СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски требаше да ги поздрават добрите вести за земјава

Најмалку што можеше да направи ВМРО-ДПМНЕ е да ги поздрави историски добрите вести коишто стигнаа од седиштето на НАТО денеска, по заедничката прес конференција на премиерот Заев и генералниот секретар Столтенберг.

Граѓаните ќе ценат зошто единствено ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не се радуваат на успехот на Македонија да стане 30-тата членка на НАТО.

Македонското знаме е 30-тото знаме кое ќе се вее на јарболите пред седиштето на НАТО.Членството во НАТО обезбедува трајна стабилност на земјата и ќе донесе нови странски инвестиции, нови работни места и повеќе пари во економијата.

Постигнатиот Договор за решавање на 25 годишниот спор со Грција ги отвори вратите на ЕУ и НАТО, обебзеди датум за преговори со ЕУ и покана за членство во НАТО.

Истовремено, со договорот се зајакнува и гарантира македонскиот идентитет кој никогаш повеќе нема да биде оспоруван.Македонија реди успеси после децении стоење во место.На референдум, слободно и демократки, граѓаните ќе дадат поддршка. Ќе кажат одлучно ДА за членство во ЕУ и НАТО, ќе кажат ДА за македонската иднина, се вели во соопштението од СДСМ.

(НОВО) ВМРО-ДПМНЕ: Силјановска –Давкова 44,63%, Пендаровски 19,13 % од гласовите

Според аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, на 20,53% од обработените гласови Гордана Силјановска- Давкова има освоено 44,63 проценти од гласовите или 66 482 гласа.

Стево Пендаровски освоил 19.13% од гласовите или 28 490, Бујар Османи 13 ,04% или 19420 , Арбен Таравари 8,53 од гласовите или 12707 , Максим Димитриевски 7,27% или 10831 глас, Билјана Ванковска 4,14 или 6165 гласа , Стевчо Јакимовски 0,79 проценти или 1174 гласа.

СДСМ: Изборите минаа во фер и демократска атмосфера

На прес конференцијата по завршувањето на гласањето за првиот круг на претседателските избори портпаролката Богданка Кузевска констатира дека изборите биле фер и демократски. 

Драма на перон: Сакала да влезе во воз во движење, но се сопнала (ВИДЕО)

Немил настан се случил на 17 април во аргентинскиот град Морено, а чудо е што е избегната трагедија.

На социјалните мрежи е објавено видео од неименувана девојка која се обидува да се качи на воз во движење, но работите тргнаа наопаку.

На видеото го гледаме како се обидува да фати воз, очајно сакајќи да влезе внатре, но се сопнува и паѓа меѓу композицијата и перонот.

Еден од патниците и обезбедувањето веднаш дотрчале кај несреќната жена која останала да лежи покрај пругите. На почетокот не е јасно дали преживеала.

Кога сфатиле дека сè уште дише, повикале помош и била пренесена во болницата „Де Ла Вега“, јавува Лакале Блу радио.

Лекарите ѝ ги санирале повредите, па била згрижена.

притисни ентер