Интензивните теренски активности на СДСМ и средби со граѓаните ширум републиката продолжија и денеска.
Во општина Карпош рамо до рамо со граѓаните беа потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев и Роберт Бекировски.
На маалска средба со карпошани Богоев порача дека е време за финална победа за иднината на земјава, пред се заради доброто на идните генерации.
- Ние, сегашните генерации сме сега должни да одиграме клучна улога и да го направиме финалниот чекор за да ја обезбедиме европската иднина на нашата татковина. Имаме историска шанса која што мора да ја искористиме. Стремежот е европско образование тука, европски можности и вредности на слобода, демократија, правичност и правда тука, во нашата Македонија. Затоа, ова е битка за иднината, за стабилност, за мир, за просперитет и економски напредок. Борба за правда, подобро образование, организирано здравство, повисоки плати и пензии, поубав живот за сите. Ова е борба за младите. Сега е време за финална победа за нашата иднина, рече Богоев.
Изборот на сите политички партии е помеѓу европска иднина и враќање назад, ЕУ или изолација, додаде тој.
- Изборот пред секоја политичка партија е интеграција или изолација. Eвропски блок за европска иднина или анти-европски блок за изолација. Христијан Мицкоски, наместо со денови да молчи треба да излезе пред јавноста и да каже што одлучил: ЕУ или Левица?, рече потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев денеска од средба со граѓаните на Карпош.

Претседателката на Форумот на жени, Јована Тренчевска денеска како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ беше меѓу граѓаните на општина Струга.
- Унапредување на стандардот на граѓаните е врвен приоритет за СДСМ и Владата што ја предводи. Преку успешни, ефикасни политики успеавме да ги зголемиме платите во сите сектори, минималната плата да ја донесеме на над 20.000 денари и таа да важи за сите дејности. Пензиите сега ги зголемуваме согласно новата методологија каде со последното покачување 330.000 пензионери добија покачување од 16% отсто само за една година, а следното зголемување ќе биде во септември. Просечната пензија сега е поголема за 35% споредбено со времето на ВМРО ДПМНЕ. Одлични резултати дава и Оперативниот план за вработување кој оваа година е со рекорден буџет од 32 милиони евра и со опфат на близу 15.000 лица, порача Тренчевска во Струга.
Во Куманово беа Славјанка Петровска и Гоце Георгиевски.
- СДСМ ги реализира стратешките цели на државата. Денес сме членка на НАТО и по 17 години чекање започнавме преговори со ЕУ. За разлика од нашиот државнички однос, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски постојано дејствуваат спротивно на националните и државните интереси. Се противеа на членство во НАТО се противеа на европскиот предлог, а сега се противат на потребните реформи со кои ќе го забрзаме процесот на интеграција кон ЕУ. Но на крајот, треба да знаат дека нема да успеат. Нивните блокади повторно ќе бидат поразени, истакна Петровска.
Во општина Сарај помеѓу граѓаните беа Магдалена Грашковска и Дарио Николовски, кој истакна дека Владата, институциите предводени од СДСМ успеале светската енергетска криза да ја претворат во можност, а најдобар показател за тоа е рекордното зголемување на домашното производство на електрична енергија што обезбеди стабилност на цената, но и можност за враќање на евтината дневна тарифа на струјата за домаќинствата.