СДСМ: Учениците граматика ќе учеле од сериите, ДПМНЕ ќе го уништи образованието

ДПМНЕ и министерката Јаневска по само два месеци откако ја преземаа власта, потврдија дека образованието за нив воопшто нема да биде приоритет. 

Министеката Јанева, вчера во скандалозна изјава рече дека учебници по странски јазик нема да има, но тоа не е проблем затоа што учениците учеле од серии. Тажно е што ДПМНЕ постави министерка за образование, која внимавајте, смета дека било важно децата само да разбираат странски јазик, а не да учат граматика, заменки и именки.

Покрај оваа крајно скандалозна и комична изјава во исто време, Јаневска потврди дека статусот на просветните работници за ДПМНЕ не е важен. Потврди дека примањата и платите на образовните работници нема да се покачуваат како што тоа беше во времето на СДСМ. Ако биде се добро со растот на економијата, тие може да се надеваат на покачување дури во март. Ова се политиките кои го уништија образованието и го срозја достоинството на наставниците, а сега ДПМНЕ ги враќа на голема врата.

Почитувани,

потврда за тоа дека ДПМНЕ нема намера да го унапредува образованието, е ребалансот на буџетот кој јасно ги истакнува приоритетите на Владата, односно јасно потврдува дека образованието не е приоритет.

Се кратат средства во програмата за инвестиции во образованието, како и во програмите за проекти во основно и средно образование. Ова значи дека ДПМНЕ крати од програмите кои значат подобра ифраструктура, од проекти за поддршка за ранливите групи на дечиња и крати од програми кои обезбедуваат професионален развој и напредување во кариерата на наставниците. Во пракса, ова ќе донесе целосен застој во развојот на образованието.

Ако ја погледнеме програмата на Владата предводена од ДПМНЕ во делот за образованието, ќе видиме дека таа се обврзала на: Раст на платите на наставниците како и сеопфатно подобрување на образовната инфраструктура. Очигледно е дека од тоа нема да има ништо. Уште една голема предизборна лага на ДПМНЕ.

Почитувани граѓани, наставници, родители

Пред вас е очигледната разлика во приоритетите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ во услови на огромни кризи платите на наставниците ги покачи за над 55%, а за прв пат минатата година земаа и регрес за годишен одмор.

Ги покачивме студентските стипендии на 6050 денари кои претходно се исплаќаа во износи од 3.300, 4.000 и 4.400 денари.

На 3.500 денари се зголемија ученичките стипендии.

За првпат воведовме стипендии за докторанди во износ од 18.000 денари.

Ги вративме укинатите стипендии за постдипломци.

Се воведе мерката субвенција на студентски оброк

Сите важни политики за образованието и младите ги креиравме заедно со засегнатите страни кои низ дијалог беа вклучени во подготвувањето на анализите и плановите. Сега министерката води јавната расправа во онлајн верзија. Тоа значи дека таа избегнува да се сретне со наставниците, учениците, студентите и воопшто јавноста.

Почитувани, СДСМ ќе остане посветена на образованието. Како конструктивна опозиција им порачуваме на сите вработени во образованието дека ќе бидеме нивни партнери во заштита на нивните права и силно ќе се спротиставиме на политиките на оваа Владата која свесно сака да го маргинализира овој важен сектор.

Прес-конференција, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ

СДСМ

За 25 милиони долари се продава „куќата на гревот“ во Лас Вегас, сопственикот се сели од САД

Ден Билзериан се сели од „градот на гревот“ Лас Вегас. Односно се сели од САД.

Тој ја продава луксузната вила во која живеел и се забавувал за 25 милиони долари, што ја прави најскапиот имот во градот во моментов. Агент за недвижности изјави за TMZ дека „никогаш не видел нешто слично“.

Огромниот имот, кој се наоѓа во луксузната населба Spring Valley, изгледа како игралиште за возрасни. Има седум спални соби, 14 бањи и гаража која може да собере 16 автомобили. На 3.700 квадратни метри има карпа за качување, игралиште за хокеј на ролери, теретана, кино, соба со тобогани, огромен базен, винарска визба која тешко се гледа и во најголемите винарии, но и соба за оружје...

„За 25 години работа со недвижен имот никогаш не сум видел нешто слично. Трошоците за изградба беа над 20 милиони долари во времето кога беше изграден. Откако Дан го купи овој имот, тој инвестирал милиони за дополнително подобрување на имотот. Квалитетот на градбата и завршните работи се најдобро што сум ги видел, тој увезуваше материјали од целиот свет“, изјавил агентот за недвижности Френк Наполи II.

Билзериан сега ќе живее делумно во Дубаи, а делумно на Бали. Тој планира да го интернационализира својот бренд Ignite.

