СДСМ:За разлика од лицемерното ВМРО-ДПМНЕ кое со години го игнорираше загадувањето, Владата предводена од СДСМ системски го решава проблемот

Ниту една иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, лидерите во лажење и лицемерие нема да ја прикрие нивната директна одговорност за непреземањето ништо цела деценија, за системски уништеното зеленило, за криминалните тендери што резултираше со екстремно загадување

СДСМ:За разлика од лицемерното ВМРО-ДПМНЕ кое со години го игнорираше загадувањето, Владата предводена од СДСМ системски го решава проблемот

За разлика од таквиот лицемерен однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ, заедно со надлежните институции, Градот Скопје и општините започна системско решавање на долгогодишниот проблем со загадувањето што со години беше игнориран од ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Никола Мицевски од ВМРО – ДПМНЕ.

Аерозагадувањето е и останува врвен стратешки приоритет за Владата предводена од СДСМ.

Со усвоениот План за чист воздух, 10 илјади домаќинства ќе бидат приклучени на парно греење, 20 илјади домаќинства ќе ги променат старите нееколошки печки на дрва, 15 илјади семејства имаат шанса да ја подобрат енергетската ефикасност на домовите, 3.000 семејства ќе добијат приклучок за гас. Истовремено, ќе се засили и инспекцискиот надзор и контрола, а ќе се субвенционира набавката на еколошки автомобили.

Град Скопје воведе и неколку градски електрични автобуси и автобуси на гас, а веќе е планирана и набавка на нови 40 еколошки градски автобуси во следната година, со што старите кои претставуваат големи загадувачи би се исфрлиле од употреба.

Ова се само дел од мерките кои се спроведуваат и ќе се спроведуваат со цел загадувањето двојно да се намали веќе во следната година.

Чистиот воздух и здравата животна средина остануваат врвен приоритет за СДСМ. Владата предводена од СДСМ продолжува преку краткорочно, среднорочни и долгорочни мерки да го реши долгогодишниот проблем со загадувањето на амбиенталниот воздух.

„Вие сте херои“ и аплауз за медицинските работници од учесниците на протестот

Со аплазуз и скандирање „Вие сте херои“ учесниците на вечерашниот марш, минувајќи покрај Градската болница во центарот на Скопје  ги поздравија медицинските работници. 

„Вие сте херои“ и аплауз за медицинските работници од учесниците на протестот

Претходно, пред Собранието упатија повеќе пораки и го исвиркаа. Скандираа: „Убијци“, „Системот е следен“,„Доста беше смрт", „Секој еден, може да е следен"...

Протестниот марш моменто минува покрја хотелот „Холидеј ин“ од каде преку преку мостот „Филип Втори“ и преку булеварот „Гоце Делчев“ треба да пристигне до Владата, каде ќе има собир, 16-минутен молк за загинатите и говори.

Муцунски во Будимпешта се сретна со неговиот колега Сијарто

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, денеска престојуваше во еднодневна работна посета на Будимпешта,Унгарија, каде оствари билатерална средба со неговиот унгарски колега, министерот за надворешни работи Петер Сијарто.

Муцунски во Будимпешта се сретна со неговиот колега Сијарто

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојуваше во еднодневна работна посета на Будимпешта, Унгарија, каде оствари билатерална средба со неговиот унгарски колега, министерот за надворешни работи Петер Сијарто, и, на негова покана, се обрати пред членовите на Дипломатскиот совет на Унгарија, информираат од МНРиНТ.

На средбата со министерот Сијарто, министерот Муцунски упатил искрена благодарност за поддршката и прифаќањето на македонските пациенти повредени во несреќата во Кочани, нагласувајќи дека оваа конкретна помош е дел од продлабоченото пријателство и соработка помеѓу двете земји, градено интензивно во изминатите девет месеци.

Во рамки на посетата, министерот Муцунски ја посетил и болницата во Будимпешта каде што се згрижени шест македонски пациенти. Се сретнал со нивните семејства и со медицинскиот персонал, од кои добил информации за состојбата на пациентите и упатил благодарност за грижата, професионалноста и човечноста со која унгарските лекари се вложуваат во нивното лекување. Притоа истакнал дека поддршката се однесува не само на пациентите, туку и на нивните најблиски, кои добиваат логистичка поддршка преку дипломатско-конзуларната мрежа.

Министерот и неговиот домаќин разговарале и за унапредување на економската соработка, со акцент на инвестициите, енергетиката и трговската размена, како и за актуелната регионална динамика, стабилноста, безбедносните предизвици и континуираната поддршка од Унгарија за македонските евроинтеграции.

Се огласи Трамп од Овалната соба за договорот на САД со Украина за ретките минерали

САД и Украина постигнаа договор за ретки минерали.

Се огласи Трамп од Овалната соба за договорот на САД со Украина за ретките минерали

Американскиот претседател Доналд Трамп пред новинарите во Овалната соба изјави дека очекува договорот за ретки минерали наскоро да биде потпишан, објави Ројтерс.

Трамп рече дека на состанокот на делегациите од Вашингтон и Киев, што се одржува во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, се разговара за територијални прашања поврзани со војната во Украина и линијата за разграничување.

Трамп исто така рече дека Вашингтон разговара со Киев за можноста американски компании да поседуваат украински нуклеарни централи. Разговорите во Ријад главно се фокусираа на прекин на огнот во Црното Море, беше објавено претходно.

Сепак, Трамп рече и дека се појавиле и други теми.

„Се зборува за територија, за линии на разграничување, за сопственост на електрани. Некои велат дека САД треба да ги поседуваат електраните бидејќи поседуваме стручност“, рече американскиот претседател.

притисни ентер