ротацијата на премиерското место во Романија поради штрајкот на наставниците

Нема да поднесам оставка како премиер на Романија и нема да има ротација на владата додека не ги решиме проблемите со образованието и не прекине штрајкот на наставниците. 

Ова на вонредна прес-конференција го соопшти актуелниот премиер на државата, Николае Чука, заедно со другите двајца лидери на владината коалиција - претседателите на Социјалдемократската партија и на Демократскиот сојуз на Унгарците во Романија.

Чука денеска требаше да се повлече од премиерската функција за да му ја предаде палката на претседателот на Домот на пратеници и лидер на социјалдемократите Марсел Чолаку и да ја изврши ротацијата на власта меѓу коалициските партнери.

- Нема да поднесам оставка и да бегам од одговорност додека не се реши кризата, нагласи Николае Чука. Тој информира дека од 2022 година до денес се издвоени осум милијарди леи за реформи во образованието и апелираше на рационалност до наставниците кои протестираат.

- Тоа се проблеми наталожени со текот на времето, 30 години. Не можеме веднаш да ги доделиме парите што ги бараат, додаде Чука.

Романскиот премиер истакна дека благодарение на воспоставената стабилна коалиција и политичката стабилност, земјата досега можеше да се справи со енергетската криза и да се справи со последиците од војната во Украина и ефектите од инфлацијата. Николае Чука информира дека во првиот квартал од годинава Романија имала трет највисок економски раст во Европската Унија.

Чука беше поддржан од неговиот иден наследник на функцијата - Марсел Чолаку, кој изјави дека најавената одлука е исправна и дека промените во владата не можат да се вршат во тензична атмосфера.

„Тоа е одлука што ја носиме заедно. Прифативме дека приоритет број еден во владината програма се наставниците и здравствениот систем. Заедно ќе продолжиме, јас ја претставувам законодавната власт, вие ја претставувате извршната власт, ќе се обидеме да го решиме овој проблем, но мора да имаме и баланс“, рече претседателот на Домот на пратеници и лидер на Социјалдемократската партија.

Вештачката интелигенција би можела да доведе до изумирање на човештвото?

Медиумското покривање zа наводната „егзистенцијална“ закана од вештачката интелигенција се зголеми од март 2023 година.

Вештачката интелигенција може да доведе до исчезнување на човештвото, предупредија експерти, вклучително и директорите на истражувачките лаборатории за вештачка интелигенција „ОпенАИ“ (OpenAI) и „Гугл дипмајнд“ (Google Deepmind), додека десетици други ја поддржаа изјавата објавена на веб-страницата на Центарот за безбедност на вештачката интелигенција.

Во изјавата се наведува дека ублажувањето на ризикот од истребување од вештачката интелигенција треба да биде глобален приоритет заедно со другите општествени ризици како што се пандемиите и нуклеарната војна. Додека друуги експерти тврдат дека стравовите се претерани.

Таа изјава беше поддржана од извршните директори на производителот на „ЧетГПТ ОпенАИ“, Сем Алтман, на „Гугл Дипмајнд“, Демис Хашабис и на „Антропик“ (Antropic), Дарио Амодеи.

Додека за професорот од Њујоршкиот универзитет Ијан ЛеКун, кој заедно со Хинтон Бенџо важат за „кумови на вештачката интелигенција“, таквите апокалиптични предупредувања се претерани.

Многу други експерти на сличен начин веруваат дека стравувањата дека вештачката интелигенција ќе го уништи човештвото се нереални и го одвлекуваат вниманието од прашања како што е пристрасноста во системите, кои веќе се проблем.

Компјутерски научник од Универзитетот Принстон, Арвинд Нарајанан претходно изјави дека сценаријата за катастрофа слични на научна фантастика се нереални.

- Сегашната вештачка интелигенција не е ниту блиску до доволно способна да ги материјализира овие ризици. Како резултат на тоа, се свртува внимаието од краткорочните штети од вештачката интелигенција, посочи Нарајанан.

Медиумското покривање zа наводната „егзистенцијална“ закана од вештачката интелигенција се зголеми од март 2023 година, кога експерти, вклучително и директорот на Тесла, Илон Маск, потпишаа отворено писмо со кое повикува на запирање на развојот на следната генерација на технологија за вештачка интелигенција.

Во писмото се прашува дали треба да „развиваме нечовечки умови, кои на крајот би можеле да нè надмудрат и да не заменат“.

Вознемирувачко видео: Девојка убиена во Индија. Таткото: Луѓето снимаа наместо да и помогнат

Девојка (16) во неделата беше брутално избодена и претепана до смрт на прометна улица во главниот град на Индија, Њу Делхи, што предизвика нов бес поради безбедноста на жените во земјата и насилството извршено од мажи.

На снимката од инцидентот, кој трае повеќе од една минута и е снимен со безбедносна камера, се гледаат повеќе луѓе како одат во близина додека напаѓачот постојано ја удира жртвата. Прикажан е само еден маж кој се обидува да го тргне напаѓачот од жртвата пред брзо да се повлече.

Видеото може да биде вознемирувачко за некои читатели!

Телото на жртвата е пронајдено во неделата вечерта во областа Шахбад Даири во северниот дел на населбата Рохини, каде што се случил инцидентот, пишува Си-Ен-Ен. Вчера попладне индиската полиција соопшти дека уапсила маж осомничен за убиство.

Станува збор за механичар кој бил приведен во Буландшахр, во соседната држава Утар Прадеш, изјави за новинарите Рави Кумар Синг, заменик началник на полицијата.

"Ја видов ќерка ми како лежи на земја со лицето на земја. Нејзините органи излегоа, а главата и беше смачкана. Лежеше безживотно. Немаше смисла да ја однесам во болница", рекол таткото на девојчето во интервјуто за Си-Ен-Ен.

"Лут сум што никој не и помогна на ќерка ми. Да и помогнаа, денес ќе беше жива. Слушнав и дека случајните минувачи биле зафатени со снимањето на инцидентот. Дури и да врескаа, тоа ќе и помогнеше на ќерка ми", заклучил таткото.

Како изгледа најмоќниот „Brabus“ во историјата?

Чини како Ферари или Ламборџини.

Најновиот „Brabus“ е базиран на „Mercedes-AMG GT 63 S E Performance“, најмоќниот модел во гамата на германскиот производител.

Во „Brabus“, пак, тој модел ја добива ознаката „930“, што јасно навестува дека се работи за автомобил кој навлегува на територијата на хипер спортските автомобили.

„Стандардниот“ „4.0 V8“ сега добива две нови турбини, а „Brabus“ го додаде својот „PowerXtra“ модул со нова контролна електроника.

Епилогот е зголемување на максималната моќност од 842 на дури 930 КС! Уште поимпресивен е фактот што на возачот му се нуди максимален вртежен момент од 1550 Nm.

Официјалните податоци велат дека „Brabus 930“ до 100 км/ч достигнува за 2,8 секунди, додека максималната брзина е 316 км/ч.

Купувачот ќе добие и дополнителна аеродинамична галантерија, како и титаниумски издувен систем „Brabus“, со режим на работа „coming home“ за да не се разбуди соседството на пат кон дома.

Поставен на тркала од 21 инчи напред и 22 инчи назад, со гуми „Continental SportContact 7“, „Brabus 930“ има и надградена внатрешност во споредба со стандардниот модел на „Mercedes-AMG“.

Секако, постојат бројни опции за персонализација, но имајте на ум дека во „Brabus“ нема евтини додатоци. Доволно е да се каже дека почетната цена на овој модел е 323.435,45 евра.

притисни ентер