СДСМ: Судството и обвинителството мора да испорачуваат правда за сите

Граѓанскиот марш „Чекориме за правда" сплоти повеќе од 15.000 граѓани кои имаа за цел да го охрабрат правосудниот систем да воспостави правда, со што ја потврдија заложбата за градење силна правна држава.

Откако мнозинството пратеници го изгласаа Законот за Јавно обвинителство, но и Законот за Совет на јавни обвинители, Законот за судови и Законот за Судски совет законодавната власт ја исполни својата обврска и испорача уште еден аргумент пред Европската Унија, дека државата е подготвена за неселективна правда и за владеење на правото.

Затоа, главната порака од маршот беше дека сега е ред на правосудниот систем да постапи независно и професионално и да испорача правда, а оние кои ја блокираа правдата се целосно поразени.

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се целосно поразени на тема правда. Целата јавност го виде тоа. Затоа треба да се искористи овој момент, сите да се охрабрат, судии, обвинители, поротници! Ослободете се, ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Мицкоски, ниту нивните инсталации не ви можат ништо! Граѓаните, нашиот народ од кои што земаме плата, очекува правда – на вас е да ја испорачате правдата во Република Северна Македонија" повика Заев.

СДСМ преку Законот за Јавно обвинителство овозможува независни обвинителски институции, транспарентни и професионални постапки, завршница на сите предмети и избор на обвинители без влијание на политиката.

„Овде сме со будно око, да следиме и да чекаме правна завршница на сите случаи. Таму каде што има докази очекуваме транспарентни одлуки, по Устав, закон и сопствено убедување на судиите. Затоа сме денеска овде собрани, затоа што ни треба правна држава. Стоиме тука пред црвената линија – и нема да ја преминеме, зашто не смее ниту партија ниту извршна власт да влезе во судска власт! Ние не смееме и нема да се мешаме во судската власт, но имаме обврска да бараме судската власт да се менува и тоа го бараме"- ги охрабри судиите и обвинителите, Претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

СДСМ и понатаму останува посветена на реформите во правосудството затоа што наша крајна определба е силен, ефикасен и неутрален судски систем, ослободен од сите партиски влијанија. Тоа ќе ни ја гарантира и европската перспектива што е стратешка определба на Република Северна Македонија.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер