Бериша меѓу другото најавува дека „утре во Албанија ќе започне граѓанска непослушност, без враќање, до формирање на техничка влада".
- Оваа граѓанска непослушност, на 7 октомври, е почеток на последното поглавје од оваа 11-годишна црна историја на Албанија, историја, која зад себе ќе го остави најразорното уништување на темелите на кои се заснова Албанија и албанството. Оваа граѓанска непослушност, утре, доаѓа како единствен одговор што на албанската опозиција, последната надеж на Албанија, и го остави нарко-државата на Еди Рама, базирана на криминал, дрога, кражби и депортација на Албанците, вели Бериша.
Враќајќи ги некои од главните моменти низ кои помина опозицијата во последните 3 години, Бериша наведува дека овој протест не доаѓа како гром од ведро небо, бидејќи опозицијата одржала неколку национални протести, одржала говори преполни со осуди.
Протестот на опозицијата закажан за 18 часот ќе се одржи под мотото "Марширање кон Тирана - или денеска или никогаш" и според организаторот се очекува присутво на неколку стотици илјади граѓани.
Поддршка на демократите најави и Партијата на слободата, на Илир Мета. /МИА