СДСМ: Предлог Законот гарантира попис според сите меѓународни стандарди

Законот за попис на населението е во собраниска процедура и со неговото усвојување се создаваат сите услови за одржување на попис оваа, 2021 година.

Попис, по највисоките меѓународни стандарди, дигитализиран и согласно прописите на Евростат.

После цели 19 години на нашата земја и е неопходен попис. За да може подобро и рамномерно да се развива, за креирање нови долгорочни развојни политики. Тоа е во интерес на државата, на народот, на сите наши граѓани.

Затоа велиме дека реализацијата на оваа статистичка операција е патриотски чин.

По скоро 19 години без спроведен попис, никој не смее да го кочи или одолговлекува. Ние нема да дозволиме народот да претрпи штета, пописот ќе се одржи оваа година.

Мицкоски мора да сфати дека пописот е статистичка операција, а не политичка. А за својата борба за фотелјата во белиот дворец треба да си бара други начини наместо да блокира се што е во интерес на граѓаните и државата.

Тој е против се а не знае зошто. Се обидува да блокира се, без никаква одговорност кон државата и без осет за потребите на граѓаните.

Дури повикува на бојкот на пописот. Зошто не знае ниту тој. Помалку граѓани Македонци да излезат? Да бидеме единствена земја без попис?

Ние немаме намера да му дозволиме на ВМРО-ДПМНЕ да спречи уште еден попис.

Како пратеници избрани од народот имаме обврска да овозможиме надлежните институции да ги направат сите подготовки за пописот и успешно да го спроведат согласно сите меѓународни стандарди.

Затоа ги повикувам сите пратеници, да го поддржат законското решение.

Државата има електронски регистар на население кој ќе биде поврзан со уредите за попис и податоците ќе бидат споредувани со податоците на други 10 институции и проверени.

Што значи не е возможно да се попишат лица кои не постојат.

Без разлика колку и да не им се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, попис оваа година ќе има по меѓународни стандарди.

Тоа е важно за економијата, за целокупното наше општество, за развојот на нашата држава и ние сме должни тоа да го овозможиме.

Прес-конференција, Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ

ММФ: Ни требаат повеќе пари за помош на задолжените во коронакризата

На Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) му требаат повеќе пари за да им помогне на задолжените земји, рече неговата шефица, предупредувајќи на многу несигурни глобални економски изгледи и продлабочување на јазот меѓу богатите и сиромашните земји.

Бугарката Кристалина Георгиева долго време се залагала за прераспределба на специјалните права за влечење (СДР), валутата на ММФ и вчера рече дека може да одвои повеќе пари за справување со здравствената и економската криза и да го забрза развојот кон дигитална и зелена економија.

За време на мандатот на претседателот во заминување Доналд Трамп, САД, како најголем акционер на ММФ, ја блокираа прераспределбата на специјалните права за влечење, бидејќи според сегашните одредби, побогатите земји добиваат повеќе пари, пропорционално на нивниот удел.

ММФ интензивира поволно финансирање за економиите во развој, вклучително и донации на земјите-членки од околу 20 милијарди долари во постојните СДР. Тоа ќе продолжи да игра важна улога, но потребни се понатамошни чекори, нагласи Георгиева.

„Ова ќе продолжи да биде многу важно, дури и поважно, за да можеме да го зголемиме нашиот капацитет за поддршка на земјите кои заостануваат“, рече шефицата на ММФ.

Прераспределбата на посебните права сè уште се разгледува, тврди таа.

Евентуална продажба на златото од резервите на ММФ би вклучувала „одредени трошоци “ за ММФ, но одлуката е на членовите, додаде таа.

Новиот претседател на Меѓународниот монетарен и финансиски комитет (ИМФЦ), шведската министерка за финансии Магдалена Андерсон, на вчерашната онлајн прес-конференција заедно со Георгиева рече дека е јасно дека потребата за ликвидност останува висока.

Исто така, најави консултации со земјите-членки за опциите за зајакнување на ликвидноста.

Андерсон е првиот европски службеник на чело на ИМФЦ по повеќе од 12 години и е првата жена што ја извршува функцијата, а нејзиниот тригодишен мандат започна вчера.

Таа очекува групата од 20 најголеми економии (Г20) да го продолжи постојниот мораториум за отплата на долгот на најсиромашните земји, кој, како што сега стојат работите, треба да заврши во јуни. Таа додава, сепак, дека многу ќе зависи од динамиката на вакцинирање во наредните месеци.

Арсовски: Молкот за тендерите кои ги доделиле СДСМ на нивниот советник ги потврдува сомнежите

Поминаа неколку дена од обелоденувањето на скандалозниот тендер за маркетинг од 200.000 евра во Фондот за иновации, а од СДСМ и власта гледаме единствено молк, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ преку државните институции доделила над десетина милиони денари во тендери на нивни советник од Град Скопје, кој ја раководи маркетинг агенцијата Бригада Дизајн.

