СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски се поразени, по носењето на Законот за ЈО, на ред е правосудството да воспостави правда

СДСМ како одговорна и демократска партија преку легитимни законски решенија создаде услови за независно и професионално правосудство.

Со Законот за Јавно обвинителство креираме независен обвинителски систем преку кој овозможуваме судска завршница на сите предмети покренати од СЈО кои се во судска постапка, но се создадени услови да продолжат и случаи кои се во фаза на истрага.

Во тие случаи како осомничени се главно функционери на ВМРО ДПМНЕ. Во досието „Моќник" осомничен е Антонијо Милошоски, во предметот „Актор" за одговорни се сметаат Никола Груевски и Миле Јанакиевски. Во „Империја" се осомничени Орце Камчев и Сашо Мијалков, во „Друмарина" е Силвана Бонева, а во досието „Пациент" со Бујар Османи, како и други случаи кои имаат шанса да завршат со обвинителни акти и судски пресуди.

Сега е појасно зошто ВМРО-ДПМНЕ силно се противеше на законот и зошто беше во мисија да го заштити својот и криминалот на Никола Груевски. Извршителот Христијан Мицковски не успеа во намерата да ја загрози правдата и правната држава.

СДСМ ги обезбеди сите услови за брза и ефикасна завршница, и на судските постапки и на започнатите истраги. Сега на ред е правосудниот систем кој мора да заборави на 11 годишната режимска пракса кога функционираше под закани, нарачани притвори и телефонски пресуди.

Ние, како одговорна власт јавно им укажуваме дека никогаш, за ниту еден предмет нема да им се јавиме и да им сугерираме да судат спротивно на доказите. Ги охрабруваме да ги спроведат сите закони кои се донесоа во изминатите две години, а кои значат реформа во правосудството.

СДСМ создаде законски услови да завладее правдата и правната држава, затоа сега редно е ослободените обвинители и судии според словото на законот и според материјалните докази да ги забрзаат сите започнати постапки.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ.

Танцува на покрив на Ламборџини, реакцијата кога пука шофершајбната е хит (ВИДЕО)

Во ерата на социјалните медиуми, инфлуенсерите и креаторите на содржини сакаат да ги изненадат/шокираат корисниците, па често ги поместуваат границите.

Подготвени се да изведуваат разни подвизи и акробации, а едно такво видео веќе некое време кружи на интернет.

Прво беше објавено на Редит и прикажува девојка како се качува на покривот на скапо Ламборџини и почнува да танцува.

Веруваме дека љубителите на автомобили, особено на егзотичните, не гледаат со одобрување на оваа сцена. Да не зборуваме дека таа ја скрши шофершајбната газејќи на покривот.

MC dances on top of car and breaks the windshield 🤦‍♂️
byu/EthanthegamerGD inImTheMainCharacter

Таа и самата изгледа е шокирана од последиците, но не престанува да се смее и да танцува, пренесува NDTV.

„Што луѓето нема да прават за лајкови и кликови“, напишал еден корисник.

Времето и местото каде е снимено видеото не се откриени, а претпоставуваме дека сопственикот морал да издвои значителна сума за поправка на шофершајбната.

Реал пронајде замена за капитенот

Начо Фернандез, 34-годишниот капитен на Реал Мадрид, на крајот од сезоната го напушта Кралскиот клуб.

На Начо му истекува договорот и нема да го продолжи, пишува италијанскиот новинар Фабрицио Романо. Заминувањето на легендата на Реал значи дека клубот ќе мора да најде некој кој ќе го замени.

Романо тврди дека тоа е Лени Јоро, 18-годишниот централен дефанзивец на францускиот прволигаш Лил. Јоро покажал голем потенцијал оваа сезона играјќи за Лил на 39 натпревари. Тој постигнал три гола. Реал веќе некое време го следи овој млад човек, но тој не е единствениот. Го сака и ПСЖ. Трансфермаркт го проценува на 40 милиони евра.

Словачка одби да ѝ испрати помош на Украина, луѓето сами собрале 2 милиона евра за муниција

Словаците се лути поради одбивањето на словачката влада да обезбеди воена помош за Украина во борбата против руската инвазија, оваа недела собраа речиси 2 милиони евра во кампањата да му помогнат на Киев да се снабди со муниција.

Украина има итна потреба од резерви на муниција по две години војна. Но, Словачка одби да се приклучи на планот на чешката влада да купи стотици илјади гранати како артилериска муниција за Украина. Најмалку 15 сојузници се приклучија на планот.

„Кога слушнав за иницијативата на чешката влада, бев многу среќен кога слушнав дека се истражуваат сите начини за да ѝ се помогне на Украина да се одбрани од (рускиот) агресор, бидејќи нема друг начин“, рече Ото Симко, 99 -годишен преживеан од Холокаустот и новинар кој помогнал да се започне словачка онлајн кампања за собирање средства.

Словачка ја прекина државната воена помош за Украина минатата година, тврдејќи дека конфликтот нема да се реши воено, а премиерот Роберт Фицо ја усвои руската реторика повикувајќи на мировни преговори. Украина вели дека ќе се бори додека руските трупи не се повлечат.

Во видеото објавено на страницата на Јутјуб на организаторот на кампањата, Симко вели дека Русија треба да биде истерана од Украина за „да може да се зборува за мир под услови кои ѝ одговараат на украинската независност“. Донаторите велат дека целта на кампањата е да се покаже дека мнозинството не се согласува со промената на владата во надворешната политика по изборите во септември.

Претходните влади обезбедија противвоздушна одбрана и борбени авиони за Киев, додека министерот за надворешни работи на владата на Фицо се состана со неговиот руски колега во март. Тоа беше редок состанок на високо ниво на кој учествуваа Москва и членка на Европската унија.

„Многу луѓе во Словачка се срамат од ориентацијата на владата кон Русија. Тоа е причината за ваквиот придонес на народот“, рече Зузана Изакова од граѓанската група Мир за Украина, која е организатор. Акцијата „Муниција за Украина“ собра 1,94 милиони евра за четири дена, до петок напладне, со повеќе од 30.000 донатори, кои во просек донирале по 64 евра, се наведува на веб-страницата на иницијативата.

Изакова рече дека собирањето средства ќе биде неограничено, а средствата ќе бидат наменети за чешката кампања за набавка на муниција, од која во јуни се очекуваат првите испораки во Украина. „Ќе направиме сè што можеме за граѓаните на Словачка да можат да ја исполнат својата намера да ѝ помогнат на Украина“, ја цитираше чешката телевизија изјавата на чешкиот премиер Петр Фиала вчера во Брисел на самитот на ЕУ.

притисни ентер