Се интезивира масовна вакцинација против ковид -19

Со распределба на 200 илјади вакцини „Синофарм“ во Скопје и шест други градови низ државата од денеска почнува интензивно имунизација против ковид 19. 

Дедо Наум од Охрид кој има 90 години е првиот вакциниран во импровизираниот пункт во салата „Билјанини извори“. Со него започна процесот на масовна имунизација за овој регион кој освен охриѓани ги вклучува и граѓаните од Кичево, Ресен и Дебар. Според координаторот на процесот за имунизација во Охрид, Д-р Горан Баловски, засега „сè оди како по лента“, а тука се вакцинира со „Синофарм“.

И одговорните од Битола велат дека без проблеми минува првиот ден на имунизацијата која се спроведува во салата на медицинското училиште.

Но, сликата во Скопје е нешто поинаква. Граѓаните реагираа на гужви пред салата „Борис Трајковски“ оти како што им објасниле, паднал системот.

Од Министерството за здравство за Канал 5 потврдуваат дека имало проблем со системот МојТермин, но велат дека истиот за 15 сетина минути бил надминат. Оттаму додаваат дека вакцинацијата во ниту еден момент не застанала, туку, податоците на граѓаните се заведувале рачно.

Во однос на кинеската вакцина со која и официјално стартуваше масовното вакцинирање имунолозите советуваат граѓаните да бидат внимателни до шест недели по примената втора доза „Синофарм“, бидејќи оваа вакцина малку побавно создава антитела за разлика од „Фајзер“ и „Спутник“.

Масовната имунизација се спроведува во седум сали на ниво на држава. Освен во Скопје, Охрид и Битола, вакцинацијата тече и во Куманово, Штип, Тетово и Кавадарци. Здравствените власти велат дека целта е да се постигне темпо до 15.000 боцкања на ден.

Пет тела пронајдени во куќа во Оклахома, полицијата се сомнева дека станува збор за убиство

Телата на пет лица, меѓу кои две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција. 

Поручникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите се членови на едно семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува Ен-Би-Си Њуз.

Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.

-Полицијата беше испратена во дом на околу 20 милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека содржи тела, рече Најт.

Според него, на сите тела имало повреди кои изгледаат како да се работи за убиство. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Пржена пастрмка

Во понеделник (22.04.2024) во емисијата гостин ни беше Петар Нечовски.

Состојки за денешниот рецепт:

2 пастрмки

4 лажици пченкарно брашно

5 лажици бело брашно

малку магдонос за украсување

1 црвен домат

мајонез, лимон

сув зачин, сол, бибер

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Американскиоот Сенат гласа за помошта за Украина

„Задачата пред нас е итна. Повторно е на Сенатот да испише историја “, рече лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел.

Американскиот Сенат денеска треба да гласа за големиот пакет помош за Украина, што се очекува речиси сигурно да биде одобрен бидејќи Претставничкиот дом даде зелено светло за помошта со широка двопартиска поддршка по неколкумесечни расправи.

Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, чија партија тесно го контролира тој дом на Конгресот, во саботата рече дека „крајот на дебатата“ за пакетот помош сега е на повидок и дека договорот е „одреден“ за гласање во вторник.

„Задачата пред нас е итна. Повторно е на Сенатот да испише историја “, рече лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел.

Конечниот пакет, што предвидува 95 милијарди долари вкупна воена помош за американските сојузници, вклучително и пари за Израел и за Тајван заедно со 61 милијарда долари за Украина, се очекува да стигне кај претседателот Џо Бајден за негово одобрување до крајот на неделата.

Гласањето во Сенатот треба да оди непречено, без да мора да се справува со комплицираните преговори и несогласувањата со кои се занимаваше Претставничкиот дом под контрола на републиканците. /МИА

притисни ентер