СДСМ: Политиките на СДСМ обезбедија стабилна иднина со загарантиран и признаен идентитет и јази

Владата предводена од СДСМ преку одговорни и сериозни политики обезбеди сигурна и стабилна евроатлантска иднина на државата со загарантиран и признаен идентитет и јазик.

Никаде во светот не се преговара за идентитет и за свој мајчин јазик и во ниту еден момент никој нема намера да преговара за идентитетот, јазикот и правото на самоопределување.

Граѓаните застанаа зад СДСМ, избраа европска иднина, избраа да носат храбри и патриотски одлуки, кои конечно ја движат македонската држава и целиот македонски народ кон исполнување на стратешките цели.

Резултатите на политиките на СДСМ се видливи на дело, за само три години станавме членка на НАТО со лична карта како македонски народ и македонски јазик, еднакви и рамноправни, рамо до рамо со најмоќните земји во светот, а истовремено, целосно го заштитивме идентитетот и ги зачувавме државните и национални интереси.

Интеграцијата на Република С. Македонија во ЕУ нема алтернатива. Евроатлантските интеграции на државата значат стабилност, траен мир, инвестиции, повисоки плати, нови работни места, младите да ја градат иднината дома, европски вредности, за подобар живот за сите граѓани.

Центар за комуникации со јавност на СДСМ

Симеоне: Имам добро чувство дека ќе одиграме одличен натпревар на реваншот со Борусија

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, со оптимизам го очекува реваншот со Борусија Дортмунд во четвртфиналето на фудбалската Лига на шампиони.

Првиот натпревар одигран во Мадрид заврши со победа на шпанскиот претставник со 2:1.

- Работиме напорно и остваривме значајни резултати сезонава. Пораснавме во фудбалскиот свет. Треба да играме и да не размислувате премногу. Имам добро чувство дека моите избраници ќе одиграат одличен натпревар. Нè очекува добра вечер во Лигата на шампионите. Имаме собрано многу искуство од вакви натпревари. Кој ќе успее да биде подобар, ќе продолжи понатаму, изјави Симеоне.

Натпреварот помеѓу Борусија и Атлетико Мадрид ќе се одигра во Дортмунд вечер со почеток во 21 часот.

Последен пат Атлетико во полуфинале на Лигата на шампионите играше пред седум години

Најстудено во Берово, најтопло во Скопје-Зајчев Рид и Тетово

Со измерени седум степени најстудено утрово е во Берово, додека со 15 степени Целзиусови најтопло е во Скопје-Зајчев Рид и во Тетово.

Како што соопштија од УХМР, осум степени се измерени во Лазарополе, 10 Охрид, Крива Паланка и Попова Шапка, 11 Маврови Анови, Дебар и Претор, 12 степени во Скопје-Петровец, Струмица и Демир Капија, 13 Битола, Штип, Велес, Прилеп, Гевгелија, Кавадарци и Куманово, 14 Крушево и во Виница.

- Во текот на ноќта имаше појава на мала до умерена облачност. Дуваше слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец кој во Штип достигнуваше брзина до 50 км/час. Изутринава е променливо облачно, дува слаб до умерен ветер од променлив правец, соопштија од УХМР.

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 28 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 25 степени.

Грција денеска без вести и информативни емисии поради 24-часовен штрајк на новинарите

Во пет часот утрово, новинарите во Грција во сите медиуми, организирани од нивните здруженија и федерации започнаа 24-часовен штрајк, со што учествуваат во утрешниот штрајк на Синдикатот на вработените во приватниот сектор.

Во пет часот утрово, новинарите во Грција во сите медиуми, организирани од нивните здруженија и федерации започнаа 24-часовен штрајк, со што учествуваат во утрешниот штрајк на Синдикатот на вработените во приватниот сектор, а Грција денеска ќе биде без вести и информативни емисии, јави дописничката на МИА од Атина.

Штрајкот се однесува на сите новинари, техничари и административни службеници во сите медиуми (печатени, радио, телевизија и онлајн) во јавниот и приватниот сектор, како и во државната телевизија ЕРТ, државната агенција АНА-МПА, во Генералниот секретаријат за медиуми, во прес канцелариите, како и на сајтовите.

Од федерациите, меѓу другото, бараат: колективни договори и во јавниот и во приватниот сектор, мерки за справување со поскапувањата што ги намалуваат платите; суштински и ефективни мерки за справување со невработеноста; национални и европски мерки за поддршка на заштитата на приходите и работните места во приватниот сектор; веродостојни информации и плурализам.

-Изразуваме протест поради континуираниот и постојано зголемен притисок врз новинарството и новинарите, а на крајот и врз веродостојното и слободно информирање, што е камен-темелник на демократското функционирање, соопштија од федерациите.

Во изминатите години пракса во Грција е, при генерални штрајкови, новинарите да учествуваат, но ден претходно со цел да можат да ги покријат протестите на денот на штрајковите, па така и овој пат го закажаа за денеска.

Синдикатот на вработените во приватниот сектор за утре закажа 24-часовен штрајк.

притисни ентер