СДСМ за инволвираноста на Мицкоски и неговиот татко во договори со ,,ЕЛЕМ“

Вчера јавно ги презентиравме договорите за консултантски услуги при тендери на кланот Мицковски од Машинскиот факултет за потребите на државната компанија ЕЛЕМ.

Непотизмот од машинскиот факултет Мицковски продолжува да го применува и во самата партија со носителката во ИЕ 1, Гордана Силјановска.

Главното прашање што го поставивме вчера, а не ни беше одговорено, ќе го поставиме и денеска: зошто лидерот на опозицијата ја крие својата имотна состојба?

Одговорот е јасен, Мицкоски нешто крие!

Тој е лично е косопственик на 3 мали хидроелектрани кои по примерот на договорот на Груевски и ОКТА има загарантиран 20 годишен договор по цени на струја коишто ја плаќаме ние граѓаните.

Секој еден граѓанин , секое семејство плаќа за овие хидроелектрани. Сумите кои ние граѓаните сме му ги платиле се следни: Или вкупно кумулативно во период од:

2016: 986.513 денари

2017: 15.269.030 денари

2018: 19.398.444 денари

2019: 21.145.834 денари или вкупно 56.802.821 денари.

Затоа ја покачија цената на електричната енергија за повеќе од 100%,

Затоа ја укинаа евтината тарифа,

Затоа не сакаа да го либерализираат пазарот на електрична енергија.

Денес станува појасно и зошто ист ваков 15 годишен договор му имаат дадено на Пелагонија Енерџи на Орце Камчев, а сумите кои се наплатени од граѓаните се:

2015 година 149.869.371 денари

2016 година 370.061.640 денари

2017 година 564.829.354 денари

2018 година 605.322.865 денари

2019 година 351.509.045 денари

Или вкупно: над 2 милијарди денари (2.041. 591. 275) или повеќе од 33 милиони евра.

За сликата да биде комплетна им помогнал и некој во Регулаторна комисија за Енергетика. Тоа во минатото не го знаевме, но денеска го знаеме.

Тој некој е претседателката на комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ, Елена Маркова, која како член на регулаторна комисија од 2011 до 2017 од функција на член гласала за доделување на лиценци на наведените фирми и личности, Мицкоски да добие.

и истата гласала за:

- укинување на евтина тарифа,

- покачување на струјата за 100%,

- не носењето на новиот закон за енергетика,

- исклучените граѓани од парно на територијата на Град Скопје кој иако не користат да плаќаат сметки за парно греење.

Почитувани граѓани, денес е последен ден од кампањата.

Замислете што се може да направи ВМРО-ДПМНЕ ако повторно им се укаже можност! Замислете го Мицковски што ќе стори за себе преку вашите сметки од позиција на премиер!

Затоа во среда на 15 јули треба да гласаме за СДСМ и коалицијата „Можеме".

Митко Андреевски, претседател на Комисија за енергетика на СДСМ

Хамилтон за второто место: Ова е најдобриот резултат што сум го постигнал по подолго време

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон изрази задоволство од пласманот на второ место во Формула 1 спринтот за Големата награда на Кина.

- Секогаш кога доаѓам овде, луѓето ми даваат голема поддршка. Ова е најдобриот резултат што сум го постигнал по долго време. Јас сум многу среќен. Секако, не можеме да се натпреваруваме со Ред Бул, но ова е огромен чекор напред. Во овој краток период од трката научив многу за болидот, па со нетрпение го очекувам утрешниот ден, изјави Хамилтон за „BBC Sport“.

Верстапен, победи во спринтот, второто место го зазеде Хамилтон од Мерцедес (+13.043 секунди), трет беше Серхио Перез (+15.258) од Ред Бул.

Големата награда за кинеското Гран при ќе се вози утре со почеток во 9 часот по македонско време. /МИА

Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница

Џејмс О'Брајан изјави дека една од темите била престојаната посета на Вучиќ на Њујорк во ОН.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и помошникот секретар на Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот Џејмс О'Брајан по денешната средба во Белград оценија дека Србија и САД имаат различни ставови по прашањата за Косово и Резолуцијата за Сребереница, како и дека разговарале за тоа „како да бидата партнери денес“, јави дописникот на МИА од Белград.

