СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ залудно се обидува да профитира сеејќи страв и паника кај граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ во услови на пандемија, кога целиот свет се соочува во непознат вирус, кој за жал зема жртви, излегува со истрошени пресови и залудно се обидува политички да профитира внесувајќи страв и паника кај граѓаните.

Влатко Ѓорчев како баба рога на прес конференција сее страв, а заборави дека тој какодел од режимот на ВМРО-ДПМНЕ со негрижата и коруптивното 11-годишно владеење предизвика хаос во здравствениот систем.

ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја остави здравствената инфраструктура да пропаѓа, не вложуваше ниту во медицинскиот кадар, единствено профитираше од коруптивни зделки во здравството.

Таквиот однос го наруши угледот на државата и здравствениот систем, нешто што СДСМ и институциите што ги предводи, со сите сили се обидуваат да го поправат, да ја вратат довербата во македонското здравство.

Но, и покрај глобалните предизвици за набавка на вакцини, вакцините се обезбедени, имунизацијата на населението започнува наредната недела, откако со донацијата на вакцините од Србија се вакцинираат здравствените работници од ковид центрите.

Утре се очекуваат првите количества од руската вакцина Спутник V. Потврдено е пристигнување на 21 илјади дози од Фајзер до крајот на март, кога преку КОВАКС треба да стигнат и првите количини вакцини од „Астра-Зенека", меѓу 20 и 30 илјади дози. За кинеската вакцина, се очекува тајминг за пристигнување, откако се завршени сите потребни административни работи.

Но и покрај вакцинацијата се уште треба да се почитуваат мерките за превенција од коронавирусот, кои ВМРО-ДПМНЕ, ако се грижеше за здравјето на граѓаните немаше да ги крши и да организира масовни собири, на кои не се почитуваа протоколите за заштита.

Додека Мицкоски кршеше мерки, одеше кришум по кафеани и теретани, додека ВМРО-ДПМНЕ организираше јавни собири, здравствените работници деноноќно се бореа против коронавирусот.

Колку ВМРО-ДПМНЕ се грижат за здравјето на граѓаните покажаа со кочење на заемот за опремување на болниците, со оцрнување на здравствениот систем, а од друга страна ги поттикнуваа граѓаните да не ги почитуваат мерките.

ВМРО-ДПМНЕ со морбидни перформанси си поигруваа и се потсмеваа со судбините на починатите и заболените.

Од почетокот на најголемата пандемија, со која се соочува целиот свет, опозициската ВМРО-ДПМНЕ тера само лажна загриженост, деструктивност, поткопување на здравствениот систем, ширење страв и паника кај граѓаните.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Цистерна удри во најголемиот патнички авион на светот- возачот доживеал мозочен удар (ФОТО)

Ербас А380-861 на Емирати беше тешко оштетен откако противпожарно возило изгуби контрола на московскиот аеродром Домодедово (ДМЕ) во Русија и се заглави под авионот.

Според руската агенција Интерфакс, цитирана од порталот Аеротајм, возилото што се користело за транспорт на вода удрило во авионот на Емирати „откако здравствената состојба на возачот наеднаш се влошила додека возел“.

Дополнителни медиумски извештаи велат дека 59-годишниот возач останал парализиран откако доживеал мозочен удар пред да удри во авионот и бил итно пренесен во болница.

Фотографиите од местото на настанот покажуваат аеродромско возило заглавено под Ербас А380 додека долната страна на трупот е тешко оштетена.

Авионот на компанијата со седиште во Дубаи, регистриран како A6-EDM, сериски број 042, стар 14 години со 489 седишта во три класи, требаше да полета од Москва за меѓународниот аеродром во Дубаи (DXB) на 28 март 2024 година во 16:25 часот по локално време , но тој лет бил откажан по инцидентот.

Руското меѓурегионално транспортно обвинителство во Москва истражува и потврди дека се проценува претрпената штета на А380. Поради инцидентот ќе биде формирана специјална комисија во Обединетите Арапски Емирати.

Според проценките објавени на каналот Aviaincident на мрежата Телеграм, аеродромот Домодедово би можел да плати до една милијарда рубли (околу 11,3 милиони евра) за штета на најголемиот патнички авион во светот (во зависност од конфигурацијата, авионите од овој тип можат да носат до 840 патници).

Треба да се процени и штетата која и е нанесена на компанијата со откажувањето на летовите на овој авион кој беше во секојдневни ротации кон Москва, но и кон Цирих.

Ново обвинение за италијански фудбалер- Тонали се обложувал и во Англија

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) го обвини италијанскиот играч на Њукасл, Сандро Тонали дека 50 пати ги прекршил правилата за забрана за обложување на натпревари, јавува Би-би-си.

Британските медиуми наведуваат дека Тонали ги прекршил правилата обложувајќи се на фудбалски натпревари во периодот од 12 август до 12 октомври минатата година.

- Сандро ќе ги почитува сите правила на истрагата, а клубот му дава целосна поддршка. Повеќе нема да даваме изјави додека истрагата е во тек - објави Њукасл.

Би-Би-Си потсетува дека Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) во октомври минатата година го суспендираше Тонали на десет месеци поради кршење на правилата за обложување. Италијанскиот фудбалер тогаш призна дека се обложил на натпреварите на кои настапувал за Милан и Бреша.

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) потоа го прифати барањето на ФИГЦ за суспензијата на Тонали да се префрли на глобално ниво. Тој треба да се врати на терените во август годинава.

Тонали пристигнал во Њукасл минатиот јули од Милан за 55 милиони фунти. Италијанскиот фудбалер пред суспензијата одигра 12 натпревари за англискиот клуб.

Поради суспензијата ќе го пропушти претстојното ЕП во Германија.

Се шетала по плажа и пронашла заб од мамут, стар 1,8 милиони години

Крис Биен (56) се шетала по плажата во Есекс кога забележала необична „брановидна линија“ во песокот. Таа се приближи и сфати дека открила нешто посебно.

Оваа жена е страстен „ловец на фосили“, а овој пат имала неверојатна среќа. Таа најде, ни помалку ни повеќе, туку заб на степски мамут!

Плажите во северен Есекс се познати по своите фосилизирани богатства, но Крис беше изненадена.

„Го видов како излегува од песокот и помислив дека можеби е заб. Копав со раце, бидејќи беше длабоко во песокот“, објасни таа.

Забот е целосно фосилизиран, долг 17 сантиметри и тежок околу два килограми, пишува New York Post.

Степски мамут талкал по Земјата пред 1,8 милиони години, а Крис верува дека пронашла само половина од забот.

Таа планира да го стави во дестилирана вода неколку недели пред да го зачува со лепак и етанол.

„Сакам луѓето да знаат за богатата историја на оваа област. Наша должност е да пријавиме такви откритија, но јас би сакала да го задржам и да ѝ го покажам на јавноста“, изјави Крис, член на археолошкото друштво „Хоув“.

притисни ентер