СДСМ Скопје: Зошто Арсовска крие дека била менаџер на фирма за продажба на автобуси? - Канал 5

СДСМ Скопје: Зошто Арсовска крие дека била менаџер на фирма за продажба на автобуси?

„Jавноста има право да знае каква менаџерка била Данела Арсовска и дали досега работела за доброто на Скопје и скопјани“, укажува Градската организација на СДСМ, на денешната прес конференција.

СДСМ Скопје: Зошто Арсовска крие дека била менаџер на фирма за продажба на автобуси?

СДСМ потсетува што се обидува да скрие Арсовска од нејзината биографија што ја сподели на својата веб-страница: „Арсовска се обиде да скрие дека била катастрофален менаџер на скопската сала Расадник, изградена со самопридонес на скопјани, а ја зела под закуп на 25 години за само илјада евра месечно кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ. Арсовска се обиде да ги скрие семејните фирми со седиште на сала Расадник, кои профитирале, додека салата тонела во долгови, се крадела струја во неа, и се упропастувала како спортски објект. Арсовска се обиде да го скрие од јавноста и нејзиното моминско презиме Јовановска, за да не се открие нејзиниот непотизам и поврзаноста на нејзините семејни фирми од сала Расадник со хотелите „Империјал“ и „Ројал“. Унгарската конзулка Арсовска се обиде да скрие и дека има бугарско државјанство и бугарска лична карта и дека поврзана со бугарски капитал во Македонија.“

На денешната прес-конференција СДСМ откри и други скриени моменти од менаџерската биографија на Арсовска: https://www.facebook.com/GradskaOrganizacijaNaSDSM/videos/564469654816347/

„Зошто Арсовска, која ветува 250 нови автобуси, не кажува во биографијата дека била менаџер на фирма која се занимавала токму со продажба на автобуси во Македонија?“, прашува СДСМ, обелоденувајќи докази дека Арсовска ја менаџирала фирмата „ТЕМ МК“, која во 2008 се занимавала со продажба на автобуси и нудела за продажба турски автобуси во Македонија. Според обелоденетите документи, „ТЕМ МК“ била семејната фирма која се трансформирала во „Ројал Груп“ со седиште во сала Расадник и во обете фирми биле сопственици Арсовска и татко и.

СДСМ Скопје укажува дека во целиот тек од кампањата, кога ветува 250 нови еко-автобуси, Арсовска промовира и рекламира еден од најскапите кинески електрични автобуси од 18 метри, од кинеската фирма BYD, без воопшто да каже колку чини кинескиот автобус: „Арсовска рекламира кинески автобуси, а „Македонска кинеска стопанска комора“ се наоѓа на иста адреса со организации и фирми поврзани со неа и нејзиниот татко.“

СДСМ Скопје обелодени документи дека на иста адреса - Рилски конгрес бр. 112 - се наоѓа и „Македонска кинеска стопанска комора“ и Сојуз на организации на работодавачи на Македонија (каде што Арсовска се јавува како овластено лице за застапување) и подружница на семејната фирма „Ројал груп“ од „Расадник“ и имотен лист од објектот кој е во сопственост на таткото на Арсовска.

СДСМ Скопје тврди дека „покрај семејните фирми во сала „Расадник“ и на „Благоја Гојан 24“, „Рилски конгрес бр. 112“ е трета адреса каде што допираат пипците од семејниот бизнис октопод“.

На крајот од прес-конференцијата СДСМ Скопје укажува дека јавноста има право да знае: „Дали Арсовска била успешен или неуспешен менаџер на фирма за продажба на автобуси во 2008? Дали нејзиното рекламирање на електрични кинески автобуси во кампањата има врска со „Македонска кинеска стопанска комора“, која е на иста адреса со нејзини приватни и семејни правни лица? До кога Арсовска ќе бега од новинари и ќе ги крие пипците на семејниот бизнис „октопод“ кој ја упропастил скопската сала „Расадник“ - изградена од град Скопје со пари на скопјани?“

Градска организација на СДСМ

Поранешниот француски претседател Саркози лишен од орденот Легија на честа

Поранешниот француски претседател Никола Саркози лишен од орденот Легија на честа по пресудата за корупција.

Поранешниот француски претседател Саркози лишен од орденот Легија на честа

Поранешниот француски претседател Никола Саркози е лишен од орденот Легија на честа, највисокото француско одликување, по пресудата за корупција со која е осуден на една година затвор, се наведува во денеска објавениот указ.

Десничарскиот поранешен претседател (2007-2012) стана вториот француски шеф на држава лишен од ова одликување по маршал Филип Петен, кој беше лишен од орденот во август 1945 година поради осуда за државна предавство и соработка со непријателот.

Одлуката беше очекувана, бидејќи пресудата на Саркози, без преседан за поранешен француски претседател, стапи во сила откако Апелацискиот суд ја отфрли неговата жалба во декември.

Саркози беше прогласен за виновен за склучување „корупциски договор“ во 2014 година со неговиот долгогодишен адвокат Тиери Херцог и висок судија од Апелацискиот суд, највисоката судска инстанца во Франција, за да добие информации и да се обиде да влијае врз жалбен постапка во друго дело. Ова било направено во замена за ветување за висока позиција во Монако. Осуден на три години затвор, од кои една година домашен притвор под електронски надзор, Саркози носеше електронска алка три месеци, која беше отстранета во средината на мај по негово барање, поради неговата возраст (70 години).

Саркози, кој постојано тврдеше дека е невин, поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права (ЕСПЧ). Со отфрлањето на неговата последна жалба во Франција, тој автоматски подлежи на исклучување од орденот Легија на честа, што се случува кога носителот е правосилно осуден за кривично дело или добие казна затвор од една или повеќе години.

Саркози одговара и за други случаи, вклучително и за сомнежи за либиско финансирање на неговата претседателска кампања во 2007 година. Пресудата за овој случај се очекува кон крајот на септември.

Бајден го осуди политички мотивираното насилство врз демократски политичари во Минесота

Бајден го осуди политички мотивираното насилство по нападите врз демократски политичари во Минесота.

Бајден го осуди политички мотивираното насилство врз демократски политичари во Минесота

Поранешниот американски претседател Џо Бајден остро го осуди смртоносниот напад врз конгресменка од Демократската партија и нејзиниот сопруг во Минесота, пренесе ДПА.

„Вакво одвратно политички мотивирано нападение никогаш не смее да се случи во Америка“, изјави Бајден во објава на платформата Икс. „Не смееме да ѝ даваме сигурно засолниште на омразата и екстремизмот, и сите ние како нација мора да се обединиме против политичкото насилство“, додаде тој. Бајден изрази поддршка за „сите погодени од оваа бесмислена трагедија“.

Во еден од нападите, Мелиса Хортман, членка на Претставничкиот дом на Минесота, и нејзиниот сопруг Марк Хортман беа убиени во раните утрински часови во нивниот дом во Бруклин Парк. Во друг напад во Чамплин, сенаторот од Демократската партија Џон Хофман и неговата сопруга беа тешко повредени од куршумите на напаѓачот.

На денешен ден

15 јуни 2025.

На денешен ден

1215.- Англискиот крал Џон ја потпишал Големата повелба на слободата (Магна карта либертатум) со која на големците им се гарантирале поголеми слободи.

1752.- Бенџамин Франклин, американски физичар и државник, го докажал односот меѓу молњата и електричното празнење со пуштање на детско летало за време на бура. На овој ден бил пронајден громобранот.

1843.- Во Берген е роден Едвард Григ, норвешки композитор, пијанист и диригент. Во своите музички остварувања користел елементи на националниот фолклор и со нив норвешката музика добила целосна афирмација во светот. Умрел во Берген, на 4 септември 1907 година.

1873.- Германскиот археолог-аматер Харнјих Шлиман, во Мала Азија, ги открил крепостите на Троја, древниот Пријамов град, познат од Хомеровите епови.

1882.- Во Кратово е роден Павел Шатев, истакнат македонски револуционер и анархист, член на Гемиџиите и еден од солунските атентатори. Подоцна станал еден од основачите на ВМРО (Обединета), а по ослободувањето на Македонија - прв министер за правосудство. Основното училиште го завршил во родниот град, а потоа се запишал во прогимназијата во Скопје. Во 1900 година успешно матурирал во Солунската гимназија. Истовремено им се приклучил на Гемиџиите. Бил задолжен да го потопи со динамит францускиот брод „Гвадалкивир“. Оваа акција била успешно извршена, при што бродот бил запален, а сите патници биле спасени. Бил уапсен и на судскиот процес на 6 јуни 1903 година бил осуден на смртна казна. Исчекувајќи го трите години за извршувањето на смртната казна во солунскиот затвор Еди Куле, на 23 април 1906 година, неочекувано, смртната казна му била заменета со доживотен затвор во Фезан, во Сахара. Во 1908 година, по Младотурската револуција, добил амнестија и повторно дошол во Солун. По кусиот престој во Македонија, заминал во Брисел, каде студирал право. Во текот на Првата светска војна бил мобилизиран во бугарската војска, а по војната активно се вклучил во политичкиот живот на македонската емиграција во Бугарија. По капитулацијата на Бугарија во септември 1944 година се вратил во Македонија и се вклучил во политичкиот живот на македонската република извршувајќи највисоки раководни должности. По донесувањето на Резолуцијата на Инфорбирото, Шатев застанал на страната на советската партија. На 16 јуни 1949 година Шатев бил уапсен „како непријател на државата“ и набрзо му бил одземен пратеничкиот имунитет. Во истражниот затвор во Скопје бил задржан 11 месеци, до мај 1950 година по што бил испратен во Битола, во домашен притвор. Лишен бил од контакти со надворешни лица и држен во тешки услови. Набрзо се разболел и бидејќи не му било дозволено да се лекува, починал на 30 јануари 1951 година. Властите не дозволувале да биде погребан во родното Кратово. Закопан бил на битолските гробишта.

1899.- Во Фуенте Вакерос е роден Федерико Гарсија Лорка, шпански писател од Гранада, народен драматург, сликар, музичар и еден од најголемите лиричари воопшто. Извршил значително влијание врз развојот на европската поезија. Познати се неговите збирки песни: "Песни", "Цигански романсеро", "Поет во Њујорк" и драмите "Крвави свадби" и "Домот на Бернарда". По трагичната смрт (го стрелале франкистите во првите денови на Граѓанската војна во Шпанија, во 1936 година), тој станал најчитан светски поет.

1919.- Во директен лет од Њу Фаундленд во Северна Америка до Ирска британските авијатичари Артур Браун и Џон Оклок први го прелетале Атлантикот. Летот траел 10 часа и 12 минути.

1927.- Во Римини, Италија, е роден Хуго Прат, еден од најголемите стрип-автори во втората половина на 20. век. Умрел во Лозана, Швајцарија, во август 1995 година.

1967.- Жорж Помпиду бил избран за претседател на Франција.

1994.- Република Македонија и Република Боливија воспоставиле дипломатски односи. Република Боливија била прва земја од Латинска Америка и Карибите со која Република Македонија воспоставила дипломатски односи.

1994.- Израел и Ватикан воспоставиле целосни дипломатски односи по историскиот договор за меѓусебно признавање и помирување, формално окончувајќи го вековното несогласување меѓу Евреите и Римокатолиците.

1996.- Во Беверли Хилс умрела Ела Фицџералд, американска џез-легенда, позната како дама на песната. Родена била во 1918 година.

1999.- Северна Кореја соопштила дека јужнокорејската воена морнарица потопила еден нејзин брод во севернокорејските водени територии на Жолто Море, обвинувајќи го Сеул за предизвикување на првиот поморски судир по завршувањето на Корејската војна во 1953 година со што провоцирала нова војна на поделениот полуостров.

2010.- Трагично настрадал Беким Фехмиу, актер кој во Југославија во 60-те и 70-те години од минатиот век стекнал голема популарност. Често играл и во европски продукции. Остварил околу 45 филмски и ТВ улоги. Ја објавил книгата спомени „Блескаво и страшно“.

притисни ентер