СДСМ: Пола милијарда кредит во четри очи, дали е ова цената на чувањето на Груевски на безбедно

Конечно се отворија картите и стана јасно зошто Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го криеја изворот на парите за ново огромно задолжување. 

Конечно е јасно зошто Мицкоски и неговите соработници секој викенд беа во Будимпешта на консултации кај азилантот Груевски. Специјалната економска соработка со Унгарија е во насока на презадолжување и политичко заложништво на нашата држава кон друга држава.

Прашуваме каква е улогата на Груевски во оваа зделка? И на малите деца им е јасно дека позади ваквиот договор се кријат политички интереси кои многу брзо ќе излезат на виделина.

Понатаму, свесен ли е Мицкоски дека влегува во екскурзија што сериозно може да ја загрози нашата соработка со меѓународните финансиски институции како Светска Банка и Меѓународен Монетарен Фонд?

Понатаму, зошто Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја лажат јавноста дека ова е најповолен кредит кој може да го добие стопанството? Зошто не каже дека во моментов државата е корисник на кредит од 150 милиони евра од Европската банка за развој по подобри услови, односно каматна стапка од 1,6% со грејс период од 24 месеци и рок на отплата од 12 години и дополнителни 100 милиони со 3,5?

Овој кредит е далеку поповолен од овој од Будимпешта. Зошто без никакви други обиди преку контролирани механизми на задолжување од меѓународни финансиски организации сака да земе кредит во четри очи?

Понатаму, зошто ја лажеа јавноста тој и министерката за финансии Кочовска дека кредитот ќе биде со камата под 3%, како тоа таа дојде до 3,25%? Што се крие зад покачувањето на каматната стапка?

Понатаму, дали најавата на министерката за финансии дека овие средства ќе се користат за капитални инвестиции, а имајќи предвид дека патот Кичево-Охрид може да се финансира само со кинески средства, овие пари всушност не доаѓаат од Кина?

Новата Влада има обврска да и одговори на јавноста каде се 500 милиони, кои недостасуваат за ветената 1 милијарда евра? Дали можеби Груевски му ги држи на Мицкоски резервирани како гаранција дека нема да го напушти зацртаниот курс? Граѓаните многу брзо се соочуваат со предизборните измами на ова ВМРО-ДПМНЕ кое докажува дека “волкот го менува крзното, но карактерот никогаш”!

Единствено што направи со овој потег Мицкоски е да ги коцка државните интереси со т.н. стратешки економски договор со егзил - чуварот на неговиот претходник, Никола Груевски, унгарскиот премиер Виктор Орбан. Дали е ова цената за чувањето под закрила на Груевски?

За крај целата оваа постапка ја најавува Мицкоски во услови кога нема ниту владина одлука ниту посебен закон зазадолжување во Собранието. Султанот Мицкоски во четири очи договара така како што му одговара и за ова еден ден ќе одговара тој самиот, се наведува во партиската реакција.

Карлеуша отвори нов профил на Инстаграм, но и тој е избришан

Карлеуша направи нов профил на Инстаграм, па и тој беше избришан, му се закани на претседателот на Еко гардата: „Ти дадов 24 часа“

Петицијата на иницијатива на групата „Еко Стража“ вроди со плод бидејќи профилот на Инстаграм на мегапопуларната српска пејачка Јелена Карлеуша, кој го следеа околу 2,4 милиони луѓе, беше затворен.

Контроверзната пејачка не ја поднесува лесно оваа одлука за затворање на нејзиниот профил.

На почетокот не беше веднаш јасно дали пејачката сама го избришала профилот или е укинат од платформата Мета, пренесува 24.sata.hr.

Еко Стража испрати соопштение во кое изјавија дека добиле потврда дека профилот навистина е отстранет и дека Карлеуша се обидела да отвори нови профили, но и дека се обидува да преземе некои фан профили за да може да комуницира преку нив. Во меѓувреме таа сепак успеа да отвори нов профил кој го нарече „Новиот профил на Јелена Карлеуша“, од кој потоа испрати заканувачка порака до групата Еко стража.

-Тоа што го направивте не беше само напад врз мене, туку и врз слободата на изразување и ќе ги сносите последиците за тоа. Ви дадов 24 часа да го прекинете ова однесување или лично ќе преземам чекори за да исчезне вашиот профил засекогаш. Не сте свесни со кого си играте. Можеби мислите дека сте моќни зад екранот, но јас имам повеќе ресурси, повеќе поддршка и, верувајте ми, повеќе истрајност отколку што можете да замислите. Со затворањето на мојот профил не ме спречи, ја разбуди лавицата. Ова е твоето последно предупредување. Добро размислете за вашите постапки бидејќи времето ви истекува, 24 часа – му порача Карлеуша на претседателот на Еко гард, Бојан Симишиќ.

Еко Стража ја објави преписката на својот Х профил, а набргу по заканувачката порака новиот профил на Карлеуша беше избришан.

Почнаа ли системските реформи во правосудството, ЕУ интеграции, дел од вечерашните теми

Сотир Костов и Љубиша Николовски, гости во „Само Вистина”

Сотир Костов:

- Овој Обвинител направи нешто ненаправено до сега, обвини двајца колеги без аргументи и ги оцрни и суспендира Хајрулахи, па Цветановски.

- Обвинителството нема резултати, треба промени.

- Кривични пријави за фирми од Струмица се даваат на Обвинители од Струмица. Зошто е така - за да се заташкаат.

Љубиша Николовски:

- Не е страшно да се смени Обвинителот, но назначувањето.

- Полицијата секогаш е иницијатор за на суд да не паѓаат случаите оти остануваат нејасни работите.

- Ако веќе сме се кадисале да следиме чекори и нечие искуство, сме го прифатиле аки-то на Европа, треба да го почитуваме и чекор по чекор да реализираме.

СДСМ ќе избира претседател на 16 март, најавува и пакет решенија за подобар животен стандард

- СДСМ ќе избира претседател на 16 март и ќе понуди пакет решенија за подобар животен стандард, одлучи партискиот Централен одбор (ЦО).

ЦО на седницата што се одржа попладнево избра нов состав на Централната изборна комисија и го усвои Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател на партијата. Го одобри и планот за интензивни теренски активности кои ќе почнат овој месец, на средби со членовите и граѓаните ширум земјата. Паралелно, како што информира СДСМ, ќе течат и подготовките за локалните избори оваа година.

-Согласно Статутарните одредби, Централниот одбор донесе Одлука за распишување на директни внатрепартиски избори за избор на Претседател на СДСМ кои ќе се одржат на 16 март 2025 година. СДСМ е единствената партија во земјата во која членството бира претседател на дирекрни внатрепартиски избори што говори за демократскиот капацитет и на партијата и на членовите, наведува СДСМ.

Централниот одбор оценил дека со погрешните политики на актуелната власт животниот стандард на граѓаните се влошува.

-Граѓаните имаат се помалку пари додека платите стагнираат. Власта покажува голема неспособност, нема одговор за покачувањето на цените, за осум месеци не понуди ниту една успешна економска мерка додека во здравството се случува хаос и недостаток на лекови, образованието уназадува и генерално земјата се движи во погрешна насока. СДСМ останува посветена на борбата за подобар животен стандард. Како одговорна партија СДСМ ќе понуди пакет на законски решенија за заштита и подобрување на животниот стандард на граѓаните, информира СДСМ.

притисни ентер