Ден Билзериан е самопрогласениот „крал на Инстаграм“ кого на социјалната мрежа го следат 32 милиони луѓе. Билзериан тврди дека своето богатство го стекнал на турнири во покер и дека заработил 50 милиони долари во период од 14 месеци. Некои други во светот на покерот тврдат дека ова е едноставна лага и дека тој сигурно не заработил толку пари од покер.

Vice еднаш напишале дека Билзеријан ужива во незаконски стекнатото богатство на неговиот татко. Ден ги оспорил тие тврдења, велејќи дека „луѓето веруваат во секакви работи“.

Игра со трагичен крај: Четири деца починале кога се затвориле во замрзнувач

Полицијата во Намибија ја истражува смртта на четири деца кои си играле во празен стар замрзнувач во североисточниот регион Замбези.

Децата на возраст од три до шест години биле пронајдени во неискористен замрзнувач во густо населена област Катима Мулило, јави Би-Би-Си.

Полицијата верува дека децата случајно се заглавиле додека си играле и се задушиле внатре, но допрва треба да се направи конечен извештај.

Од четирите деца, две починале во замрзнувачот, а две во болница.

„Кога дојдов, видов како брза помош им помага на ќерка ми и на уште едно девојче. Брза помош ги однесе во болница“, изјави за The Namibian Арангес Шоро, таткото на децата.

Децата кои биле итно пренесени во блиската државна болница биле прогласени за мртви по пристигнувањето, објави јавниот сервис NBC.

Влетал на роденденската забава на својата ќеркичка и ѝ пукал во лице на нејзината мајка (ВИДЕО)

Маж од Тексас е обвинет дека ја застрелал својата поранешна сопруга во лице пред нивните деца, откако непоканет влетал на роденденската забава на едно од нивните деца.

Јалин Џ. Форман (27) е обвинет за убиството на Џејлен Витлок (25), објави во неделата полицијата во Хјустон. Витлок починала откако била застрелана во лице во нејзиниот дом додека таа и нејзините деца го прославувале роденденот на нејзиното шестгодишно дете, пишува Law&Crime.

Според кривичната пријава, Форман нешто пред 20 часот и 30 минути дошол на вратата од куќата во која живеела Витлок. Тој наводно се обидувал да влезе во куќата за да ѝ даде роденденски подарок на ќерка си, но таа му рекла дека не може да влезе.

Нејзиното момче, со кое била во врска околу една година, се јавил на вратата, а тој и Форман почнале да се расправаат поради претходен инцидент во кој Форман пукал во куќата на Витлок.

Форман „провоцирал и зборувал за тепачка, пукање и ги повикал да излезат надвор и да се тепаат!“, се наведува во извештајот, потоа „станал поагресивен и се вратил во својот камион паркиран пред куќата“. Децата на Витлок „биле заедно на влезот во куќата“.

Додека Форман продолжил да вика, момчето на Витлок отишло во кујната да земе пиштол бидејќи Форман „постојано зборувал за пукање и тепачка“.

Дечкото рекол дека додека се враќал кон вратата Форман отворил оган, се наведува во тужбата. Тој возвратил со оган. Во тој момент, Витлок наводно „го извикал неговото име и ги грабнал децата кои биле близу вратата“.

Откако ја затворил вратата, нејзиното момче видело дека Витлок е застрелана и дека лежи на подот. „Им кажа на децата да се качат горе“, се наведува во тужбата.

Друг сведок, сосед, изјавил на полицијата дека видел маж, подоцна идентификуван како Форман, како вози бел Шевролет, излегол од автомобилот и викал кон куќата пред да „испука најмалку пет истрели“.

„Не се плашам од тебе“, наводно извикал Форман, според очевидци. „Знам каде живееш“, додаде тој.

Наводно, снимката од надзорните камери покажува како бел теренец го напушта местото на настанот, а потоа се враќа неколку моменти подоцна. Друг сведок и рекол на полицијата дека го видел Форман како држи пиштол.

„Повторно викам, излезете, ајде да го завршиме ова“, наводно рекол Форман, според сведоците.

Тој побегнал од местото со бел шевролет.

Во деновите по пукањето, полицијата брзо го идентификувала Формен како осомничен, иако веднаш не го именувале.

„Ние сме уверени, се разбира, дека ќе го најдеме ова лице“, рече полицискиот поручник Р. Вилкенс од Хјустон, според извештаите на филијалата на NBC, KPRC во Хјустон.

„Се надеваме, ако е паметен, ќе се предаде и ќе ни објасни зошто го направил тоа што го направил“, додаде тој.

Полицијата се уште трага по Форман.

притисни ентер