Се дискутира за целодневната настава, вели Царовска

Откако ќе имаат конечна информација ќе ја соопштат до јавноста.

Министерката за образование и наука Мила Царовска на денешната прес-конференција соопшти дека за целодневната настава се прават дискусиии и со Комисијата за заразни болести и со Министерството за труд и социјална политика заради можноста децата да добијат одредена заштита по завршување на часовите. Откако ќе имаат конечна информација ќе ја соопштат до јавноста.

Таа денеска одговори на новинарско прашање, што со оние дечиња до трето одделение кои ќе посетуваат физичка настава, која ќе трае до 10:30, дали имаат решение за нивно згрижување, со оглед на тоа што родителите треба да се на своите работни позиции.

-Протоколите за отворање на училишните и студентските домови се во Комисијата за заразни болести. Двете министерства разговараат за оние прилагодувања што треба да се направат за на крајот да може Комисијата да ја донесе конечна одлука. Штом Влдата ја донеесе одлуката, каква и да е, јавноста ќе биде известена, рече Царовска во врска со отворањето на студентските домови.

За платите во високото образование, Царовска рече дека сите плати се пуштени на второ ниво и веројатно самите универзитети ги распоредуваат платите по факултети. Зошто некаде има доцнење, таа смета дека треба да се праша веројатно во ректорската управа. Појасни дека при преземањето на функцијата требало неколку дена за поставување на исплатни картони, за поставување на нејзиниот потпис во Централниот регистар за да може да почне да се врши исплатата, како и контрола на системите кои се во Министерството, од нејзина страна за да може да овласти луѓе кои ќе ги примпремаат сите плати. Царовска вели дека од 5 до 7 во месецот ќе има исплата на сите платите.

Одговарајќи на новинарско прашање, Царовска рече дека пред нив има многу предизвици, и пристап до интернет конекција и пристап до дигитална опрема.

– Да се инвестирало во изминатите 15 години доволно во образованието денеска овие проблеми немаше да ги имаме и да се внимавало каков тип на договори се склучуваат за пристап до интетнет, нагласи Царовска.

Информира дека се сретнала со градоначалниците и со директорите на училиштата и дискутирале главно за тоа дека обврската за функционалност на објектите и за пристапот е на нивна одговорност. Тие, како што рече, прават максимум да склучаат договори за да имаат интернет за наставниците.

-Дали ќе имаме деца кои ќе немаат ИКТ опрема и интернет, ќе имаме такви. За интернет се трудиме да обезбедиме донација, но за ИКТ опрема нема да можеме да обезбедиме 40 илјади уреди кои ќе бидат доставени до сите деца. Но, затоа се трудиме да обезбедиме сите 15-минутни часови кои веќе се снимени и ќе бидат поставени на платформата, за секој случај да може да се презентираат и на националната телевизија по распоред за да може секое дете да биде изложено на информациите кои треба да ги добие во училиште. Секако, училиштето ќе треба да печати материјали кои преку родителите ќе бидат доставени до децата, рече Царовска./МИА

ВМРО-ДПМНЕ вечерва на извршен и централен ќе ги утврдува пратеничките листи

На изборните листи на ВМРО-ДПМНЕ ќе има чесни, професионални и храбри лица, уверува партискиот лидер Христијан Мицкоски, а вечерва целосниот список од 120 кандидати за пратеници ќе биде тема на дебата на седници на извршен и централен комитет. 

Веќе се шпекулира дека на листите ќе се најдат повеќемина од актуелната пратеничка група на опозициската партија, но официјална потврда се очекува в сабота на најавената промоција на кандидатите. Мицкоски најави позитивна кампања, од противкандидатите очекувал клевети и опструкции, но сепак очекувал победа за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ.

Победа очекува и спротивниот табор - најавено е дека в недела ќе ја презентираат партиската програма со која ќе влезат во изборната трка. Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски негира дека за листите во неговата партија имало несогласувања, како што се шпекулираше за време на нивните партиски состаноци кога ги гласаа минатиот викенд.

Покрај СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, свои листи најави Европскиот фронт предводен од ДУИ, албанската опозиција на Касами, Гаши и Меџити - „ВРЕДИ“, Левица, Движењето „ЗНАМ и Коалиција „Храбро“.

Дел од нив деновиве ги претставија носителите, а крајниот рок за доставување на целосните листи во Државната изборна комисија е вторник, 2 април.

Зголемен број хоспитализирани деца во кумановска болница

Зголемен е бројот на хоспитализирани пациенти на детското одделение во општата болница Куманово, информираа денеска надлежните од јавната здравствена установа.

Најголем процент на хоспитализираните се деца заболени од вируси, но и дечиња кои имаат алергиски реакции, неколкумина се заболени од „голема кашлица“.

Болнички се лекуваат 20 деца, дневно на одделението има и по 50-тина деца од новороденчиња до десет години. Оние со потешка клиничка слика, пневмонии се хоспитализирани, останатите со полесна клиничка слика се лекуваат на дневна болница.

- Пролетната сезона почна и се зголемува бројот на деца кои имаат вируси и алергиски реакции. Во моментов имаме и деца заболени од „голема кашлица“-пертусис, изјави началничката на детското одделение д-р Ферихан Бајрами.

Родителите ги носат децата и барата помош од педијатрите за зголемена телесна температура, кашлица која прогресира во потешки компликации, со опструкции, пневмонии.

- Последно време имаме дечиња заболени од пертусис. Најголем процент се деца на училишна и предучилишна возраст, но и новороденчиња кои поради возраста не можат целосно да бидат вакцинирани, ниту со прва, ниту со втора доза. Ако родителите забележат покачена температура, кашлица, веднаш да се извршат испитувања и ПЦР метода за пертусис што се прави во лабораторијата и веднаш да се изолира детето и да се почне со соодветна терапија, вели докторка Бајрами.

И алергиските реакции предизвикуваат проблеми кај децата. Симптомите појаснува педијатарот се кивање, кашлица која е сува и надразнителна, бистра носна секреција, затнато носе, чешање на нос и очи.

- Во моментов се инхалаторни полен, цветови, прашина. Потребно е да се направат алерголошки испитувања. И во болницата нудиме таков тест преку крв, кажа Бајрами.

Педијатрите препорачуваат здрава, балансирана исхрана, внес на витамини. Одделението е добро екипирано и можат да се справат со зголемен број на заболени деца.

Приведено и трето лице за убиството на лекарот од Железара

Трето лице е приведено под сомнение дека е поврзано со убиството на докторот од скопска Железара. 

Се уште трае распитот на двете лица кои вчера биле приведени во врска со убиството на лекарот од скопска Железара, додека трае распитот имало и претрес во домовите на приведените за поврзаност со убиството, потврдуваат од Јавното обвинителство за Канал 5. Вчера министерот за внатрешни работи Тошковски изјави дека има осомничени и дека во текот на денешниот ден ќе има повеќе информации.

Министерот посочи дека се презмени 20 истражни дејствија и дека се прегледани се снимките на над 50 камери и видео записи. Според првичните наоди, мотивот за убиството не е поврзан со професијата на убиениот.

Шеесет и седумгодишен лекар минатата недела беше пронајден избоден до смрт со девет убоди во неговиот автомобил паркиран пред поликлниката Железара каде имал приватна ординација во поликлиниката „Железара“.

Докторот во автомобилот бил пронајден од неговите синови кои заминале на работното место на нивниот татко бидејќи не се вратил од работа по завршувањето на втората смена во ординацијата.

притисни ентер