Мицкоски и ДПМНЕ можат веднаш да станат дел од Влада во која нема да учествува ДУИ, а потоа и да се организираат предвремени избори.
Се што треба ДПМНЕ и Мицкоски да направат е да се вклучат во процесот и да дадат поддршка за уставните измени.
Во спротивно, ќе покажат дека се несериозни неодговорни пред сопствениот народ и пред иднината на државата.
Наспроти лагите на Мицкоски и ДПМНЕ, македонскиот јазик, идентитет, култура и посебност, денес се меѓународно заштитени и потврдени.
Доказ за тоа е Предлог Резолуцијата во Сенатот на САД, како и претходно усвоената Резолуција од германскиот парламент.
Сето тоа е потврда за успешната меѓународна политика на Владата предводена од СДСМ.
По 17 години во чекалната, нашата држава ги започна преговорите со ЕУ, со заштитен македонски јазик, македонски идентитет и посебност.
Сега е време за нов, сериозен исчекор и забрзување на процесот на преговори со крајна цел – полноправно членство во ЕУ до 2030 година.
Затоа, секоја пратеник, секој политички субјект има одговорност да се вклучи во процесот и да даде поддршка на измените на Уставот.
Се друго е дејствување спротивно на врвните државни и национални интереси.
Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ
СДСМ