СДСМ: Срамно е да има три верзии од скандалот на аеродромот, некој ја прикрива вистинската - Канал 5

СДСМ: Срамно е да има три верзии од скандалот на аеродромот, некој ја прикрива вистинската

Јавноста е во целосна конфузија по вчерашниот инцидент со претседателката на Косово, Вјоса Османи откако сите страни излегоа со своја верзија на настанот. 

СДСМ: Срамно е да има три верзии од скандалот на аеродромот, некој ја прикрива вистинската

Прашуваме, дали се прикрива вистинската верзија за тоа што се случило и од кои причини?

Додека Косово го окарактеризира настанот како „дипломатски скандал“, јавноста не беше удостоена ниту со прес конференција на МВР за да се разбере што се случило. Вистина ли е дека лице од обезбеувањето на Гаши се заканувало со огнено оружје на вработени на ТАВ и каква била неговата улога? Дали ова во детали ќе го истражи и соопшто МВР или ќе се обиде да го забошоти случајот? Повеќе пд очигледно е дека некој се обидува да ставу одредени факти под тепих. СДСМ бара целосно расчистување на настанот и транспарентно соопштување од страна на МВР.

Како и за повеќе други ситуации, во овој краток мандат на Владата, граѓаните не знаат што се случува и која е вистината. Ние гледаме секојдневно спротивни информации на многу теми и тоа директно од највисоките претставници на власта. Муцунски зборува едно за кредитот за пругата кон Бугарија, Николовски друго.

Мицкоски вика дека ќе најде начин да се намалат платите на функционерите, министереката за фиансии дека ќе си оди ако и се намали платите. Албанските партии во власта се со сосема различни тврдења од ВМРО-ДПМНЕ по сите прашања од нивни интерес, без разлика дали е тоа албанска МАНУ или балансерот. Оваа Влада е многу нечесна спрема граѓаните и повеќе од јасно е дека вистината тешко ќе се дознава, се наведува во партиското соопштение.

Канал 5 дознава: Македонија евакуира меѓу првите во Европа, авионот од Египет тргнува назад

Авионот испратен за евакуација на првата група од осум македонски државјани кои се евакурани од Израел, од Шарм Ел Шеик во Египет, тргнува назад кон Македонија.

Канал 5 дознава: Македонија евакуира меѓу првите во Европа, авионот од Египет тргнува назад

Се очекува групата од осум лица да пристигне вечерва на скопскиот аеродром

Македонија ги евакуираше своите државјани меѓу првите земји во Европа, пред Унгарија и Грција.

Албанските и словенечките државјани се враќаат во своите земји со помош на Грција.

„Бетcast" со Александра Каранфиловска

Вечерва во 21:30ч премиерно на YouTube, и во 23:30ч на Канал 5 ТВ.

„Бетcast" со Александра Каранфиловска

Колку длабоко во човековата психа може да допре психичката траума?

Што доведе една млада личност да посегне по сопствениот живот, кои се тајните знаци на патот до амбисот?

Александра Каранфиловска во Беткаст во 21:30ч премиерно на YouTube, и во 23:30ч на Канал 5 ТВ.

YouTube video

Вахиди: Иран сè уште не ја искористил најновата генерација проектили

Поранешниот командант на силите Кудс на иранскиот корпус на револуционерната гарда (ИРГЦ), Ахмад Вахиди, изјави дека Иран сè уште не ја распоредил својата најнова генерација ракети и наскоро ќе претстави нови иновации на бојното поле.

Вахиди: Иран сè уште не ја искористил најновата генерација проектили

Во меѓувреме, шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи го обвини Израел за напад врз иранските нафтени постројки во Персиски Залив.

Тој истакна дека нападите се дел од поширока стратегија за ескалација на судирите и вклучување на други регионални и глобални актери во судирот.

притисни ентер