Се чека извештајот на МВР, дали Собранието ќе го расчисти случајот „Онишченко“

Се уште не е познато кога директорот на АНБ Виктор Димовски ќе продолжи со отчетот за случајот „Онишченко“ пред собраниската комисија за надзор над работата на безбедносните служби.

Се уште не е познато кога директорот на АНБ Виктор Димовски ќе продолжи со отчетот за случајот „Онишченко“ пред собраниската комисија за надзор над работата на безбедносните служби, откако пред една недела расправата беше прекината поради протекувањето на тонот од затворената седница на собранискиот Јутуб канал. Од МВР велат дека работат на расчистување на случајот. Претседателот на комисијата Љупчо Пренџов, пак, повика истрагата за ова да заврши побрзо за седницата да продолжи. Тој уверува дека на расправата ќе се побараат сите одговори, вербални и материјални, за тоа како контроверзниот Украинец добил дозвола од АНБ да се стекне со македонско државјанство.

„ Сакам да ја повикам МВР овој случај да го расчисти побрзо зошто времето ни е многу важно. Ничија глава политички не бараме, овој е голем срам за државата, граѓаните немаат доверба во институциите, а сега партнерите од нато ќе немаат доверба во нашите служби. Како комисија ќе бараме до последниот кој што е вклучен а колку луѓе се не знаеме да си одговара за тоа што и е направено на државата и во тоа можете да бидете сигурни. “,Љупчо Пренџов – Претс. на собраниската комисија за надзор над работата на АНБ.

Онишченко во изјава за „Слободен печат“ вели дека македонската коњичка федерација го побарала за да им помогне да се организира тим и тој да купи коњи. Додава дека политичари во Македонија не познава, и вели дека тој се занимава само со спорт и инвестициски бизнис.

- Целиот овој скандал е поттикнат затоа што мислат дека ќе влезам јас во Македонија и ќе им го земам бизнисот со гас. Кажете им дека само со спорт се занимавам. И со инвестициски бизнис. Никаков енергетски бизнис не ме интересира. Имав некои планови да купам банка во Македонија, ама нема да купам, ако вака одат работите и понатаму.- Олександр Онишченко за „Слободен печат“.

Владата започна постапка за одземање на државјанството на Олександр Онишченко по член 14 од Законот за државјанство, во кој што е наведено дека дал погрешни исправи или неточни информации.

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа одговрност за овој случај и обвинија дека Онишченко добива македонско државјанство во мај годинава, кога Ковачевски е веќе пет месеци премиер. Според партијата, АНБ и МВР морале да го информираат Ковачевски дека даваат државјанство на лице на црна листа на САД, и лице по кое трага Украина.

Наместо забава за откривање на полот, таткото завршил во болница- снимка со 32 милиони прегледи

Иако настаните за откривање на полот во повеќето случаи се возбудливо и посебно искуство за родителите и поширокото семејство и пријателите, понекогаш тие можат да тргнат наопаку.

Така, една трудница случајно му го скршила носот на својот сопруг и идниот татко кога дознала дека во нивното семејство ќе се приклучи девојче.

Видеото набрзо стана вистински хит на социјалните мрежи, а моментално има повеќе од 32 милиони прегледи и еден милион коментари.

Како што може да се види на видеото, воодушевената трудница среќно скокнала кога дознала дека носи девојче, но случајно со главата го удрила сопругот во носот и му го скршила. Сето ова, секако, го снимиле камерите и видеото набрзо се појави на TikTok.

@gender.reveal.tv Breaking my husband’s nose at our gender reveal 🙃🎀 #genderrevealfail #notactuallybroken #18weekspregnant ♬ Love You So - The King Khan & BBQ Show

НБА казни млад кошаркар - на жените им ги покажувал интимните делови на телото

Младиот канадски кошаркар Џошуа Примо (20) е суспендиран на четири натпревари без плата поради „непримерно и навредливо однесување кон повеќе жени“, објави НБА.

Американските медиуми пренесуваат дека Примо, кој моментално е без клуб, им ги покажувал интимните делови на голем број жени.

