СДСМ:ВМРО-ДПМНЕ свесно го носи народот во опасност, провоцира и подгрева тензии во Вевчани

Јавноста денеска уште еднаш беше сведок на неодговорно, незрело однесување на ВМРО-ДПМНЕ кое провоцира, подгрева тензии и делува опасно по јавното здравје, реагираат од СДСМ.

Група активисти, предводени од претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани започнале провокации кон припадниците на МВР, кои интервенирале при прекршувањата на мерките за заштита на здравјето

ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани намерно предизвика инцидент а преку порталите под контрола на белиот дворец се обидува да ја подгрева јавноста преку тенденциозни и несоодветни споредби со настаните од 1987 година.

Уште еднаш на дело се покажа неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ и очајната состојба во која се наоаѓаат.

Свесно ги носеа жителите на Вевчани во опасност, провоцирајќи и поттикнувајќи поделби меѓу граѓаните. Не проаѓа тоа.

Апелираме до сите граѓани, да останат смирени, да не подлегнуваат на провокациите од белиот дворец и да продолжат да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, се наведува во партиското соопштение.

Избрани 12 поротници за судењето против Трамп

Меѓу 12-те поротници има седум мажи и пет жени, според Си-Би-Ес Њуз. 

Судот во Њујорк назначи 12 поротници кои ќе ја донесат конечната пресуда во врска со обвинението против поранешниот американски претседател Доналд Трамп за наводно фалсификување деловни документи во случајот со тајни плаќања на порно актерката Сторми Даниелс, пред судот во Менхетен.

Меѓу 12-те поротници има седум мажи и пет жени, според Си-Би-Ес Њуз. Изборот на поротата ќе продолжи денеска, бидејќи до почетокот на судењето треба да се изберат уште шест резервни поротници.

„Имаме порота“, рече судијата Хуан Мерчан откако новите поротници се заколнаа дека ќе носат одлуки „праведно и непристрасно“.

Мерчан посочи дека судот е на добар пат да го започне судењето со воведни зборови од понеделник, 22 април.

Обвинението поднесено од обвинителот Алвин Брег го обвинува Трамп за фалсификување деловни извештаи со цел да се прикрие исплатата за порноѕвездата Сторми Даниелс непосредно пред изборите во 2016 година. Обвинителството најави дека ќе се фокусира на финсиските средства што Трамп му го дал на својот поранешен соработник Мајкл Коен, кој тврди и дал 130.000 долари на Даниелс, со цел да ја замолчат за нејзината наводна афера со Трамп. Според Обвинителството, тоа бил обид за незаконско влијание врз изборите во 2016 година. Ваквите исплати во САД не се нелегални, но според обвинителите Трамп направил кривично дело со неправилното евидентирање на надоместокот за Коен како правни трошоци. Трамп е обвинет за вкупно 34 кривични дела за фалсификување деловни книги од прв степен. /МИА

Тошковски: Расчистена кражбата на сеф од маркет Рептил во Црниче

Министерот за внатрешни работи во техничката влада Панче Тошковски, на Фејсбук објави дека е расчистена кражбата на сеф од маркет во Црниче.

„Расчистена кражбата на сеф од маркет Рептил во Црниче.

Во врска со тешка кражба во маркет Рептил извршена на 1 април 2024 година во населба Црниче, Секторот за внатрешни работи Скопје презема оперативно-тактички мерки и истражни дејствија и ги лиши од слобода лицата В.З и В.Т од Скопје.

На ден 18.04.2024 од страна на инспектори од ОКР Кисела Вода заедно со полициски службеници од ЕИП и ПС Ѓорче Петров врз основа на издадена судска наредба од Основен Кривичен Суд Скопје изврши претреси на дом и други простории кај двете лица.

Истиот ден од страна на ЕВР Кисела Вода поднесена е кривична пријава за кривично дело “Тешка кражба” предвидено и казниво по член 236 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка за едното лице определена е мерка притвор“, стои во објавата на Тошковски.

Украина тврди дека соборила руски бомбардер Ту-22М3

Командата на украинските воздухопловни сили соопшти дека собориле руски бомбардер Ту-22М3.

Во соопштението се наведува дека руската армија во текот на ноќта ја нападнала територијата на Украина со 22 типа проектили и 14 беспилотни летала од типот „Шахед“.

Наведено е дека украинските сили уништиле две крстосувачки ракети Х-101/Х-555, 14 беспилотни летала, 11 наведувани ракети Х-59/Х-69 и две крстосувачки ракети Х-22.

„Ракетните единици за противвоздушна одбрана на Военото воздухопловство, во соработка со Главната управа за разузнавачки работи на Министерството за одбрана на Украина, по првпат соборија стратешки бомбардер со долг дострел од типот Ту-22М3, носач на крстосувачки ракети Kh-22, кои руските терористи ги користеа за да ги нападнат мирните украински градови“, пишува во соопштението.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека воениот бомбардер од типот „Ту-22М3“ се урнал во Ставрополската област поради техничка неисправност, а пилотите се катапултирале. Тројца од четворицата пилоти се пронајдени, додека по четвртиот се трага, наведува руското Министерство. /МИА

притисни ентер