СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ објавуваат стари фотографии како сегашни и безобразно лажат

Деновиве капитулираше центарот за манипулации на ВМРО-ДПМНЕ, во очај фотографии од пред две години ги објавуваат како сегашни за да пласираат соопштенија преку кои безобразно лажат.

Подмолноста и деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски го достигнаа врвот.

Уште еднаш се потврди дека за оваа партија ниту се важни граѓаните, ниту е важен здравствениот систем, ним им е важно само да се обидат да спечалат некаков ситен политички поен дури и во време на големи несреќи.

Освен што ќе бидат запаметени дека постојано се на страната на коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоки ќе бидат запаметени и по тоа што ги злоупотребуваат чувствата на семејствата на загинатите во пожарот, исто како што претходно ги злоупотребуваа чувствата на семејствата на починатите од коронавирусот.

Нема крај на подмолноста и нечовечкото однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

На Британец му извадиле бубрези, тешки рекордни 35 килограми: Можам да дишам (ВИДЕО)

Ворен Хигс, 54, од Виндзор, Велика Британија, страда од полицистична бубрежна болест.

Тоа е наследна болест која предизвикува раст на цисти во бубрезите и може да доведе до откажување на бубрезите. Зафаќа едно лице од 1.000 и нема лек.Хигс бил опериран пред неколку месеци, а хирурзите велат дека неговите бубрези биле рекордно големи.

Имено, тежеле вкупно 35 килограми, а хирурзите му ги отстраниле двата бубрега.Се верувало дека стариот рекорд изнесувал 7,4 килограми, а тој бубрег е изваден од пациент во Индија.

Хигс се вратил во релативно нормален живот три месеци по операцијата и вели дека се чувствува многу подобро.

„Можам да дишам, можам да јадам“, вели тој, но сепак се бори со рамнотежата.

Сепак, тој редовно оди во теретана и тренира и планира да истрча 10 милји дневно.

Во Романија нема места на ооделите за интензивна нега, пациентите лежат на душеци на подот

Рекорден број на нови смртни случаи од коронавирус денеска се регистрирани во Романија, а болничкиот систем достигнал точка што нема повеќе слободни кревети на одделите за интензивна нега.

Во последните 24 часа, пријавени се повеќе од 18.800 нови инфекции со „Ковид-19“, а 574 луѓе починале. Романија е втората земја во Европа со најниска стапка на вакцинација, пишува Ројтерс.

Видеата од болниците во Букурешт покажуваат пациенти како лежат на душеци на подот или држат резервоари за кислород на преполните клупи во ходниците. Мртовечниците работат со полн капацитет.

"Нема доволно простор за сите случаи. Ако стапката на вакцинација беше 70 до 80%, сега ќе имавме десет пати помалку смртни случаи", рече Клаудио Русу, доктор во единицата за интензивна нега.

Во Романија, само 36% од возрасната популација е целосно вакцинирана, а просекот на Европската унија е 74%. Досега во октомври, едно лице на секои пет минути починува во земјата од последиците од инфекција со ковид.

Условите за избор на Мис на Франција ги шокираа кандидатките, подготвија тужба

Француските активистки за правата на жените поднесоа тужба против организаторите на изборот Мис Франција за дискриминација, пренесува порталот Франс инфо.

Групата Osez le féminisme (Осмели се за феминизмот) со три одбиени кандидатки ја обвинија Мис Франција и Ендемол за дискриминација на работа. Тие тврдат дека е неприфатливо условот за избор да е висината над 170 сантиметри, кандидатките да не се во брак и да се „претставнички на убавината“.

„Според францускиот закон, забранет е секаков вид дискриминација врз основа на возраста, моралот, физичкиот изглед и семејниот статус“, изјавила за АФП Виолан Де Филипис-Абате, адвокат на групата „Осез ле феминисме“.

Но, прашање е дали француските натпреварувачки можат да се третираат како вработени. Имено, тие потпишуваат договор, но тоа не е договор за вработување. Француските медиуми пишуваат дека тужителите сега се повикуваат на судската одлука од 2013 година, кога поранешниот кандидат за г -дин Франција ги тужел организаторите од слични причини.

притисни ентер