Се испитува примерокот за мајмунски сипаници од сомнителен пациент

Во Институтот за јавно здравје во тек е испитувањето на примерокот земен од пациент од Кичево кој се води како сомнителен случај со мајмунски сипаници. 

Се очекува во текот на денот здравствените власти да информираат дали пациентот е заразен со мајмунски сипаници.

Доколку се потврди, тоа ќе биде првиот регистриран случај во земјава.

Во текот на вчерашниот ден до Институтот за јавно здравје беше доставен примерокот за тестирање. Пациентот e од Кичево и тој пред неколку дена добил осип на телото, што е еден од симптомите на мајмунските сипаници.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски вчера изјави дека пациентот е во добра здравствена состојба.

Вчера, состанок одржа и Комисијата за заразни болести која препорача воведување на изолација во домашни или болнички услови за сите сомнителни и потврдени случаи и секојдневно епидемиолошко следење на лицата кои имале контакт со потврдени случаи.

– Комисијата за заразни болести препорача воведување мерки изолација/карантин и тоа изолација во домашни или болнички услови на сомнителните случаи за мајмунски сипаници до нивно тестирање, изолација на потврдени случаи во домашни или болнички услови до завршување на болеста или зацелување на крастите, секојдневно епидемиолошко следење на контакти на потврдени случаи со мајмунски сипаници за време на траење на инкубацискиот период од 21 ден, соопштија од КЗБ.

Комисијата ја повтори и препораката до Министерството за здравство да се преземат сите неопходни превентивни мерки.

Ново чудно убиство во Москва: Телото на човекот, експерт за руски проектили, фрлено на снег

Михаил Шацки, програмер кој учествувал во модернизацијата на крстосувачките ракети за руската армија, е убиен во Москва, јавува украинската телевизија Суспилна, повикувајќи се на публикацијата на украинскиот новинар Александар Невзоров.

Шацки бил шеф на софтверскиот оддел на Марс Дизајн, подружница на државната компанија Росатом, која се занимава со експериментален дизајн. Според украинската телевизија, Шацки бил вклучен во модернизацијата на крстосувачките ракети Х-59 на ниво Х-69, како и во развојот на нови беспилотни летала, објави Невзоров и додаде дека е „виновен за смртта на илјадници невини Украинци. “, пренесува Индекс.

Оваа информација во јавноста ја потврдија извори во специјалните служби, пренесува Suspilne. Низ социјалните мрежи се прошири и видео на кое наводно се гледа телото на Шацки на снегот.

Невзоров објави дека Шацки бил убиен во операција на ГУР, украинската воена тајна служба на чело со Кирило Буданов.

"Буданов има долга рака. Се чини дека никој од оние кои се виновни за геноцидот врз Украинците нема да умре од природна смрт. Денеска силите на ГУР во Москва елиминираа особено штетен криминалец - заменик-главниот дизајнер, шефот на софтверот оддел за дизајн на Марс, Михаил Шацки“, напиша Невзоров.

Марс разви системи за автоматска контрола и навигација за авиони и вселенски возила за руската војска. Од декември 2017 година, компанијата работи како дел од државната корпорација Росатом. Пред тоа Марс беше дел од државната компанија Роскосмос.

На 20 години затвор е осуден таткото на масовниот убиец во Србија, негово било оружјето

Таткото на масовниот убиец Урош Блажиќ е осуден на максимална затворска казна од 20 години за две кривични дела кои ги товари обвинителството.

Радиша е осудена на 12 години затвор за кривично дело неовластено држење и пуштање во промет оружје и распрскувачки материјали и 10 години затвор за тешко кривично дело против општата безбедност, објави српски Телеграф.

Казната што му е изречена е единствена казна изведена од две поединечни казни што му се изречени.

Судот го осудува обвинетиот Радиша Блажиќ на единствена затворска казна од 20 години, вклучувајќи го и времето поминато во притвор.

Бајден за еден ден помилува повеќе затвореници, отколку кој било претседател досега (ВИДЕО)

Американскиот претседател Џо Бајден помилува 39 Американци осудени за ненасилни злосторства и им ги ублажи казните на речиси 1.500 други.

Белата куќа наведува дека ова е најголемиот број помилувања и комутации издадени во еден ден од американски претседател. Имињата на помилуваните не се објавени, јавува Би-Би-Си. Уставот на САД му дава на претседателот широки овластувања да дава одложувања и помилувања за прекршоци против САД, освен во случаи на импичмент.

На почетокот на овој месец, Бајден предизвика контроверзии со помилувањето на неговиот син Хантер, продолжувајќи го неодамнешниот тренд на претседатели да помилуваат блиски соработници. Одлуката предизвика контроверзии бидејќи претседателот во заминување претходно ја отфрли можноста за таков потег. Сепак, Бајден тврдеше дека дејствијата против неговиот син биле политички мотивирани од самиот почеток.

Во објавувањето на новата одлука, Бајден рече дека помилуваните покажале успешна рехабилитација и посветеност на зајакнување и чување на нивните заедници безбедни. Нивните пресуди вклучуваат дела поврзани со дрога.

Намалените казни се однесуваат на стотици луѓе кои биле ставени во домашен притвор за време на пандемијата на коронавирус и на кои, според мислењето на Бајден, им биле изречени претерано долги казни. „Покажаа дека заслужуваат втора шанса“, изјави се уште актуелниот претседател.

Меѓу оние кои добија помилување се одликуван воен ветеран и пилот кој им помагал на членовите на неговата црква, медицинска сестра вклучена во дистрибуцијата на вакцини против коронавирусот и советник за зависности. Бајден најави дополнителни чекори во наредните недели.

Претседателот ќе ја напушти Белата куќа на 20 јануари 2025 година, кога ќе биде инаугуриран неговиот наследник Доналд Трамп.

Бајден претходно имаше репутација на претседател кој помилуваше помалку луѓе од повеќето негови претходници во модерната историја на САД. На пример, за време на неговиот прв мандат во Белата куќа, Трамп издаде 237 помилувања. Меѓу нив имало 143 помилувања и 94 намалени казни. Многу од тие одлуки беа донесени непосредно пред неговото заминување од функцијата.

притисни ентер