СДСМ: Потпишани договори за 23 проекти од програмата на ТАВ во висина од 9,9 милиони евра

Инвестиции за подобар живот на граѓаните и економски развој.

Врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев се инвестициите во инфраструктурата и подобрување на условите на живот на локално ниво, за подобар и поквалитетен живот на граѓаните, за нови вработувања и економски развој.

Во вкупно 75 општини се финансираат 99 проекти, во сите плански региони со прераспределба на средствата од ТАВ кои беа предвидени за изградба на карго аеродром во Штип, во висина од 35 милиони евра.

Договорите веќе се потпишани и доделени се средства за проекти во 23 општини во вкупна вредност од 9,9 милиони евра.

Дел од 23те општини кои веќе ги потпишаа договорите и влегуваат во реализација на проектите се општините Бутел, Прилеп, Шуто Оризари, Крива Паланка, Валандово, Струмица, Делчево, Липково, Тетово, Чаир, Сарај, Карпош и Неготино.

Средствата ќе се користат за следните намени: изградба на водоводни мрежи, фекална и атмосферска канализација, реконструкција на локални патишта, основни училишта, детски градинки и други проекти значајни за развој на општините.

Преку сериозен и одговорен пристап вложуваме во капитални проекти кои носат локален економски раст и рамномерен регионален развој, проекти кои имаат за цел да го подобрат квалитетот на животот во сите општини.

Како одговорна, државотворна партија продолжуваме со реализација на конкретни мерки и политики што се во интерес на граѓаните и државата.

Затоа со право велиме дека СДСМ го има најдоброто за секоја општина, најдоброто за државата.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Манчестер јунајтед ќе добие четири милиони евра доколку Борусија Дортмунд ја освои ЛШ

Манчестер Јунајтед би можел да добие дополнителни четири милиони евра од Борусија Дортмунд за Џејдон Санчо, пишува „Тајмс“.

Според британскиот весник, Јунајтед ќе ги добие овие средства доколку тимот од Дортмунд ја освои Лигата на шампионите.

Борусија го ангажираше Санчо на позајмица во јануари 2024 година. Дваесет и четиригодишниот Англичанец на 14 натпревари за германскиот клуб има постигнато два гола и две асистенции.

Противник на Борусија Дортмунд во полуфиналето на Лигата на шампионите ќе биде Пари Сен-Жермен.

Во другото полуфинале ќе играа Баерн Минхен и Реал Мадрид. /МИА

Аеродромот во данскиот град Билунд евакуиран по дојава за поставена бомба

Аеродромот во данскиот град Билунд денеска е евакуиран по дојава за поставена бомба и еден маж е уапсен, соопшти данската полиција.

Летовите на аеродромот се прекинати. На веб-страницата на аеродромот се наведени неколку откажани летови кои требаше да се реализираат попладнево - до Амстердам, Франкфурт и Барселона.

Полицијата се обидува да утврди дали има поврзаност меѓу дојавата за поставена бомба и експлозијата на банкомат во Билунд изутрината.

Аеродромот Билунд е вториот по големина аеродром во Данска. Се наоѓа во близина на седиштето на компанијата „Лего“ и паркот „Леголенд“. /МИА

Отворено 60-тото издание на Венециското биенале

На официјална церемонија во Венеција денеска беше отворено 60-тото издание на Венециското биенале, кое ќе трае до 24 ноември. Темата на годинашното биенале е „Странци насекаде“.

На свеченоста традиционално беа доделени и наградите „Златен лав“. За најдобар национален павилјон статуетката и е доделена на Австралија. Наградата за најдобро претставување на меѓународната изложба ја доби Матаахо колектив од Нов Зеланд. „Сребрен лав“ за перспективен млад уметник учесник на биеналето и припадна на Карима Ашаду од Велика Британија.

Награди „Златен лав“ за севкупен придонес им беа доделени на уметниците Ана Марија Мајолино и Нил Јалтeр. Тие се „жени пионери во уметноста, кои се исто така мигранти и на многу начини го отелотворуваат духот на мотото Странци насекаде“, велат организаторите. Ана Марија Маиолино е родена во Италија во 1942 година, но се населила во Сао Паоло, Бразил. Нил Јалтер е Турчинка, родена во египетската престолнина Каиро во 1938 година, а денес живее и работи во Париз.

На Биеналето во Венеција годинава учествуваат 88 земји. Во фокусот на годинашното издание се темите за миграцијата, егзилот и „странското потекло“. Централната тема е „Странци насекаде“.

Во Венеција вчера беше отворен и македонскиот павилјон, во кој е поставен повеќеслојниот и трансмедијален проект на Славица Јанешлиева „INTER SPEM ET METUM“ („Помеѓу надеж и страв“) и Националната галерија на Северна Македонија како официјален претставник на земјава на светската културна манифестација Венециско биенале 2024.

Проектот е изложен во зградата на Скуола деи Ланери (Scuola dei Laneri). Павилјонот е отворен за пошироката публика секој ден, освен понеделник, од 11 до 19 часот.

- Повторно нашето културно богатство е стационирано на светската културна манифестација Венециско биенале. Делото на Славица Јанашлиева во контекст на годинашната тема „Странци насекаде“, со наслов „Помеѓу надеж и страв“ / „Inter Spem et Metum“ се занимава со аспектот на странецот, на „другиот“, виден низ многу слоевити нивоа на антиципација на контекстот, изјави комесарот на проектот Дита Старова Ќерими.

Проектот го курираше Ана Франговска, кустос советник во Националната галерија, а е поддржан од Министерство за културa.

Според Старова Ќерими, делото веќе го привлече вниманието на домашните и меѓународните медиуми како Art News, E-flux, It's Liquid, Art Review, а најавени се и интервјуа со авторката со новинари на странски и локални медиуми. Ваквиот интерес, како што наведува, дополнително потврдува дека нашата земја има уметници за кои вреди да се бориме, да бидат поддржани.

Кураторката Франговска, вели дека трансмедијалниот и транснаративен проект „INTER SPEM ET METUM“ на Славица Јанешлиева претставува визуелно исчистена и концептуално предвидена просторна инсталација, која на прилично чувствителен и имагинативен начин нè фрла во цивилизацискиот отпад.

Венециското биенале на уметноста ќе се одржува од 20 април до 24 ноември 2024 година. /МИА

притисни ентер