СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нуди само враќање на режимот, работи на штета на државата и граѓаните,затоа ќе бидат поразени на 12 април

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, го нарушува функционирањето на полицијата и ја загрозува безбедноста на граѓаните.

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нуди само враќање на режимот, работи на штета на државата и граѓаните,затоа ќе бидат поразени на 12 април

Јавноста за само една недела го виде вистинското лице на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада и она што опозицијата може да го понуди – враќање на режимот, насилствата, несигурноста, нестручно и незаконско работење на штета на граѓните и државата.

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, го нарушува функционирањето на полицијата и ја загрозува безбедноста на граѓаните.

Чулев издал телеграма со која ги укинува наредбите за извршување задачи на полицајците во други организациони единици (член 154 од Законот за внатрешни работи).

Со тоа Чулев создава недостаток на полицајци за обезбедување и директно ја загрозува безбедноста на лицата и објектите кои МВР има законска обврска да ги обезбедува, како и амбасадите на неколку држави, резиденцијата на амбасадорот на ЕУ и други.

Со таквото неодговорно и незаконско работење, Чулев ја доведува во опасност безбедноста на границата, на највисоките државни претставници, како и на амбасадите во нашата држава односно ја загрозува целокупната безбедносна состојба во државата.

Загрозувањето на безбедноста на граѓаните, на границата и државните објекти е кривично дело. ВМРО-ДПМНЕ со својата неспособност создава услови за извршување на кривични дела од други лица, кои сакаат да го загрозат територијалниот интегритет на државата.

Постапките на Чулев покажуваат дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Таму се уште се кадрите под контрола на Груевски кои работат на штета на интересите на граѓаните.

Наместо да се фокусираат на тоа за што се назначени и да работат на создавање услови за слободни и фер избори, кадрите на Мицкоски во преодната Влада се посветени на партизирање и блокирање на нормаланата работа на институциите.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ работат на враќање на режимот, на враќање на ВМРО-МВРО, но граѓаните и СДСМ тоа нема да го дозволат.

Времето на МВРО одамна заврши и не смее и нема да се дозволи контрола на партијата врз министерството за внатрешни работи, како што навикна ВМРО-ДПМНЕ за време на својот 11-годишниот режим.

Личните напади од страна на ВМРО-ДПМНЕ нема да не спречат да му застанеме на патот на дивеењето во МВР.

На 12 април граѓаните ќе изберат напредок, нормална држава и продолжување по вистинскиот пат, режим никогаш повеќе.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Сијарто: Повеќето земји- членки на ЕУ сакаат да продолжи војната во Украина

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека повеќето либерални бриселски лидери сакаат војната во Украина да продолжи.

Сијарто: Повеќето земји- членки на ЕУ сакаат да продолжи војната во Украина

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека повеќето либерални бриселски лидери сакаат војната во Украина да продолжи, но дека Унгарија останува посветена на својата позиција дека се потребни преговори, врз основа на американско-рускиот договор, за да се запре војната.

Сијарто рече дека Брисел ја покренал идејата за заобиколување на унгарското вето за да може да обезбеди дополнителна помош за Украина. Тој за РТ изјави дека Унгарија во текот на изминатите три години јасно стави до знаење дека нема решение на бојното поле за украинскиот конфликт, кој може да се запре само преку преговори.

„Претходната американска администрација фаворизираше војна, додека претседателот Доналд Трамп сака мир“, рече Сијарто, пренесе агенцијата МТИ.

Тој нагласи дека Унгарија високо ги цени тековните преговори меѓу САД и Русија. Сијарто истакна дека добрите односи меѓу Вашингтон и Москва се добри за глобалната безбедност.

„Светот стана многу побезбедно место благодарение на Трамп. Ризикот од ескалација е далеку помал отколку за време на администрацијата на Бајден“, оцени Сијарто.

Според него, Централна Европа „сега е многу поблиску до мирот отколку кога било во изминатите три години“. Сијарто рече дека лидерите на ЕУ спроведоа „многу лоша стратегија“ од избувнувањето на војната во Украина, нанесувајќи им штета на европската безбедност и економијата. „Секогаш ќе постапуваме во согласност со нашите национални интереси“, рече Сијарто, оценувајќи дека тоа е „непријатно за повеќето европски либерали“, пренесе Телеграф.

„Вие сте херои“ и аплауз за медицинските работници од учесниците на протестот

Со аплазуз и скандирање „Вие сте херои“ учесниците на вечерашниот марш, минувајќи покрај Градската болница во центарот на Скопје  ги поздравија медицинските работници. 

„Вие сте херои“ и аплауз за медицинските работници од учесниците на протестот

Претходно, пред Собранието упатија повеќе пораки и го исвиркаа. Скандираа: „Убијци“, „Системот е следен“,„Доста беше смрт", „Секој еден, може да е следен"...

Протестниот марш моменто минува покрја хотелот „Холидеј ин“ од каде преку преку мостот „Филип Втори“ и преку булеварот „Гоце Делчев“ треба да пристигне до Владата, каде ќе има собир, 16-минутен молк за загинатите и говори.

Муцунски во Будимпешта се сретна со неговиот колега Сијарто

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, денеска престојуваше во еднодневна работна посета на Будимпешта,Унгарија, каде оствари билатерална средба со неговиот унгарски колега, министерот за надворешни работи Петер Сијарто.

Муцунски во Будимпешта се сретна со неговиот колега Сијарто

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојуваше во еднодневна работна посета на Будимпешта, Унгарија, каде оствари билатерална средба со неговиот унгарски колега, министерот за надворешни работи Петер Сијарто, и, на негова покана, се обрати пред членовите на Дипломатскиот совет на Унгарија, информираат од МНРиНТ.

На средбата со министерот Сијарто, министерот Муцунски упатил искрена благодарност за поддршката и прифаќањето на македонските пациенти повредени во несреќата во Кочани, нагласувајќи дека оваа конкретна помош е дел од продлабоченото пријателство и соработка помеѓу двете земји, градено интензивно во изминатите девет месеци.

Во рамки на посетата, министерот Муцунски ја посетил и болницата во Будимпешта каде што се згрижени шест македонски пациенти. Се сретнал со нивните семејства и со медицинскиот персонал, од кои добил информации за состојбата на пациентите и упатил благодарност за грижата, професионалноста и човечноста со која унгарските лекари се вложуваат во нивното лекување. Притоа истакнал дека поддршката се однесува не само на пациентите, туку и на нивните најблиски, кои добиваат логистичка поддршка преку дипломатско-конзуларната мрежа.

Министерот и неговиот домаќин разговарале и за унапредување на економската соработка, со акцент на инвестициите, енергетиката и трговската размена, како и за актуелната регионална динамика, стабилноста, безбедносните предизвици и континуираната поддршка од Унгарија за македонските евроинтеграции.

притисни ентер