Џејмс О'Брајан изјави дека една од темите била престојаната посета на Вучиќ на Њујорк во ОН.

-Косово вети дека ќе ја спроведе обврската за формирање на ЗСО и тоа е од клучно значење за Србите. Ако постои загриженост дека меѓународната заедница не ги исполнува своите обврски, се надевам дека ќе работиме на исполнување на ветувањето и ќе помогнеме, изјави О'Брајан на прес-конференцијата по средбата.

За гласањето на Резолуцијата за Сребреница, тој рече дека бил дел од тимот што ги истражувал убиствата.

-Направено е злосторство и многу сторители беа истражени и осудени... Во тоа време владата на Србија ни ја гарантираше безбедноста, а во тоа време со нас беа и претставниците на ОН додека ја баравме вистината. Тоа го правиме и денес и мораме да се соочиме со вистината. Тогаш бевме партнери и сега треба да бидеме, изјави американскиот дипломат.

Вучиќ изјави дека на маса има многу тешки теми за Србија. Тој посочи дека во однос на Косово и Сребреница, Србија и САД за малку работи се согласуваат.

-Реков дека знаеме дека сме мали, дека Америка е велесила, но ќе се спротивставиме на насилството врз српската држава и народ колку што можеме и ќе се бориме. И да изгубиме, што да правиме, изјави Вучиќ.

Тој порача дека му е благодарен на О'Брајан за неговиот јасен став дека е исклучително важно Приштина да ја исполни својата обврска за формирање на ЗСО.

-Таа посветеност е голема и силна и е мртва буква веќе 11 години. Сите нè лажат - и Приштина и Европејците. Можно е и никој да не не лаже, но по 4.000 дена не направија ништо за Србите кои исполнија се од Бриселскиот договор, дури и одредени работи од Охридскиот договор, рече Вучиќ.

Зборувајќи за резолуцијата за Сребреница, Вучиќ рече дека САД и Србија ниту за тоа прашање не се согласуваат.

-Тоа беше донесено како одлука на една нација против друга во рамките на БиХ, беше префрлено од Советот за безбедност во Генералното собрание на ОН, беше покрената, чудно, на многу важна 29-годишница и тоа не е насочено против Србите, туку онака, иронично кажа Вучиќ и додаде дека „ние Србите тоа не го разбираме така и ќе се спротивставиме во ОН доколку можеме“.

На средбата разговроано е и за економскта соработка меѓу Србија и САД. /МИА

Бојмацалиев: 508 кандидати за полициски службеници

Ги подобруваме условите за обука со целосна реконструкција на Центар за обука во Идризово, вели Бојмацалиев.

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска оствари работна посета на Центарот за обука во Идризово, со цел презентирање полициско тактичко теренска обука од страна на кандидатите за полициски службеници коишто се на обука во Центарот за обука во Идризово, по што беше изведена вежба за воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем. По вежбата Бојмацалиев изврши увид во текот на реконструкцијата на комплексот Центар за обука.

Како што соопшти МВР, на средба со раководството на Центарот за обука, Бојмацалиев беше информиран за генерацијата која обуката ја започна на 23.04.2023 година а која завршува на 27 април 2024 година. Вкупно кандидати се 508, од кои 416 маши и 92 женски, и досега сите успешно ги имаат завршено сите тестови. Во моментот се реализира последната активност од обуката – Логорување или полициско тактичка теренска обука, предвидена во наставната програма.

Во оваа прилика беше презентирана опремата која се користи за обезбедување на границите: BOLU – камера чијашто цел е собирање на податоци и информации, врши сликање и снимање; термална камера која се користи за ноќно наблудување за граничен надзор; Форд Рајнгер специјално моторно возило за наблудување на терен, опремено со термална- ноќна камера и дневна камера за обезбедување на државна граница, стои во соопштението.

На крајот од посетата Бојмацалиев изврши убид во текот на реконструкција на 82. објект во рамки на планот за реконструкција на полициски објекти низ државата – целосна реконструкција на Центарот за обука во Идризово, по цели 53 години ги подобруваме условите во Управната зграда со мензата, двата павиљона за сместување и школски објект со придружните објекти, спортската сала, во вкупна вредност на градежните активности над 180.000.000 денари со вклучен ДДВ.

притисни ентер