Човек кој нема гукнато, нема изустено ниту еден збор изминативе 3 години и нема дадено никаква изјава во градот Скопје како партиски функционер на СДСМ, дебело се нафатирал и обогатил од парите на граѓаните, односно од парите на државните институции.

Молкот од страна на власта и СДСМ и сеуште непреземањето на никакви чекори е потврда на сомнежите дека се работи за потенцијален криминал и испумпување на народните пари преку фирми на функционери на СДСМ во конкретниот случај фирма на Бојан Ивановиќ, советник о редовите на СДСМ во Градот Скопје.

Почитувани,

Во периодот од 2018 до 2019 година и 2020та година Бојан Ивановиќ од СДСМ добил неколку милионски тендери во денари од Фондот за иновации и уште два тендери од Регулаторната комисија истата онаа комисија која им ја покачи цената на струјата на граѓаните. Вкупно над 10 милиони денари, народни пари, завршиле во џебот на функционер на СДСМ, понатаму не знаеме каде.

Над 55.000 граѓани останаа без работи, огромен број на компании пропаднаа заради економската криза и некапацитетноста на власта да им помогне и да се справи, а СДСМ и нивните функционери испумпуваат пари на граѓаните од Буџетот на фимрите односно институциите на државата.

Затоа повторно јавно прашуваме исто како и вчера, дали СДСМ ќе преземе одговорност за овие тендери, дали Петре Шилегов ќе побара оставка од својот советник Бојан Ивановиќ, дали Коста Петров ќе го раскине спорниот тендер и ќе направи ревизија на претходните тендери кои што му биле доделени на истиот овој човек кои што исто така се прилично сериозни суми и дали конечно антикорупциската комисија која стана експерт за прикривање корупција на власта изминатите три години, конечно ќе отвори случај да ги истражи сите овие тендери и на кој начин завршиле во џебот на еден советник од редовите на СДСМ?

Институциите се на потег, но знаејќи ја нивната сервилност кон власта, Заев и СДСМ, очигледно ќе молчат додека некој ги краде парите на граѓаните, рече Арсовски.

Ковачки: Непрофесионализмот при издавање на безбедносни сертификати е препознаен во НАТО

Трет ден како Министерот за одбрана и претседателот на државата молчат и не даваат одговор на поставените прашања во врска со скандалот што и’ го приредија на својата држава, рече Драган Ковачки, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Со неодговарањето на поставените прашања од нашите прес конференции, Радмила Шекеринска и Стево Пендаровски ги девалвираат институциите кои ги претставуваат. На сите им е јасно дека проблемот за враќањето на двајцата кандидати за воени, односно одбранбени претставници на Македонија во НАТО е во власта.

И двајцата кандидати за претставници во НАТО кои беа вратени од Алијансата, внимавајте - добиле НАТО сертификат од органите на Република Македонија, но истите кога повторно биле проверени од нашите сојузници, не добиле потврда за тоа.

Ова ни помалку ни повеќе, значи дека органите, односно институциите што се целосно партизирани од страна на партијата на власт, издаваат НАТО сертификати, кои при повторна проверка од страна на Алијансата се оценуваат како неточни и некредибилни. Значи, станува збор за делегитимирање на целиот процес воден од македонските институции.

Постои огромен сомнеж, а последните два примери се чист доказ, дека институциите под власт на СДСМ издаваат НАТО сертификати само на лица подобни за власта, без разлика на тоа дали лицето реално ги исполнува условите или не. Ќе ве потсетам на примерот кога за само 5 дена му издадоа сертификат за пристап до Државна тајна на новинар близок до ставовите на СДСМ.

Од друга страна, лица кои ги исполнуваат условите за добивање на безбедносни сертификати во Република Македонија, се подложни на одбивање, само затоа што се политички неподобни. Значи, процесот на ветинг, односно безбедносна проверка, наместо да биде во функција на државата и спроведуван од институции предводени од професионалци, се користи за партиска пресметка со неистомислениците и неподобните. Од почит кон тие лица, нема да изнесуваме имиња.

Очигледно е дека и покрај дебаклот со нејзините номинации, Шекеринска продолжува да ја поисоветува партијата со министерството и да импровизира на полето на безбедноста.

Г- ѓо Шекеринска, нашите укажувања се добронамерни. И самите сте свесни дека со вашиот однос кон овие прашања уште еднаш потврдувате дека сте го промашиле ресорот кој Ви е доделен да го водите. Ја изигравте правната држава и за тоа добивте потврда и од алијансата.

За ваше добро и добро на татковината Македонија, одважете се и понесете одговорност.

Време е за Оставка веднаш!, рече Ковачки.

притисни ентер