СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против раст на платите

Во белиот дворец зад мене освен што бранат криминал и шират лажни вести, се директни противници на раст на платите, рече на прес конференција Стефан Васев од СДММ.

Синоќа, членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славевски неколку пати порача минималната плата да не се покачува.

Научени на грабање од граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ не сакаат парите да завршуваат кај граѓаните, туку се научени парите да завршуваат во белиот дворец зад мене.

Сега е јасно зошто ВМРО-ДПМНЕ со години не ја покачуваше минималната плата.

Сега е јасно дека заради таквите политики на ВМРО-ДПМНЕ илјадници млади секоја година ја напуштаа државата.

За разлика од нив, СДСМ ги покачува платите во сите сектори. Минималната плата денес изнесува 12.507 денари и е еднаква во сите стопански гранки.

Денес реализираме мерки и политики што ги задржуваат младите дома. Градиме систем што обезбедува нови работни места и повисоки плати.

Додека ВМРО-ДМНЕ е научена само на земање, СДСМ преку бројни мерки и политики ги враќа парите кај граѓаните и обезбедува повисок животен стандард.Како одговорна партија, продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат економски раст и повеќе пари во семејните буџети, рече Васев.

Ди Каприо како Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе

Американскиот глумец Леонардо ди Каприо наводно ја добил улогата на Френк Синатра во новиот филм на режисерот Мартин Скорсезе.

Проектот е во рана претпродукција.

Улогата на Ава Гарднер, според првичните наводи, ќе ѝ припадне на Џенифер Лоренс, со која Ди Каприо глумеше на филмот „Не гледај нагоре“ (Don't Look Up) којшто беше номиниран за неколку „Оскари“.

Герасимовски: Решен децениски проблем на улицата ,,Наум Наумовски Борче"

Герасимовски: Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче".

Општина Центар ја отстрани рампата на улицата „Наум Наумовски Борче” кај хотел Дувет, на раскрсницата помеѓу „Ленинова” и „Партизанска” која претставуваше проблем и пречка за функционирање на сите учесници во сообраќајот.

Со овој потег општината го реши деценискиот проблем на барање на жителите, по поднесена петиција во која се потпишаа 327 граѓани. Ова е направено во согласност со ДУП-от и за овој зафат се добиени потребните дозволи од сите надлежни институции.

На улицата се поставени столпчиња за безбедност во сообраќајот и за влегувањето на возилата во подземните гаражи. Со овој зафат се обезбедува пристапна зона која ќе биде проодна и безбедна за граѓаните.

„Конечно го решаваме долгогодишниот проблем на ваше барање. Улицата станува безбедна за пешаците и за вас жителите. На овој потег постојано се случуваа сообраќајни незгоди и затоа ова моравме да го направиме. Со вадењето на рампата воедно и ја ослободивме улицата од сите пречки поради кои имаше проблеми", им се обрати Герасимовски на собраните жители.

Општина Центар известува дека улицата ќе биде двонасочна, во широчина од 7 метри, по 3.5 од секоја страна, ќе се отстрани страничната урбана опрема и ќе се намалат надворешните тераси на угостителските објекти долж улицата „Наум Наумовски Борче”.

Со ова исто така ќе се оневозможи дивото паркирање на улицата што претходно претставуваше проблем за пешаците.

Општина Центар

Тухел за натпреварите со Реал: Баерн ќе игра против најголемиот клуб во светот

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел искажа голем респект кон Реал Мадрид, противникот на Баварците во полуфиналето на фудбалската Лига на шампиони. 

- Се надевам дека неколку играчи ќе ни се вратат назад во тимот, ќе имаме алтернативни опции и полна клупа. Во однос на тимскиот напор, подготвени се сите да се жртвуваат и заедно да ги издржиме тешкотиите. Нема друг начин да се игра на ова ниво.

Полуфиналето ќе биде сосема поинакво бидејќи стилот на Реал Мадрид е сосема поинаков од оној на Арсенал. Не сум го гледал премногу Реал Мадрид оваа сезона. Ова е еден од најтешките можни противници. Ќе играме во полуфиналето против најголемиот клуб во светот.Со нетрпение го очекуваме овој предизвик и се надеваме дека ќе бидеме на висина на задачата, изјави Тухел.

Во четвртфиналето, Баерн Минхен го совлада Арсенал (2:2, 1:0), а мадриѓаните го совладаа Манчестер сити (3:3, 1:1, 4:3 по пенали).

притисни ентер