Се одложи судењето за меѓународен сојуз, Ременски бара изземање на Вилма Русковска

Бојан Јовановски познат како Боки 13 и пратеничката Фросина Ременски денеска требаше да  седнат на обвинителна клупа на судењето за „Меѓународен сојуз“, во Кривичниот суд, но судењето утринава се одложи.

Пред судот е Михаела Димовска.

Кои се причините за одлагање на судскиот процес?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

-Денеска пред почетокот на судското рочиште за „Меѓународниот сојуз" во кое сум третообвинета поднесов барање за изземање на застапникот на обвинението Вилма Рускоска пред државниот јавен обвинител, затоа што се сомневаме во сите фази во предистрагата, истрагата и оценката на обвинителен акт. Имаме цврсти докази за тоа дека постои селективност во постапувањето на основниот јавен обвинител што го застапува обвинението преку кршење на основните права на одбраната во овој случај на мене, меѓутоа и во делот на попречување на правдата, која што е во надлежност на постапување на други институции.Меѓутоа тоа можеби и не е најстрашниот дел во целото постапување на јавната обвинителка имајќи во предвид дека таа раководеше и издаваше наредби за незаконски претрес во мојот дом за што постојат повеќе од 16 докази приложени во самото барање за изземање до државниот јавен обвинител за што секако е прифатена и тужба пред Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур, истакна Ременски.

Продолжува и утре сослушувањето на Тачи во Хаг

Трет ден по ред ,претседателот на Косово, Хашим Тачи е сослушуван во Специјалното обвинителство во Хаг, пренесува „Косово онлајн“.

По сослушувањето, кое траело скоро седум часа, Тачи не разговарал со новинарите.

Тачи утре ќе се појави во Специјалното јавно обвинителство во Хаг, каде ќе продолжи интервјуто со него, јавува приштинската телевизија Клан Косово.

Тачи од понеделник е на распит во Хаг во врска со обвинението за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени на Косово.

Специјалното обвинителство на Косово, со седиште во Хаг, поднесе обвинение по десет точки, на 24-ти јуни, во кое се обвинети Тачи, лидерот на Демократската партија на Косово, Кадри Весељи и други, за голем број злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучително и убиства, присилно исчезнување, прогон и мачење.

Во обвинението се тврди дека Тачи, Весељи и другите осомничени во обвинението се кривично одговорни за скоро 100 убиства.

Тачи мина повеќе од 12 часа во понеделникот и вторникот во зградата на судот во Хаг, заедно со неговите адвокати.

На првиот ден по сослушувањето, тој изјави дека цело време ги слушал техничките прашања поставени од претставниците на обвинителството и неговиот законски застапник, додека тој вчера не се обратил до новинарите.

Специјалното обвинителство сè уште не се огласи за престојот на Тачи во Хаг.

Рамос доби над милион лајкови за еден час : Навистина имаш 34 години ?

Сергио Рамос сè уште игра врвен фудбал на 34-годишна возраст, водејќи го Реал Мадрид до нова титула оваа сезона со постигнати 12 голови на 42 одиграни натпревари.

За еден дефанзивец, овие се натпросечни бројки, но Реал и шпанскиот капитен се извонредни во тоа.

Колку е физички способен и моќен, може лесно да се види од неговиот последен пост на Инстаграм.

„Наш е редот, ајде да го добиеме “, напиша Рамос алудирајќи на круцијалниот натпревар утре против Виљареал во кој Реал, во случај на победа во Мадрид, ќе обезбеди победа во Ла Лига.

На Рамос му стигна коментар на фотографијата од официјалниот профил на Ла Лига:

"Дали навистина си 34-годишник?"

Фотографијата собра над еден милион и сто илјади лајкови за еден час.

притисни ентер