„Примо тврди дека неговото однесување не било намерно, а лигата не најде докази дека тој учествувал во сексуално или друго недолично однесување надвор од овие кратки изложувања“, се вели во соопштението на НБА. „Сепак, ваквото однесување не е во согласност со стандардите на лигата и бара казна“, се додава.

Сан Антонио Спарс го раскина договорот со Примо на 31 октомври минатата година, а младиот кошаркар моментално е без клуб. Тој ќе ја одлежи суспензијата доколку потпише договор со друг тим од НБА.

д-р. Хилари Котен, поранешниот терапевт на Примо, првпат се појави со обвинувања против него минатата есен, велејќи дека тој „се изложил во девет одделни прилики“. Бидејќи Спарс не направија ништо, Каутен го тужел клубот, а тужбата била решена надвор од судот.

Примо одиграл вкупно 54 натпревари во дресот на Спарс, а имал просек од 5,9 поени и 1,8 асистенции по натпревар. Набргу откако бил отпуштен од Спарс, Примо рече дека се бори со своето ментално здравје.

„Побарав помош да се справам со претходната траума што ја претрпев и сега ќе го одвојам ова време за да се фокусирам поцелосно на третманот за моето ментално здравје. Се надевам дека ќе можам да разговарам за овие прашања во иднина за да можам да им помогнам на другите кои претрпеле на сличен начин. Ја ценам приватноста во овој момент“, изјави тој неодамна.

Цените на нафтата надминаа 96 долари за барел

Цените на нафтата денеска се искачија над 96 долари на меѓународните берзи, поттикнати од индициите за слаба понуда во САД и очекувањата за зголемена побарувачка за гориво во Кина за време на празничната сезона.

На лондонската берза цената на барел со датуми на испорака во ноември беше за 88 центи повисока попладне отколку на крајот на вчерашното тргување и изнесувала 96,26 долари. Поактивно се тргувало со барели со датум на испорака во декември, по 97 центи повисока цена од 94,07 долари.

На американскиот пазар барелот поскапе за 1,31 долари и се тргува за 93,02 долари.

Трговците се фокусираа на знаците на тесна понуда во САД на крајот на неделата. Залихите во резервоарите во Кушинг, од каде се испорачува нафта купена со форвард договори на американскиот пазар, веќе се на најниско ниво од јули минатата година.

„Понатамошниот пад би ги спуштил на критично ниво, што би можело да го отежне нивното извлекување (од резервоарот - op.ed.)“, објаснува Карстен Фрич од Комерцбанк.

Цените се поддржани и од проценките дека побарувачката за гориво во Кина ќе се зајакне за време на седумдневниот одмор што започнува денеска.

„(Зголеменото) патување во странство за време на празникот Златна недела ја поттикнува кинеската побарувачка за нафта“, напишаа аналитичарите на ANZ во белешката до клиентите.

Се очекува и домашните патувања да ја поддржат побарувачката. Податоците од апликацијата за летови на Umetrip покажуваат дека просечниот број дневни резервирани летови е за петтина поголем отколку за време на Златната недела во периодот пред пандемијата 2019 година.

Во меѓувреме, Русија размислува за воведување квоти за извоз на гориво доколку привремената забрана за извоз не го постигне посакуваниот ефект и ако не паднат цените на домашниот пазар. Цените на рускиот бензин и на дизелот благо паднаа денеска на Меѓународната берза во Санкт Петербург.

Економистите прогнозираат дека барелот во Лондон ќе во просек ќе изнесува 89,85 долари во четвртиот квартал и 86,45 долари во 2024 година.

До крајот на годината на цените најмногу ќе влијае намалувањето на понудата од Саудиска Арабија и Русија, но нивниот раст кон 100 долари за барел може да биде забавен од неповолните макроекономски движења, пишуваат аналитичарите.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) одделно објави дека барел нафтена кошница на нејзините членки вчера поскапел за 40 центи на 97,48 долари.

притисни ентер