СДСМ: Со Најдоброто силно на терен, се креира најдобрата понуда за секоја општина

СДСМ денеска започна со маалските и урбани средби со граѓаните во десетици општини низ државата, се наведува во партиското соопштение. 

Функционери на партијата, членови на Извршниот и централниот одбор, пратеници и пратенички попладнево разговараа со граѓаните пред кои ги презентираа проектите што досега се реализирани, но и ги слушнаа изворно сугестиите и предлозите на граѓаните за идни мерки и проекти на локално ниво.

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска беше во посета на Крива Паланка, членот на ИО на СДСМ Петре Шилегов на средба со граѓаните во Гази Баба ,а секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ, со граѓаните во Кисела Вода.

Пратеничките на СДСМ Емилија Рамбабова и Соња Михајлова беа меѓу жителите на Карбинци и Виница.

Претседателката на Комисијата за животна средина и просторно планирање Каја Шукова го посети Кратово, а членот на ЦО Борис Тунџев се сретна со граѓани од општина Илинден.

Членовите на ИО Мелиса Ценовска и Васко Ковачевски беа со жителите на Врапчиште, односно Демир Хисар, а претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Атанасов во Градско.

Во периодот што следи, СДСМ со засилено темпо го продолжува континуитетот на теренски активности со директен пристап кон граѓаните.

Преку урбани, маалски средби, граѓански трибини и средби со целни групи во директна комуникација со граѓаните, заеднички ќе го креираме „Најдоброто за секоја општина" за да продолжат напредокот и развојот како на локално, така и на централно ниво.

Преку посветена работа во континуитет докажуваме дека сме партија која се грижи за граѓаните и затоа довербата во СДСМ постојано расте, затоа СДСМ е фаворит на претстојните локални избори.

Новинар на „Тајмс“: Алонсо не е на потесниот список на замени на Клоп

Продолжуваат шпекулациите околу иднината на тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо. Шпанскиот стручњак најмногу се поврзува со Баерн Минхен и Ливерпул, а конечната одлука на тренерот кој брка тројна круна со „аспирините“ се уште не е позната.

Сагата помеѓу Ливерпул и Чаби Алонсо доби вистински пресврт бидејќи познатиот новинар Пол Џојс, кој е близок до „црвените“ и работи за „Тајмс“, објави дека шпанскиот тренер нема да се најде на потесниот список на замени на Јирген Клоп.

Тоа е многу остар пресврт од првичните гласини кои го поврзуваа Алонсо конкретно со тимот, но според сите сметки тој изгледа малку веројатно да застане на чело на Ливерпул, а сега се очекува Шпанецот да остане во Баер Леверкузен./МИА

Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија

Најмалку четири лица се удавија во морето поради големите бранови предизвикани од ураганот Нелсон во Шпанија.

Две лица се удавија вчера во градот Тарагона, источна Шпанија и две во регионот Астурија, во северниот дел на земјата.

Невремето зафати неколку шпански региони, а брзината на ветерот достигна 90 километри на час. /МИА

Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров

Дванаесет години постариот Балканец направи дури 24 винери и генерално го совлада помладиот ривал во сите важни елементи на играта, заслужувајќи го целосно вториот триумф во меѓусебните дуели. 

Карлос Алкараз беше јасен фаворит во борбата за овогодинешната Мастерс титула во Мајами, но веќе во четвртфиналето се прости од вториот трофеј на тој АТП турнир од серијата 1.000, бидејќи изминатава вечер немаше решение за ударите на Григор Димитров - 0:2 (2:6, 4:6).

И не само тоа, Шпанецот беше толку слаб што по мечот не се срамеше да признае колку бил во сенка на пониско рангираниот бугарин.

- Повторно ме натера да се чувствувам како да имам 13 години. Не се сеќавам дека некој ме натерал да се чувствувам вака. Помина долго време откако се случи такво нешто. Не знаев што да правам. Барав решенија, но тој не ми дозволуваше. Чувствував неверојатна фрустрација, изјави 20-годишниот Шпанец по неговата изненадувачка елиминација.

Дванаесет години постариот Балканец направи дури 24 винери и генерално го совлада помладиот ривал во сите важни елементи на играта, заслужувајќи го целосно вториот триумф во меѓусебните дуели.

- Генијалноста е често во едноставноста. Знаев дека морам да бидам поагресивен, да ги водам поените. Многу е тешко да се направи тоа против него, изјави пресреќниот, но разумен „џелат“ на шампионот на неодамнешниот Мастерс во Индијан Велс.

Димитров за финалето ќе се бори со Александар Зверев од Германија, додека другата полуфинална двојка ја сочинуваат бранителот на тронот Данил Медведев (Русија) и Јаник Синер (Италија). /MИА

притисни ентер